Дарвиновите докази за еволуција

Потеклото на видовите убедила многу читатели дека еволуцијата се случува бидејќи Дарвин ги изложил аргументите за неа во деталност. Исто така, тој ги презентирал со огромен износ на варирачки видови на докази.

Дарвин изложил колосален диверзитет на живи битија. Тој ја опишал еднакво впечатливата варијација во рамките на еден вид, предизвикана од луѓе кои го контролираат размножувањето на кучиња, коњи, гулаби или говеда. Исто така, тој прозборил за бавното појавување – и исчезнување – на видови евидентирано од фосили во карпи.

Одлучувачкиот доказ дошол од блиски споредби. Споредувањето на фосили од различни периоди покажало етапна промена низ време. Споредувањето на телата и структурите на коските на различни живи видови покажало како тие биле сродни преку заеднички предок. Споредувањето на растечки зачетоци покажало како навидум различни видови изгледале многу послични кога тие биле во најраните фази на развој.

Исто така имало друга линија на докази, која му била драга на Дарвин бидејќи таа го потсетувала на нешта кои тој ги видел со свои очи на своите младешки патувања. Распределбата на видови на многу родови, во многу земји, одговарала на неговото ново гледиште на долгата историја на Земја и моќта на варијацијата да создаде бавни промени во живите форми.

Посебно важно овде бил животот на островите, како што е Галапагос Архипелагот. Видовите најдени во истиот тип на средина на континентот кои можеле да се развиваат на острови биле често отсутни – ова сугерирало дека видовите кои живеат на островите не биле создадени таму, но некако, во минатото, успеале да ги населат островите од копното.

Мадагаскарската ѕвездена орхидеја (Angraecum Sesquipedale) има нектарска цевка од 25-30 см. Дарвин претпоставил дека мора да постои опрашувачки молец со сурла доволно длга за да го достигне нектарот. Самрачницата била идентификувана преку 40 години после смртта на Дарвин.

Мадагаскарската ѕвездена орхидеја (Angraecum Sesquipedale) има нектарска цевка од 25-30 см. Дарвин претпоставил дека мора да постои опрашувачки молец со сурла доволно долга за да го достигне нектарот. Самрачницата била идентификувана преку 40 години после смртта на Дарвин.

Илустрација на Дарвиновата самрачница (Xanthopan morganii praedicta) која се храни од мадагаскарската ѕвездена орхидеја (Angraecum sesquipedale).

Илустрација на Дарвиновата самрачница (Xanthopan morganii praedicta) која се храни од мадагаскарската ѕвездена орхидеја (Angraecum sesquipedale).

Илустрација на вилица од мрзливец (Mylodon darwinii). Кога бил во Бразил, Дарвин открил фосил на мрзливец - кој изумрел пред околу 10 000 години.

Илустрација на вилица од мрзливец (Mylodon darwinii). Кога бил во Бразил, Дарвин открил фосил на мрзливец – кој изумрел пред околу 10 000 години.

Редок фосил на „диноптица“ (Archaeopteryx lithographica), досега најраната и најпримитивната форма на позната птица.  Во 1868 година, Томас Хаксли, поборникот на Дарвиновата теорија, бил првиот кој сугерирал дека птиците еволуирале од диносауруси.

Редок фосил на „диноптица“ (Archaeopteryx lithographica), досега најраната и најпримитивната форма на позната птица. Во 1868 година, Томас Хаксли, поборникот на Дарвиновата теорија, бил првиот кој сугерирал дека птиците еволуирале од диносауруси.

Кутии за апчиња кои содржат фосили собрани од Дарвин за време на неговите патувања на HMS Beagle.

Кутии за апчиња кои содржат фосили собрани од Дарвин за време на неговите патувања на HMS Beagle.

Нов начин на гледање

„Неколку класи на факти се потврдуваат толку јасно, што безбројни видови, родови и семејства на органски битија, со кои светот е населен, сите потекнуваат, секој во својата класа или група, од заеднички родители, и сите се измениле во текот на генеалогијата.“

Потеклото на видовите, глава 13.

Дарвин ја опишал Потеклото на видовите како „еден долг аргумент“. Аргументот бил во поддршка на идејата за род со модификација. Неговата блиска студија на начинот на кој изведувачите можат да менуваат видови – како што се гулабите – му помогнала да ја развие својата теорија и да ја поддржи со други докази добиени како од негови така и од испитувања на други луѓе.

Неговото искуство на патувањето со Beagle го охрабрило да ја разгледа распределбата на видовите – она што ние сега го нарекуваме биогеографија. Ова исто така било од интерес на Алфред Расел Валас, за време на неговите патувања како природнонаучник.

И Дарвин и Валас биле фасцинирани од островите. Некогаш островите биле толку далеку од континентот што одредени групи на вид биле целосно отсутни. На пример, океанските острови немале жаби, дождалци…

Дарвин убедувал:

„Разгледајте ги поблиску деталите и ќе видите дека флората и фауната на било кој посебен остров се поврзани со оние на најблискиот континент, но се незначително различни.“

Тој дури идентификувал однос помеѓу длабочината на морето меѓу островите населени со цицачи и степенот на сличност помеѓу видовите на различни острови.

Сето ова сугерирало дека варијациите во видовите зависеле од тоа колку време тие биле одделени. Колку подолго тие живееле одделно, толку поголема била можноста дека ќе се промениле на начини кои ги одвојуваат од заедничкиот предок.

Кон ова било додадено многу геолошки докази и документации, од проучувања на фосили и од природната историја. Сите биле проткаени во нов концепт: како да се препознаат во живиот свет трагите на неговата долга историја.