Не им верувајте на тие кои во име на слободата сакаат да ве поробат уште еднаш

Не им верувајте на тие кои ве повикуваат да се борете против злото кое според Мирослав Грчев – гнасна сороспија – го има името Никола Груевски, за да не продолжете уште посмело да се борете против злото туку да се предадете на помало зло кое исто така – за волја на вистината – има име: Заев-Шеќеринска.

Поголема злоупотреба на џебот на народот од данокот на додадена вредност* која го зема владата нема (!) така што овие што се собрале навидум во одбрана на хуманизмот се обични лицемери – несвесни вагабонди и можеби неплатени агенти – бидејќи и тие поддржуваат влада која ја прави истата злоупотреба.

*Германскиот термин за такви даноци Mehrwertsteur се преведува како „данок на вишок вредност“, концизирајќи многу добро која е неговата економска функција од гледиштето на марксизмот.

Во одговор на текстот „Автоимуна болест на општеството“ од Мирослав Грчев

Мирослав Грчев е криминален лажго и прикриен „аристократ“ (анти-демократ) на кого – и на тие како него – треба да му се потсечат ушите за да народот го препознава на дневно светло. Еве што излажа Мирослав битангата:

„Во Македонија демократијата е во потполност укината, има веќе долги години, и тоа по пат на партизирање и окупирање на демократските институции и нивна субординација под еден единствен авторитарен центар на моќта.“

Демократијата во Македонија е во состојба на укинатост уште пред 2006 година. Каква е таа демократија во која обичните граѓани може само да гласаат за изборни претставници но не можат да станат кандидати?!

Според него, „авторитарниот режим“ на Груевски „ги фалсификува изборите“, но и пред 2006 година обичните граѓани имаа во раце само гласачко ливче со изборни кандидати но не можea да се натпреваруваат за гласови на разумен терен?! Дали тоа можеше да се нарече „слободни и фер избори“?!

Ако денес „институциите на системот во Македонија се активните инструменти на авторитарната власт … за манипулација и кретенизација на населението“, дали пред 2006 година обичните граѓани освен затекнатиот избор на извори за информирање можеа да создаваат за јавноста нови извори на информации?! Каде тогаш беа алтернативните извори на информирање против манипулацијата и кретенизацијата на јавноста од страна на властите и олигархијата?!

Основно правило во логиката е кога има противречност било каде во една теорија, целата теорија е лажна. Во таа смисла, иако криминалното лажго Мирослав исправно ја наоѓа „болеста на општеството … како болест на институциите на Републиката: тие постојат номинално, но наместо како сервис на граѓаните, тие се сервис на партиската врхушка на ДПМНЕ“, лажејќи се себе не‘ убедува нас неинформираните дека „суштината на автоимуните болести се состои во дисфункција на имуниот систем, при што наместо да го брани организмот од туѓи тела, тој ги напаѓа и ги уништува сопствените здрави ткива и органи“, и се‘ што треба да се направи за да се одврати болеста на институциите е „да се дегруевизираат“ и со тоа да се „исчистат од својата изопачена недемократска содржина“. Напротив, само дерегулација на институциите од властите и нивно предавање во рацете на обичните граѓани преку случајна селекција ќе гарантира дека во иднина нема да се јави преку избори друга олигархија.

Погрешните сфаќања на Мирослав Грчев по однос на тоа што претставува демократија

фењрњф

 

Grcev-mala-3fewf

 

Grcev-mala-3ewfrw

Во одговор на текстот „Царот е гол, ама не е готов“ од Ивор Мицковски

Ivor-Mickovski-int91-3

 

А на друго место во својот весник „Пријател на Народот“ или L’Ami du Peuple на француски, Мара запишал: „Пратениците се родени слуги на богаташите, кои заслужуваат да бидат каменувани, бесени, живи спалувани, бодени и закопувани под чадливите рушевини на нивното собрание.“

За разлика од сороспијата Ивор Мицковски кој бара само промена на лицата на владејачките гарнитури, на богаташката аристократија (и затоа манипулира со терминот груевизмот кој е само последица на олигархијата а груевистите се само минливи лица на олигархијата), Мара имал оправдана па дури пророчка недоверба во самата нова форма на власта – републиканизмот, пишувајќи:

„…Во поглед на неморалноста и недостојноста на поддржувачите на стариот режим … сите се толку многу расположени да ги злоупотребуваат овластувањата кои им беа доверени. Со такви луѓе една федерална република бргу би дегенерирала во олигархија.“

Затоа Мара смета дека „само оние кои ја обработуваат земјата, кои работат како мали трговци, мајстори, занаетчии и надничари, простата толпа, како што тие се наречени од безобразните богаташи, можат да формираат слободен народ, нетрпеливи спрема угнетување и секогаш спремни да го отфрлат своето ропство.“

Навистина, демократијата значи владеење од страна на сиромашните, спротивно на пропагандата на Ивор Мицковски дека демократиите значат владеење од страна на мнозинството со посредство на свои претставници бирани на непосредни избори.

Демократијата не може да значи владеење од страна на мнозинството што се должи на фактот дека богатите се секаде малку, а сиромашните многубројни, а сепак суверената контрола над владата лежи во рацете на богатите и тие кои се родени во подобра материјална положба.
Во тој случај, овој народ, наместо како сугерира Ивор Мицковски – да има претставник кој „може“ да понуди поинаква политика, поинакво општество (!?) од груевизмот, би требал да ги примени следните револуционерни мерки за да ја укине самата причина на груевизмот: олигархијата, а тоа се:

1) Целата нација да гласа по електронски пат за битни прашања после гледање телевизиски дебати од страна на претставничко студио-собрание;
2) Да ги укине институциите на влада, премиер, претседател, министри, итн.;
3) Да го потпира својот суверенитет на народното собрание;
4) Да ги укине високите плати на бираните претставници;
5) Да ги бира членовите на народното собрание секоја година за да го сочува собранието како граѓанско тело и спречи формирање хиерархија на елитни политичари;
6) Да ја ограничи службата на членовите на собранието на максимални 2 години за да се спречи формирање на класа на професионални политичари одвоени од јавноста;
7) Да го бира составот на собранието по случајност, а не врз основа на партиски списоци.

Митот за помалото зло: Заев-Шеќеринска

Оригиналните убијци на слободите и правата на граѓаните разговарале за прашањето на слободите и правата на граѓаните-жртви на Груевски кои се и жртви на Шеќеринска чиј бел гускин врат е измислен за свиткување.

Партискиот другар ‘и Заев објави снимка како тоа Јанкуловска и Котевски кроеле план да го затскријат убиениот Нешковски но злонамерно заборави да ја потсети јавноста кој ги создал овие полициски единици. Како информира Ирена Цветковиќ на нејзиниот блог: „Алфите е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров.“

Од ова може да сфатиме дека и СДСМ и ДПМНЕ, сите тие делуваат во духот на минатото на претходната владејачка партија (!) за што Маркс вели: „Традицијата на сите мртви генерации го притиска како мора мозокот на живите. И заправо кога изгледа дека се ангажирани со тоа да себе и работите ги пресвртат, да створат нешто што сеуште не било, заправо во такви епохи на револуционерна криза тие бојажливо во своја служба ги повикуваат духовите на минатото, позајмуваат од нив имиња, борбени пароли, костими, да би, преоблечени во таа пречесна облека и со помош на тој позајмен јазик, извеле нов светскоисториски спектакл.“