Вирусот Зика и капитализмот: нивната љубовна врска

gettyimages-513671975_0

Како што вирусот се шири низ земјите во Јужна Америка, здравствените работници сѐ повеќе се загрижени за неговиот брз раст. Тие велат дека Соединетите Американски Држави би можеле да бидат силно погодени колку и 24 земји ширум светот во коишто вирусот се шири со крајно предупредувачка стапка. Тоа е вирусот Зика и за него нема лек.

Зика е вирус којшто се пренесува преку комарецот на жолтата треска (Aedes aegypti). Најпрво бил откриен во 1947 година од научници во Уганда кои ја проучувале жолтата треска. За време на истражувањето, тие забележале еден посебен мајмун кој боледувал од различен вид на треска и до 1952 година, тие одредиле дека се работи за вирусот Зика. Групата научници исто така открила дека вирусот се пренесува од комарци преку крвта. Сепак, сѐ до 2007 година немало големи изливи. Но, дури тогаш, иако имало околу 49 случаи на островот Јап, никој не умрел или дури не бил примен во болница.

Големи изливи започнале да се случуваат во Бразил во 2015 година. Наскоро потоа, вирусот почнал да се шири низ јужноамериканските и средноамериканските земји како Бразил, Боливија, Венецуела, Хаити, Барбадос, Девствените Острови, Хондурас и Мексико. Неодамна вирусот се проби исто така во Соединетите Американски Држави, но само од патници кои доаѓале гореспоменатите земји.

Со изливот дојде до ширење на треската Зика, којашто е слична на жолтата треска, западнонилскиот вирус и треската Денга. Зика предизвикува осипи и треска заедно со други симптоми вклучително конјунктивитис („розово око“) и артритис (воспаление на зглобови). Овие симптоми не траат многу долго, обично една седмица или помалку. Сепак, здравствените работници неодамна открија можна поврзаност помеѓу треската и микроцефалијата („ситноглавост“): опасно нервно развојно нарушување кај бебињата што резултира со мал, неразвиен мозок што води кон напади на болест, нарушувања на моторната функција и сериозни физиолошки последици на телото.

Само во последните два месеци, Бразил регистрира близу 5000 бебиња родени со микроцефалија предизвикана од Зика, од кои 51 умреле. Моментално не постои вакцина за да уништување на вирусот Зика, па здравствените работници советуваат да не се патува во земји каде што изливите се случиле. Некои здравствени работници дале радикални совети дека луѓето треба да ги одложат бременостите за следните две години додека научниците не најдат вакцина. Покрај тоа, здравствените работници прскале со пестициди во обид да ги контролираат популациите на комарци. Тие исто така побарале од јавноста да ја отстранат секоја застојана вода којашто ги привлекува комарците, посебно во кофи и вазни за цвеќе. Иако овие напори придонеле малку да се запре ширењето на вирусот, некои научници веруваат дека решението можеби лежи во генетски модифициран комарец.

Според CNN, една британска биотехнолошка компанија со име Oxitec создала мутиран комарец Aedes чија цел е да пренесе ген што го убива нејзиниот подмладок. Идејата е дека бидејќи секоја комарец женка се пари еднаш во нејзиниот живот, тоа ќе биде ефикасен начин да се забави растот на овие посебни популации на комарци. Овие генетски модифицирани комарци биле ослободени во Бразил во 2012 година и само три години подоцна таму започнале големите изливи на вирусот. Во 2015 година, повеќе од 1.5 милиони луѓе таму биле заразени. Веднаш истата година американската корпорација Intrexon ја купува Oxitec за 160 милиони долари.

Zika_virus4

Корпорацијата Intrexon сега може да печали стотици милиони долари од третманот на вирусот Зика. Напорите на корпорацијата во Бразил да воспостави производствена постројка за борба против комарецот Aedes Aegypti би можеле да се покажат како значаен катализатор за нејзините профити. Економистот Роб Бреза очекува оваа златна шанса за корпорацијата да биде околу 500 милиони долари годишно (!!), пресметано според моменталниот тренд на ширење на вирусот Зика низ различни земји. Златната шанса може да биде дури поголема ако се земат предвид другите вируси предизвикани од комарецот Aedes Aegypti. „Ние веруваме дека компанијата Oxitec во сопственост на корпорацијата Intrexon, би можела да заработи доход од 225 милиони долари во текот на следните неколку години за да помогне да го елиминира комарецот Aedes Aegypti“, вели Бреза.

Advertisements