Јасна Котеска и Солженицин го оговараат комунизмот како да се на акшамлак

17883497_665481523662681_2736978880834020080_n

Критика на Поговорот на Јасна Котеска кон македонското издание на Архипелагот Гулаг III од Александар Солженицин –

Јасна Котеска и Солженицин: „Гулаг: систем од затвори, логори, кампови и работнички колонии во кои милиони луѓе ги загубија своите животи.“, „главниот инструмент за политичката репресија“, „големо тело за човечка тортура од врвовите на советската бирократија“…[1]

Захов: Џејмс Харис, авторот на книгата „Големиот страв“ (2016), во својата статија „Едно ново истражување кое открива заблуди околу Јосиф Сталин и неговиот „Голем Терор““ за порталот „Бизнис Инсајдер“, го објаснува мотивот зад Теророт. Според него, насилството од доцните 1930-ти години било мотивирано од страв. Повеќето болшевици, меѓу нив и Сталин, верувале дека револуциите од 1789, 1848 и 1871 не успеале бидејќи нивните водачи не ја предвиделе соодветно свирепоста на контрареволуционерната реакција од стариот режим. Тие биле одлучни да не ја направат истата грешка.

Па, затоа тие создале разузнавачки системи за собирање информации во врска со надворешните и внатрешните закани по нивната револуција. Но, тие системи биле далеку од соврешни. Тие ги перцепцирале закани како далеку посериозни отколку што било оправдано. На пример, болшевиците потрошиле многу од 1920-тите и 1930-тите години предвидувајќи инвазија од коалиции на непријателските капиталистички држави – коалиции коишто не постоеле. Други предвидени закани исто така биле преувеличени: заговорнички фракции, нелојални јавни службеници, диверзанти, саботери.

Многу од овие „закани“ биле производи на преамбициозните планови на Сталин. Тој барал 100 процентно исполнување на производствените цели коишто не можеле да бидат задоволени, па тој и неговите сопартијци во Кремљин погрешно ги толкувале исходените несогласувања, отпор и дефекти како докази за контрареволуционерно однесување.

До средината на 1930-тите години, издигнувањето на нацистите во Германија и милитаристите во Јапонија, обете агресивно антикомунистички насторени, претставувале многу вистинска закана за СССР. Војната тогаш била на видик, а Сталин чувствувал дека немал избор освен да преземе превентивни мерки против она што тој го сметал како потенцијална петта колона – група којашто би го предала поголемиот колектив.

Исходениот виор на насилство масивно го ослабнал СССР отколку што го зајакнал, но крајната победа на советските сили во Втората светска војна изгледа дека го оправдила Теророт. А, последователната Студена војна изгледа дека го оправдила гледиштето дека капиталистичкиот свет нема ништо да го спречи да ја поткопа моќта на СССР.

Што се однесува до инструментите за политичка репресија на капитализмот во Соединетите Американски Држави, 950 000 ученици се третирани со моќни дроги за контрола на умот заради „хиперактивност“ секоја година – со пропатни ефекти како губење тежина, забавување на раст и акутна психоза. Па, така, 37 000 000, или еден на секои шест Американци, редовно користат медицински дроги за контролирање на емоциите. Дилерите се докторите; снабдувачите се фармацевтските корпорации; профитите се импресивни. На 2 000 000 нехоспитализирани Американци им се даваат моќни дроги за ментално контролирање, понекогаш опишувани како „хемиски лудачки кошули“. 5000 Американци умираат од психоактивни третмани со дроги. 200 000 Американци се подложни на електрични шок третмани кои го повредуваат мозокот и нервниот систем. 600 до 1000 Американци се лоботомизирани, повеќето од нив се жени. 14 000+ Американци умираат од предозирање со законски пропишани дроги!

Јасна Котеска и Солженицин: „низ системот на гулазите помеѓу 1930 и 1960 официјално минале околу 14 милиони луѓе“, „помеѓу 1929 и 1953 година уште дополнителни 6 до 7 милиони луѓе биле депортирани“, „уште дополнителни 4 до 5 милиони затвореници биле осудени на пократки казни до три години.“, „Овие бројки собрани заедно … го даваат на показ жртвениот биланс на Советскиот Сојуз“. „Помеѓу 26 и 50 милиони луѓе минале низ гулазите; првата бројка се однесува на досега истражените години, а втората бројка ја спомнува Солжењицин во Архипелагот Гулаг за сите години од постоењето на колониите. Од овие 50 милиони луѓе, во гулазите животот го изгубија помеѓу 13 и 20 милиони луѓе!“

Захов: Сепак, овие милиони коишто ги споменуваат Јасна Котеска и Солженицин достигнале само до два милиони од близу 200 милиони народ кој го населувал Советскиот Сојуз.

