Дали дебелината е социјалистичко прашање?

tim_illo2019

Неодамна ја разгледував одличната веб страница AfterNow која што ги проучува прашањата околу здравјето на населението и нивниот однос со типот на општество во кое ние живееме.

Во едно од видеата таму проф. Фил Хенлон ги опишува човечките суштества како дебелогени, кои имаат природен стремеж да конзумираат расположлива храна дури ако таа нè угојува.

Тој тврди дека оние од нашите предци кои не успеале да јадат она што било на располагање не би преживеале да произведат потомци, па врз класичната Дарвинска основа ние сме прилагодени да јадеме колку што можеме.

Ова било фино сè додека технологијата за производство на храна го достигна својот моментален развој. Во богатите земји денес значајно повеќе храна е произведено отколку што е потребно. Под овие околности она што еднаш било преживувачки карактер сега станува извор на патологија.

Ова е еден многу изразит момент, се поткопува идејата дека прејадувањето е скоро морален банкрот, идеологијата дека здравото јадење е работа на лична одговорност. Ако јадењето што е на располагање е програмирано во нашите гени, проповедувањето диетална одговорност е залудно колку што биле вековите на религиозни критики против блудта.

Во исто време се удира во верувањето дека сè е поради најдоброто во најдобриот од сите можни светови ако производството е предводено од потрошувачките претпочитувања изразени на пазарот.

Нашите претпочитувања изразуваат преживувачки карактери кои не се повеќе соодветни.

Како тогаш можеме да одговориме политички на растечките здравствени проблеми поставени од дебелоста?

Ако ги отфрлиме моралните предавања, што останува?

Планирано производство на храна. Можно е да се определи со висок степен на точност колку храна е потребна за да се одржи населението на здравствено хранливо ниво.

Да се произведува вишок од ова и ќе има здравствени проблеми кои се должат на угоеност, дијабетис итн. Да се произведува помалку и ќе има здравствени проблеми кои се должат на лошо хранење.

Земјоделството во ЕУ долго време било потчинето на политичка интервенција, но овие интервенции не биле насочени кон оптимизирање на исхраната на населението. Да се подиставиме натака би требало Комисијата да постави квоти за производството и увоз на јаглерохидрати, шеќери, протеини, заситени и незаситени масла, воспоставени од диеталните потреби на населението на ЕУ.

Би требало планирање во натура кој вид бил спроведуван во време на војна, но без потреба за рационализирање.

Рационализирањето било само неопходно бидејќи целото производство за време на војна било во недостиг од оптимални здравствени барања.

Денес би било непотребно да се вмешува непосредно со личниот потрошувачки избор на тој начин. Сè додека целиот проток од фармата до фабриката е контролиран, не би имало потреба да се посредува во деталните протоци од фабриката до потрошувачот преку супермаркетите.

Доколку би наишле на неуспех во однос на ова (претходно наведеното), продолжувањето на работата на пазарот на храна би значело „проколнување“ на следните генерации кон нездрава исхрана т.е. ослабено здравје.

Вилијам Пол Кокшот