Зошто Русија се однесува како монголска орда кон Украина?

Yuriy Pivovarov

Русија е наследник на Златната Орда. Јуриј Пивоваров, руски историчар, доктор на политички науки, професор, академик на катедрата за историја и филологија при Руската академија на науки, го рече ова за време на својот говор на Московскиот државен универзитет.

„Да, ние сме наследниците на Златната Орда. Да, Московски Рус, подоцна Петербуршки Рус, Советски Рус и денешната е наследник на Златната Орда, но исто така на Киевски Рус“, рече академикот.

{Денешните „Руси“ (со две „с“) всушност се поранешни Московити кои се разможувале со колонијалисти испратени таму од Киев, а подоцна биле владеани во текот на 250 години од страна на Монголи. Прочитај повеќе за Московитите или денешните Руси во текстот „Украина и Русија две братски нации?“.}

Академикот кога рекол дека Московитите или Русите се наследници на Златната Орда мислел на државниот систем којшто исклучува било каков „слаб обид“ кон демократија.

„Едно лице имало огромна моќ… Монголскиот тип на авторитет значи кога едно лице е сè, а другите се ништо“, рече доктор Пивоваров.

„Монголскиот тип на авторитет негира било каков договор, било каков собир, било каква соработка и усогласеност меѓу две страни. Монголскиот авторитет е исклучиво авторитет на насилството“, рече тој.

Според неговите зборови, руските цареви по своја волја го усвоиле овој модел на државен систем. Доктор Пивоваров истакна дека наспроти ослободувањето од Монголскиот јарем, културата на Златната Орда длабоко се вкоренила во државата Московија. „Генералштабот бил преселен во Кремлин“, ги цитираше тој зборовите на рускиот филозоф Ѓорѓи Федотов.

Доктор Пивоваров намерно ги именува Москва, Петерсбург, Советски Сојуз и денешна Русија како Рус за да ја одржи врската на неговата земја со Европа преку Киевски Рус. Сепак, Петерсбург и Москва биле населени од угро-фински племиња кои плаќале данок на Киевски Рус. Тие области биле колонизирани и вклучени во Киевски Рус само во 11 и 12 век. Вреди да се спомене дека кнежеството на Владимир Суздал го нападнало и запалило Киев, излегувајќи на таков начин од Киевски Рус. Во 1238 година кнежеството на Владимир Суздал било нападнато од Златната орда и станало нејзин вазал. Кнезовите на Владимир Суздал имале јарлик (декрет) од Златната орда што им дозволувал да собираат данок. Со поддршка на Монголите, тие нападнале неколку соседни земји. Во 1328 година Иван Калита го преселил главниот град на Владимир Суздал во Москва. Овој датум се смета за официјален датум кога се воспоставило Големото кнежество на Москва.

SsDxlUCMYB8

Advertisements