Во Соединетите Американски Држави моментално 5 100 000 граѓани се зад решетки или на испитување или помилување; 2 700 000 од овие или се затворени во локални, државни или федерални затвори или под законско набљудување. Секоја недела 1600 повеќе луѓе одат во затвор отколку што се ослободуваат. Затвореничкото население се зголеми преку 200 проценти од 1980 година. Преку 40 проценти лица се затворани поради ненасилни прекршоци поврзани со наркотици. Сега, со само 5 пати повеќе популација од Италија, САД има 150 пати повеќе деца во притвор (UNICEF).

Број на затвореници во СССР

 

Јасна Котеска и Солженицин: „разни истражувачи, вклучувајќи го и Солжењицин, пишуваа за 8 до 12 милиони убиени во гулазите.“, „по отворањето на архивите на советските влади во 1989 година кога бројката на умрени по советските гулази од 12 милиони се искачи на околу 20 милиони жртви!“, „Солжењицин и останатите истражувачи кои со децении зборуваа за милиони жртви на гулазите, одеднаш добија потврда во архивските документи

Захов: Oд објавените документи од Советските архиви ние може да заклучиме дека помеѓу годините 1921-1953 од 4 308 487 мажи и жени кои биле кривично гонети, не повеќе од 815 639 осудени лица биле егзекутирани наспроти тврдењата од таквите како Солженицин, Јасна Котеска и Роберт Конквест кои безобразно тврдат дека милиони лица биле егзекутирани за време на владеењето на Сталин.[1]

Јасна Котеска и Солженицин: „Меѓу 1930 и 1940 во советските гулази, имено, само 20 отсто се политички затвореници – просечниот работник во советскиот гулаг бил колхозарот кој украл јаболка и бил прогласен за контрареволуционер.“

Захов: Ако секој кој украл јаболко од државен имот и за тоа бил осуден како контрареволуционер, не може – според глупата логика на Јасна Котеска – само 20 отсто да биле политички затвореници во советските гулази. Според историчарот Виктор Земсков кој бил и поранешен вработен во архивата на СССР го тврди следното: „Во 1937 година, имало 1 196 369 затвореници и 87% од нив биле обични неполитички криминалци како крадци итн., во ГУЛАГ. Во 1938 година во ГУЛАГ биле 1 881 570 затвореници и 81% од нив биле обични криминалци.

Јасна Котеска и Солженицин: „Смртноста во советските гулази до 1953 година била од 0.3 до 24 отсто (што значи дека во некои години умирале до 1/4 од сите затвореници), но во годините од Втората светска војна смртноста се искачува до 60 отсто, што значи дека од 1940 до 1945 смртноста и во нацистичките и во советските логори е идентична!“

Захов: Според историчарот Виктор Земсков, највисоката стапка на морталитет (за годините 1934-1947) била во 1942 година околу отпочнувањето на Втората светска војна кога 248 877 затвореници умреле. Бројката на смртни случаи драстично опаднала помеѓу 1942 и 1947.

Јасна Котеска и Солженицин: „Нацистичките и комунистичките логори историчарите денес ги третираат како „две стебла со ист корен“ … Како и нацистите, и комунистите оставија ужасно многу хартија зад своите најбесрамни злосторства.“

Захов: Концентрационите логори користени како воено безбедносно средство не биле советски изум, ниту нацистички изум. За време на јужноафриканската војна од 1901-2 година, Британците ги затварале цивилите во провинциите Трансваал и Ртот на Добрата Надеж во концентрациони логори за да ги спречат да се ангажираат во герилска војна или да им пружат помош на непријателските сили. Постојат и поодамнешни такви примери.

Комунизмот ќе ги укинел нацистичките логори и ќе ги спречел нацистичките инвазии доколку бил исечен коренот на нацизмот, а тоа е американската капиталистичка политика на „cash and carry“ одн. трговска соработка со нацистичка Германија и предавството на конформистичките капиталистички влади на западноевропските земји со коешто тие го осуетиле планот на Сталин да испрати милион трупи против Хитлерова Германија – Британија и Франција одбиле сојуз со СССР, надевајќи се дека Хитлер ќе го уништи комунизмот, така што тие 25 милиони жртви на нацизмот се префрлаат на конто на капитализмот. Сега, шу праиме? И да се негира судирот на класи, којшто го признаваат самите капиталистички автори како неизбежен, да се верува дека власт се одржува со подарување цвеќиња на класниот непријател, не само што е идиотство, но и можеби прикриена подмолна свесност за тој факт од твоја страна.

