Зошто либералите ги мразат левичарите?

Посветено на Неџат Јовановиќ од Кавадарци

Либералите ги мразат левичарите. Мрази ги, мрази ги, мрази ги.

Се разбира, тие не го признаваат често тоа. Признавањето дека ги мразите оние од левицата барем колку што ги мразите оние од десницата, би предизвикало многу когнитивна дисонанца за оние кои мислат дека се левичари и значително ќе ги ослабат нивните аргументи.

Но, тие ги мразат. Либералите ги мразат левичарите, од повеќе причини.

Либералите ги мразат левичарите затоа што постои дијаметрална спротивставена разлика помеѓу капиталистички, империјалистички естаблишмент и идеологија која сака да го сруши тој естаблишмент и да го замени со мир и социјализам. Помеѓу вистинските левичари и естаблишментските либерали има повеќе разлика отколку помеѓу крајната десница и естаблишментските либерали. (Само погледнете го видеото од вечерата на Ал Смит за добротворни цели каде Трамп и Клинтон се веселат како добри пријатели.)

Либералите ги мразат левичарите затоа што психолошката непријатност позната како когнитивна дисонанца всушност боли, така што оние што ја провоцираат честопати може да се сметаат како причина за таа болка.

Либералите ги мразат левичарите затоа што целиот свој живот го поминале во градење и зајакнување на светоглед кој ги aфирмира војните, олигархијата и експлоатацијата, додека размислуваат за себеси како бранители на еднаквоста и разумот, па затоа кога некој ќе промовира идеологија која ќе ја истакне разликата помеѓу овие два погледи, когнитивната дисонанца што се појавува прави да се чувствуваат како да левичарите само што им удриле шлаканица.

Либералите ги мразат левичарите затоа што иако двете групи имаат намера да ја поддржуваат работничката класа и другите угнетени, само една од нив реално ја поддржува.

Либералите ги мразат левичарите од истата причина кога некој кој раскажува лажна приказна за да се истакне себеси како важен на некоја забава, би го мразел тој што го фатил во една од неговите лаги пред сите присутни.

Либералите ги мразат левичарите затоа што левичарите се постојан потсетник дека либералите не се она што тие се преправаат дека се.

Либералите ги мразат левичарите од истата причина кога вие би мразеле некој што постојано вика „Сето ова е лажно! Тоа се актери!“ во театар: тие ја нарушуваат пријатната илузија, во која либералите се обидуваат да уживаат во врска со негативците против кои се борат херојски протагонисти.

Либералите ги мразат левичарите од истата причина кога некоја сопруга која е известена дека нејзиниот сопруг ја изневерува, честопати го истура својот гнев врз лицето кое ѝ го ставила тоа на знаење: тие им го отежнаа верувањето во заблудата дека нивниот модел работи добро.

Либералите ги мразат левичарите затоа што еден светоглед заснован на лаги неминовно ќе се спротивставува на светогледот заснован на вистината.

Либералите ги мразат левичарите затоа што имате чувство како да вашиот светоглед е дел од тоа што сте, така што луѓето што ги разоткриваат лицемерието, неефикасноста, нелегитимноста и невистинитоста на вашиот светоглед честопати ќе бидат перципирани како да ве напаѓаат вас лично.

Либералите ги мразат левичарите затоа што се опкружени со екрани кои секој ден им кажуваат дека нивната идеологија е единствената правилна позиција, тогаш оние луѓе кои ќе укажат на недостатоците во нивната идеологија ќе бидат сфатени не како поединци со кои не се согласуваат, туку како лажговци.

Либералите ги мразат левичарите затоа што биле обучени од масовните медиуми во последните неколку години да гледаат на секое несогласување со империјалистичкиот консензус на Вашингтон за надворешна политика како руско и затоа злобно.

Либералите ги мразат левичарите затоа што промената е застрашувачка, а пристрасноста кон статус квото е нешто.

Либералите ги мразат левичарите затоа што ако левичарите се во право, тогаш греши секој што ги научил на сè што знаат во животот.

Либералите ги мразат левичарите затоа што тоа е полесно отколку да го урнете целиот свој поглед на светот и да го обновите парче по парче од перспектива дека сè што ви е кажано за светот и начинот на кој тој работи е лага.

Либералите ги мразат левичарите затоа што, и покрај приказните во кои тие веруваат за себе, либералите се противат на сè што левичарите се залагаат во секоја смисла.

Колку пореални се левичарите во врска со ова, толку поефикасни ќе бидат.

Кејтлин Џонстон