Шарлатаните на ВМРО-ДПМНЕ: Каракамишева, Климовски и другите

akademik-16

Некој богат човек, се зборува, еднаш го запрашал научникот, од кои причини луѓето од науката често биле видувани во куќите на богатите, додека пак богатите ретко бидувале видени во куќа на научник. „Тоа е затоа што“ – одговара научникот – „луѓето од науката ја знаат вредноста на богатството, а богатите не ја знаат вредноста на науката“.

Саво Климовски, Тања Каракамишева и другите реферирани долу глумци и глумици, криминалци и маѓесници не ја ценат вредноста на науката и ја познаваат само вредноста на богатството и немаат време да се занимаваат со наука затоа што немаат научна совест и според тоа претпочитаат да собираат „донации“ и да бидат вазали на политиката на актуелната власт.

Има трудови кои се користат како учебници по уставно право на Правниот факултет во Скопје, но тие немаат особено значење за уставното право како наука. Тие се напишани од поголем број наведени и ненаведени автори, без усогласеност на текстовите и на терминологијата. Во нив има погрешни податоци, конфузни поими и непрецизни термини.

Наведената оцена се однесува на делото „Конгломерат“, т.е. „Уставен и политички систем“, Скопје, 1997 година, потпишано од Саво Климовски. Критички забелешки за ова дело се изложени од Марика Ристовска, „Колективен труд – со еден автор?!“, Аналита форум, 1998, стр. 207-212, и од Светомир Шкариќ, „Современите трендови во уставното право“, Јавно и приватно право, Правен факултет, Скопје, 1998, стр. 75-91.

Наведените оцени важат и за колективниот труд, потпишан од Саво Климовски, „Уставно право и политички систем“ (Просветно дело, Скопје, 2003). Во овој труд се содржани два учебника: Уставно право (книга прва) и Политички систем (книга втора).

Учебникот Уставно право (книга прва) ги има, во основа, истите недостатоци како и учебникот Уставно право – основи (книга втора), содржан во колективниот труд Уставен и политички систем од 1997 година. И во овој учебник Саво Климовски фигурира како автор на текстовите, претходно објавени во средношколскиот учебник „Уставно уредување на Република Македонија“ (Просветно дело, Скопје, 2003). Овој учебник служи за полагање приемен испит по предметот Уставно уредување на Република Македонија на Правниот факултет во Скопје.

Учебникот „Уставно право“ е на ниско научно и педагошко ниво и поради учеството на авторите Тања Каракамишева и Рената Тренеска. Тие имаат просечни оцени по предметот уставно право на редовни студии, не полагале уставно право на последипломски студии и одделни предмети на овие студии ги полагале пред ненадлежна испитна комисија.

Ниското ниво е резултат и на некомпетентноста на рецензентите за уставната материја. Учебникот е рецензиран од Миодраг Мицајков, редовен професор по предметот Вовед во правото и Симеон Гелевски, редовен професор по предметот Управно право на Правниот факултет во Скопје.

Шкариќ – Захов
Дојран, 19.07.2014