Јасна Котеска заборава да ги потсети своите читатели дека сите капиталистички држави потпишале пактови со Хитлер. Полска, Франција и Англија, сите овие капиталистички држави, потпишале спогодби со Хитлер, додека Сталин фактички бил последниот лидер кој го направил тоа. Во 1940 година, поранешниот норвешки министер за одбрана им помогнал на нацистите да ја соборат владата на Норвешка. Во 1940 година, Филип Петен, поранешен врховен командант ја водел нацистичката француска држава со главен град Виши. Леополд III ја предал Белгија на нацистите без борба. Шведска профитирала од нацистичкото злато одземено од Евреите кои биле убиени во Холокаустот. Идниот државен секретар на С.А.Д., Џон Фостер Далес и помогнал на шведската влада. Финска им се придружила на германските нацисти во 1941 година. Унгарија и Бугарија им се придружиле на нацистите без противење.

Јасна Котеска и Солженицин: „Архипелагот Гулаг … е моќен белетристички документ за молкот за една од поголемите жртвени идеологии на современото доба.“

Захов: Според Солженицин, неговата лична приказна се потпира врз извештаи, мемоари и писма. И не само тоа, голем дел од она што тој го напишал било од секундарни и терцијални извори. Всушност самата негова сопруга која му помогнала да ја напише книгата, има речено дека книгата е „страшни приказни за мали деца“ и дека таа била „вчудоневидена“ што книгава била уважувана од јавноста како „единствена, крајна вистина“ за ГУЛАГ.[2] И голем дел од оваа книга не може да се побие бидејќи некои од луѓето наспроти нивните позиции изгледа дека никогаш ниту постоеле.

Солженицин се почувствувал предаден и отуѓен од Советскиот Сојуз поради неговата воена служба. Во рамките на Црвената армија тој бил одликуван за капетан и со неколку медали. Исто така можно е тој да гаел про-белогардејски став. Ова е поради тоа што неговиот татко служел како офицер во армијата на царска Русија, но и поради тоа што Солженицин бил потомок на земјо-поседници, засегнати од експропорцијата по Октомвриската револуција. Неговата мајка го поддржувала царот откако татко му на Александар, Исаакиј Солженицин бил убиен во несреќен случај при лов, па така таа го одгледала на конзервативен начин, учејќи го да биде следбеник на Руската православна црква.

Јасна Котеска и Солженицин: „Гулазите се комунистичка практика“, „системот на гулазите не е само произлез на Сталиновата параноја, туку дека е во самиот корен на владеењето на комунистите.“

Захов: Руската империја и царот први го измислиле прогонството во Сибир како казна во нивниот судски систем, наречен Каторга, којшто имал карактеристики на робија со принуден труд: затвор со принуден труд, обично тешка, неквалификувана или полумануелна работа. Камповите Каторга биле основани во 17 век во ненаселени области на Сибири и далечниот исток на Русија, региони кои имале малку градови или земја за одгледување храна. После промената на рускиот кривичен закон во 1847 година, прогонството и каторга станале вообичаена казна за учесниците во национални востанија во Руската империја. Ова довело до зголемен број на Пољаци испратени во Сибир за каторга. Токму во овие времиња, Сибир го добил својот страшен синоним за казна, којшто бил уште засилен од советскиот систем ГУЛАГ.

Јасна Котеска и Солженицин: „Солжењицин го објаснува гулагот и како средство за политичко владеење, но и како извор на бесплатна (милионска) работна рака.“

Захов: Ленин, кој само ја оживеал традицијта на царската институција каторга (робија со принуден труд), применувал принуден труд како санкција: на 29 декември 1917 година, тој му телеграфирал на Антонов-Овсенк и му предложил петнаесет харковски капиталисти, кои одбиле да им плаќаат на своите вработени за работно време од осум часа, да бидат испратени во некој рудник на шест месеци принуден труд. … Всушност, сите телесно способни уапсени лица морале да извршуваат физичка работа, а нивното работно време, прекувременото работно време итн., се одвивале во согласност со одредбите од Правилникот за работа. Работата се плаќала според синдикалните прописи, а количината на рационализираната храна по глава била еднаква на количината којашто ја добивале слободните работници на слични работни места.

