Автори на блогот (галерија)

IMG_9475

13651991_308946649453691_1873781375_n

Томислав Захов e роден на 26.10.1988 година во Гевгелија. Струмичанец по мајка, дојранчанец по татко. Живее и работи во Штип, каде што ги завршува додипломските и постдипломските студии на Факултетот за природни и технички науки на државниот универзитет „Гоце Делчев“. Основно училиште завршува во родното место, а гимназија во „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија. Од тој период потекнуваат и најголем број од социјално ангажираните творби во првоиздадената стихозбирка на Захов. Осведочен борец е против стереотипите. Се интересира за историја, филозофија и социологија. Ја обожава литературата, особено делата на Толстој, Казанѕакис, Ремарк и други. За судбинска ја смета средбата со својот пријател Лазар Гогов, истомисленик и поддржувач на марксизмот, со кого заедно го отвориле „фронтот“ на македонското блогерство против капиталистите, квазисоцијалистите и опортунистичките социјалдемократи, со блогот „L’Ami du Peuplе“, http://www.narodenprijatel.wordpress.com Приврзаник е на идејата за укинување на политичките партии и нивно заменување со неоатинска непосредна демократија во рационална размена со природата, за кои верува дека се единствени мостови кон среќата на секој народ. Во јуни 2009 година, за првоиздадената стихозбирка „Тешка љубовна поезија“, на Захов му беше доделена наградата „Кочо Рацин“ на Фондација „Рамковски“.

Томислав Захов е модерен мисловен поет, кој со витешки манири го жигосува погубниот морализам во општеството, кризата на авторитети, неспособноста да се решаваат општествените проблеми.

Захов не се обременува да измислува, туку само да открива; што не ризикува да создава нови метафори, туку да ги покажува вистинските – оние кои постојат меѓу две слики, оние кои можеби отсекогаш и постоеле – ја потврдува Борхесовата дефиниција дека поетската слика што може да ја замисли само еден човек всушност не допира до никого. Само така може да се разбере определбата на Захов да се прогласи за противник на интелектуалниот аутизам, со што некои поети се обидуваат да држат аура на недопирливост, небаре тоа е само друг израз за интелектуално просветлување што го прават пишувајќи песни. Захов му објавува војна на декадентниот пасивизам и огнено протестира против искривоколчената вистина и дрската безочност.

Поетот Георги Барбаровски за авторот на „Тешка љубовна поезија“ (2009)

„Оваа песна /е мастило-бурјан/ што се крева/против ноќта/ на нашите умови!“ Вака пее поетот Захов, метафорички силно, прозодиски строго, естетски надмоќно. Зрела поезија изразена преку внимателно одбрана, моќно дејствена, експресивна лексика. Автор што навлегува длабоко во тајните на зборот и длаби во најсуптилните простори на душата…

Проф. Драги Михајловски за авторот на „Семантрон на темни потоци“ и „Heart in the blues“, објавени во „Излез“, бр.5, мај 2011.

  1. Тешка љубовна поезија, издавач Фондација Рамковски, Скопје, 2009 година.
  2. Митот за Сари-д-Пари, Филозофија, (Филозофско списание), година 10, број 32, стр.105-129, Скопје, септември 2011.
  3. Аргументи за антифилозофија (коавторски есеј со Лазар Гогов), издавачка куќа Lulu, 2012.
  4. Херсилија (коавторска новела со Владанка Џекова), издавачка куќа Lulu, 2012.
  5. Маки на сонот, (песна објавена во) Алманах на учесници на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар, стр.17, 2017.

Лазар Гогов

Контактирајте не‘ на: tomislav.zahov@yahoo.com

Следете не‘ на фејсбук: https://www.facebook.com/zahovistika

Наши поранешни веб адреси на блогот „L’Ami du Peuple“ се:

www.zahovistika.blog.com.mk (постови пишувани во периодот 2007-2009)

www.zahovistika2.blog.mk (постови пишувани во периодот 2010- 20 јули 2013)

IMG_9556

IMG_9514

IMG_9472

rota

IMG_9401

IMG_9616

IMG_20161111_190112

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s