Раѓањето на Исус е фикција

1513296_575434262544166_1555448265_nЕвангелието на Матеј било напишано барем 80 години по раѓањето на Исус. Евангелието на Лука било напишано барем 85 години по раѓањето на Исус. Ве молам одговорете, како Матеј или Лука знаел што да каже? Дали тоа било Светиот дух? Тогаш, зошто приказната на Матеј е целосно различна од приказната на Лука?

Матеј: Исус се роди за време на владеењето на Ирод Велики кој умре во 4 век пред нашата ера.

Лука: Исус се роди откако Квириније го воведе данокот (6 век наша ера) за кој издаде наредба Октавијан Август.

Матеј: 3 мудреци од Истокот донесоа подароци.

Лука: Овчари се задржаа на полето, немаше подароци.

Матеј: Ѕвезда ги води мудреците до куќата во која Исус се роди.

Лука: Ангел Господов им го покажува на овчарите градот на Давид, каде Исус е роден во седло.

Матеј: Јосиф и Марија веќе се во Витлеем, потоа се роди Исус.

Лука: Јосиф мора да се врати во неговата предска родина за да биде оданочен.

Матеј: Кралот Ирод наредува дека сите деца кои имаат 2 години и под оваа возраст кои живеат во Витлеем и на сето крајбрежје да бидат убиени.

Лука: Не е спомнат кралот Ирод или масовно убиство на деца.

Матеј: Веднаш по раѓањето, Јосиф, Марија и Исус го напуштаат Египет за да ја избегнат наредбата на кралот Ирод.

Лука: Додека сè уште се во Витлеем, Исус е обрежан 8 дена по неговото раѓање, а после обрежувањето Марија поминува 8 дена „прочистена“ и две прлици се пожртвувани, според Законот претставен од Мојсеј. Потоа, барем 16 дена по раѓањето на Исус, сите тие заминуваат во Назарет.

Која од овие две приказни е точна? Ниту една. Секоја од нив опишува настан кој не се случил!

1.Ирод не убивал масовно деца под 2 години.

2.Октавијан Август не побарал секој во Римската Империја да се врати во предската родина (кое ниво на предок?) за да биде оданочен.

И двата настани се буквално измислици ставени во приказната за да му овозможат на авторот да додаде исполнување на пророштвото.

И двата ја содржат приказната за девствено раѓање. Ако бирате да верувате во девственото раѓање на Исус тогаш вие сигурно исто така верувате во девственото раѓање на Ра, Ѕевс, Заратустра, ad infinitum? Древните народи кои верувале во девствените раѓања на своите богови верувале силно колку и христијаните денес. Зошто тие грешеле а христијаните се во право?

Се разбира дека постои веројатност два различни известувачи кои известуваат за исти настани да би избрале различни детали или кои минорни аспекти да би ги истакнале. Но, овде не се работи за тоа. Не се работи за тоа да се кажат слични приказни со само неколку различни детали или истакнати моменти. Тие раскажуваат целосно различни приказни. Еден од авторите не ја кажува вистината. Ние мислиме дека ниту еден не ја кажува вистината. Веќе е јасно дека авторите не биле советувани од Светиот дух поради двете различни приказни. ЕДИНСТВЕНИТЕ преклопувачки детали се ангелската објава до Марија и она што се случило во Витлеем, што било потребно да се задоволи Михеј 5:2, што е често толкувано од христијаните како пророкување за Исус.

Приказната за раѓањето на Исус содржи потврдливи неточности

1)Немало римски данок наметнат од Октавијан Август. Историчарите со пристап до римските записи од тие времиња не можат да најдат ништо што се однесува до данок, а не пак данок кој барал сите луѓе да се вратат „во својот град“. Како секој човек ќе знаел во кој град неговиот најстар предок живеел? Ова е измислен настан за да се добие Исус кој се родил во Витлеем за да се исполни пророштвото од Стариот Завет. Уште еднаш обид да се поврзе Исус со „домот на Давид“.

2)Не се случило масовно убиство на бебиња под возраст од две години за време на владеењето на Ирод. (Матеј 2:16). Не постои друг надворешен историски извор, еврејски или друг, да го потврди она што би било ужасен холокауст. Јосиф Флавије, кој го документирал детално животот на Ирод, не го спомнал воопшто овој монументален настан.

3)Многу академици мислат дека водечката ѕвезда е буквална измислица на авторот на Евангелието на Матеј, уште еднаш, за да се исполни старозаветното пророштво (Броеви 24:17). Се разбира, тоа е буквална измислица. Дали некогаш сте се обиделе да следите ѕвезда во движење од 12 милји? Вие не го можете тоа. Која ѕвезда е над вашата куќа точно сега? Како тие ја следеле ѕвездата денско време? Луѓето од времето на Матеј, сепак, верувале дека ѕвездите се мали точки на светлина.

4)Верниците го слават раѓањето на Исус на 25-ти декември, но ниту еден библиски образован човек не верува дека Исус се родил на тој датум. Датумот 25-ти декември бил избран за да се совпадне со и да им конкурира на паганските фестивали кои го славеле почетокот на подолгите денови.

5)Исус не бил роден од девица. Постоеле/постојат бројни прикаски за девствени раѓања, но факт е дека, без вештачко оплодување, никој не се родил од девица.

Исус од Назарет роден во Витлеем?

Забележете го лукавството на двата автори за да го конструираат Исус од Назарет роден во Витлеем. Зошто тој не е познат како Исус од Витлеем? Бидејќи Стариот завет содржи пророштво дека еврејскиот Месија ќе биде роден во Витлеем па Матеј и Лука го сместиле во Витлеем, еден по „наредба на кралот“, еден измислувајќи данок/попис.

Факт или фикција?

Според авторите на евангелијата, Исусовото служење траело или 1 или 3 години и се случило кога тој имал 30 години. Во најраното евангелие, тоа на Марко, Исус се појавува како возрасно лице.

„А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.“ Марко 1:9

Тоа е првото спомнување на Исус од страна на Марко. Не се споменува приказната за неговото раѓање макар што евангелието на Марко се појавило прво, пред тоа на Матеј, Лука и Јован. После десет до петнаесет години, прво Матеј, па Лука, кои сфатиле дека тие не можат да го создадат Исус од ништо, измислиле две одделни, недоследни, невозможни приказни за да го објаснат неговото раѓање. ПОТОА тие го игнорираат остатокот од неговиот живот сè додека тој не се појави како возрасен човек; точно како кај Марко. Кај Јован, Исус само се појавува од ништо, целосно пораснат Месија.

Согласноста е дека целата приказна за раѓањето е фикција измислена за да се даде позадинска приказна за Исус, некогаш сметан за Месија од неговите хипнотизирани следбеници.

Advertisements