Кон крајот на 1920 година, НКВД имал под своја своја управа 84 логори за принуден труд распоредени низ 43 губернии и со 25 336 уапсени лица, покрај 24 400 заробеници од граѓанската војна. Овие бројки, особено оние кои се однесуваат на заробениците од граѓанската војна, се „изненадувачки“ ниски, констатира Џорџ Легит, авторот на книгата „Чека: Лениновата политичка полиција“. Солженицин сметал дека овие „изненадувачки“ ниски бројки се должат на советската пракса (за која независно говорат и други извори) {кои се тие други извори?! – заб. на Т.Захов} на празнење на затворите по пат на физичко, масовно уништување, но Солженицин не дал никаков веродостоен доказ за тоа!

Јасна Котеска и Солженицин: „Масовноста на злосторствата од времето на првите советски тајни служби, од времето на Ленин значи, денес се проценува главно според пописите на населението … од 1917-1920 популацијата само во европска Русија опаѓа за цели 6 милиони (5 проценти од населението), а соодветно статистичко исчезнување на населението има и во Украина, Белорусија и во кавкаскиот регион.“

Захов: Не може да се скријат десетици милиони егзекуции. Тие би имале долготрајна последица врз населението на СССР. Всушност, советското население брзо се зголемило во текот на сите години на советска власт освен годините за време на војната. Војната произвела огромен демографски дефицит од 40 милиони луѓе, пораснувајќи до околу 70 милиони до падот на СССР. Овој график го проектира населението во 1945 година од пописите од 1950-тите години каде е искористена стапката на раст од 1950-тите години и 1930-тите години, и го проектира понатака населението од 1941 год. Се разбира, имало огромна демографска загуба, но таа се случила од 1941 до 1945 и владата на Германија а не владата на СССР била одговорна за таа загуба. Фактичката демографска катастрофа во поранешниот СССР почнала во периодот на Горбачов и Јелцин со пораст на стапката на морталитет од 30% и дури поостар пад на наталитетот. Немало такво нешто под Хрушчов или Сталин за да се спореди со ова.

Официјалната стапка на морталитет во 1953 била 14 смртни случаи на 1000 луѓе. Животниот век се зголемил од 35 во 1949 до 65 во 1970-те години. Животниот стандард во СССР и Источна Европа потонал кога стопанството било денационализирано. Меѓутоа, животниот стандард растел многу брзо во текот на 1950-те и 1960-те години а потоа со скромна стапка. Про-пазарните реформатори тврделе дека ослободувањето од национализираната сопственост и распуштањето на Госплан ќе довело до огромен економски чекор напред, а всушност се случило обратното (Cockshott, Against Conrad). Индустријата колабирала и доживеала неискажани милиони прерани смртни случаи, што е обелоденето во статистиките на шокирачки пад на животниот век (Paul Cockshott, Against Hayek, 2007, Table 5.2). Очигледно „жртвите на комунизмот“ не се само „комунистички“. Голема заслуга во тоа има и капитализмот.

смртни случаи под капитализмот во русија

советско население

Јасна Котеска и Солженицин: „Во 1932 година Сталин ги опколува селата со политичка полиција, за селаните да не смеат да ги напуштаат колхозите, и тоа доведува до најголемиот комунистички геноцид во 20 век. Во 1932 и 1933 година од глад умираат над 11 милиони луѓе, главно во Украина и во Русија.“

Захов: Моментално во Соединетите Американски Држави 4 500 000+ деца, или повеќе од половина од 9 000 000 деца кои живеат на социјална помош, страдаат од неисхранетост. Многу од овие страдаат од оштетување на мозокот предизвикано од изгладнување во периодот на пред раѓање и во детството. 12 000 000 Американци од оние кои се наоѓаат на дното на сиромаштија страдаат од хронична глад и недоволно исхранување. Според Конгресниот центар за исхрана, во 1995 година помеѓу 20 и 30 милиони Американци страдале од глад. Исто така, С.А.Д. имаат највисока смртност на новороденчиња! Во оваа најразвиена капиталистичка „демократија“, на секои 7 минути се раѓа бебе со мала тежина. Во капиталистичка Ирска имало општа глад во годините 1845-49 со исход од 1 милион смртни случаи. Оркестрираната општа глад за време на британскиот колонијалистички капитализам во Индија 1876-79 и 1897-1902 одзела 29 милиони човечки животи. Оркестрираната општа глад во капиталистички С.А.Д. во годините 1932-33 убила 7 394 000 Американци.

