Митови и факти околу легализацијата на марихуаната

Аргументи ПРОТИВ легализација на марихуаната

Мит 1: Легализација на марихуаната заради лично поседување.

Факт 1: Личното поседување и конзумирање на марихуана е штетно за другите (неконзументи).

Националниот институт за здравје вели дека 1 на секои 6 адолесценти кои пробуваат дрога ќе развијат зависност. Научниците знаат дека просечната јачина на денешната марихуана е околу пет до шест пати поголема од таа што била во 1960-тите и 1970-тите години. Поради овој факт, во 2008 година имало 400 000 посети на ургентни клиники како резултат на акутни психотични епизоди и автомобилски несреќи поврзани со козумирањето на марихуана. Според Британскиот медицински весник, труењето со марихуана го удвојува ризикот од автомобилска несреќа кај конзументот. Едно истражување во Тенеси открива дека 33 проценти од сите субјекти кои не биле под влијание на алкохол и кои биле тестирани за дроги при нивното апсење, биле позитивни на тестот за марихуана.

Мит 2: Оданочениот профит од легализираната продажба на марихуана ќе донесе огромен финансиски бенефит за државата.

Факт 2: Всушност, легализацијата ќе ја чини државата, односно општеството.

За секој 1 долар на државен приход од даноци на алкохол и тутун, САД трошат повеќе од 10 долари за социјални трошоци. Во 2005 година, за секој собран 1 долар од даночење алкохол и тутун, скоро 14 долари биле потрошени да се компензираат огромните социјални штети предизвикани од нивното конзумирање. Легализацијата ќе придонесе до зголемена употреба и зголемена социјална штета.

Мит 3: Легализираната марихуана како медикамент ќе помогне на болните од канцер, ТХК[1] ќе го намали развојот на тумороидните клетки…

Факт 3: Марихуаната како медикамент е легализирана.

Таблетата Маринол заснована на активна состојка на марихуана е во продажба на американскиот фармацевтски пазар од 1985 година. Скоро дваесетина држави одобриле орален спреј кој содржи екстракт на марихуана. Спрејот Сативекс произведен во Британија содржи ниво на состојки кои ретко се наоѓаат во марихуаната која се продава на црниот пазар и ја докажал својата ефективност за олеснување на болките од канцер и мускулна спастичност. Сепак, за марихуаната како комерцијален производ никогаш не било докажано дека е медицински корисна туку фактички е многу поверојатно да наштети на здравјето на конзументот и другите во негова непосредност. Медицинскиот институт (IOM) заклучил дека конзумирачката марихуана не е препорачлива за долгорочна медицинска употреба: „Марихуаната не е современ медикамент“.

Мит 4: Холандската влада ја декриминализираше марихуаната.

Факт 4: Владата повеќе не им дозволува на странците да купуваат марихуана.

Новото законодавство (2012) ја ограничува продажбата на марихуана за жителите на Холандија и им забранува на туристите да ја купуваат оваа дрога во кафеаните кои се познати за продавањето на дрогата. Официјално, поседувањето и продавањето на марихуана во Холандија е незаконско под политиката на толеранција според која поседувањето на максимален износ од пет грама за лична употреба не е кривично дело. Исто така, на кафеаните им е допуштено да поседуваат максимум 500 грама и да ги продаваат во количини до 5 грама за индивидуален купувач.

Мит 5: Марихуаната не создава зависност.

Факт 5: Конзумирањето на дрогава навистина води кон зависност.

Според Националниот мониторинг на користење наркотици, 4.3 милиони Американци биле класифицирани со зависност од или злоупотреба на марихуана. Таа бројка претставува 1.8 проценти од вкупното население на САД и 60.3 проценти од тие се класифицирани како лица кои злоупотребуваат или се зависни од лесни дроги. Корисниците кои се обидуваат да се откажат често имаат раздразливост, вознемиреност и отежнат сон. На психолошките тестови овие корисници исто така покажуваат зголемена агресивност, која приближно го достигнува својот максимум после една недела откога за последен пат тие ја конзумирале дрогата. Она што повеќе вознемирува е фактот дека конзумирањето на марихуана води кон зависност трипати повеќе меѓу адолесцентите отколку меѓу возрасните. Моментално 62 проценти од тинејџерите, кои посетуваат терапија за одвикнување, се зависни од марихуана.

Мит 6: Португалија дава успешен модел на легализација.

Факт 6: Португалија не ги легализира дрогите, вклучително марихуаната.

Во Португалија лице кое е фатено со мала количина на дроги се испраќа на тричлен панел, му се дава третман, се казнува парично или добива предупредување и се ослободува. Резултатите на оваа политика која е воведена од 2001 година не се позитивни. Службите за третман биле зголемени во исто време кога новата политика била воведена, а после една деценија има повеќе млади луѓе кои конзумираат марихуана. Според статистиката составена од Европскиот центар за мониторинг на дроги и зависност од дроги (EMCDDA) меѓу 2001-07, после декриминализацијата, повеќе луѓе конзумираат канабис, кокаин, амфетамини, екстази и ЛСД, а поради декриминализацијата во Португалија, во соседната Шпанија меѓу 2003-2008 конзумирањето на овие дроги опаднало.

марихуана од 12.4% до 17% 15-34 годишници
кокаин од 1.3% до 2.8% 15-34 годишници
хероин од 0.7% до 1.1% 15-64 годишници
екстази од 1.4% до 2.6% 15-34 годишници

[1] Делта-9-тетрахидроканабинол (ТХК) е главната активна состојка во марихуаната и хемикалија која делува врз мозокот да ги произведе последиците на дрогата.

Advertisements