Комунизмот ја воспоставува приватната сопственост на квалитативно повисоко ниво од капитализмот со таа разлика што тој не ги поистоветува средствата за производство кои не може да се приватизираат, со средствата за живот (храна, облека, стан и др.) кои се приватизираат – присвојуваат со труд (а не со пари). Бесмислено е буржуаското поистоветување на средствата за производство со средствата за потрошувачка во општествен смисол како стока. Замислете го идентификувањето на индустриска пекара која произведува за 1 или 2 милиона луѓе леб со векната леб. И која ја ,,приватизира‘‘ некој полуидиот затоа што има пари. Затоа нема оправдување за приватизирањето на средствата за производство.

Ако „во 1932 и 1933 год. во СССР умреле 11 милиони луѓе од глад“ во тоа време колку што е познато, во САД се уништувани огромни резерви жито со кои се ложени локомотивите и бродови наместо со јаглен. Тоа што кулаците (крупните земјопоседници) ги уништуваа своите залихи не овозможувајќи да преминат во рацете на задругите не е општ аргумент против земјоделската колективизација, туку тоа се случило поради посиромашната база на поддршка што ја имала комунистичката партија во руралната средина.

Според Никола Верт и Стефан Куртуа, коавторите на „Црната книга на комунизмот“, политичкиот избор на некои селани да даваат отпор да го предадат житото на државата не треба да се смета за кривично дело по себе против градското население. Тие зборуваат за земјата како да таа била само сопственост на селаните бидејќи тие живееле на неа. Кога селаните ја сведиле својата работа само на одгледување жито за себе што било спротивно на законот, Верт и Куртуа ги бранат. Верт отворено изјавува дека неговиот пристап кон овој проблем се заснова на непризнавање на советскиот закон. Тој изјавил дека „уништувањето на советскиот имот“ и други средства вклучително „спекулација“ не треба да се сметаат како кривични дела. Напротив, ние социјалистите радо би ги депортирале таквите нелојални украински ситно-буржујци како што тие биле депортирани од властите на Сталин и биле заменети со луѓе кои ќе направат нешто со плодната почва, бидејќи животите на луѓето биле во прашање и политичките игри играни од украинската ситно-буржоаска класа на почва со житарици како кривично дело против градското работничко население.

Од 1923 до 1928 имало слободен пазар на производството на жито. Во 1928 година количеството на жито кое било испратено во градовите да ги нахрани работниците опаднало до 4.8 милиони тони од 6.8 милиони во 1927 година. Оваа неспособност на слободниот пазар да ги задоволи потребите за исхрана на работничката класа го принудило Сталин да иницира колективизација на земјоделството. Пазарот веќе не успеал да го снабди градското население со храна, факт што е постојано превидуван од страна на квазиисторичари како Јасна Котеска, Солженицин. Неуспехот на капитализмот е игнориран, само социјалистичката реакција на капиталистичката катастрофа е спомната. Интегритет, логичка доследност и чесност не се скрупули на ситно-буржујката Јасна Котеска.

Во 1929 година, повеќе од 3200 советски јавни службеници настрадале од терористички напади. 1300 бунтови се прошириле низ руралните средини во годините 1928-9. Ова е показател за класна војна којашто се водела во тоа време. Буржоаските медиуми како „Вилиџ Војс“ од 12 јануари 1988 веќе ја размонтирала идејата дека имало општа глад во Украина. Роберт Конквест кој истражувал за наводната општа глад во Украина, ги собирал сите свои „информации“ од нацистички соработници. Изворите и измислените бројки биле толку лажни што „Вилиџ Војс“ ја дефинирал општата глад како „измама“.

Јасна Котеска и Солженицин: „секојдневно на Сталиновата работна маса се наоѓале листи со над 40.000 партијци за ликвидација“

Захов: Стварно мислиш Сталин имал време и волја да чита и потпишува секојдневно листи со над 40 000 имиња?! Мора да се шегуваш или да си вистински идиот/идеолошки спепец да поверуваш во тоа. Дефинитивно си ненормална.

Џејмс Харис, авторот на книгата „Големиот страв“ (2016), во својата статија „Eдно ново истражување кое открива заблуди околу Јосиф Сталин и неговиот „Голем Терор““ за порталот „Бизнис Инсајдер“, објаснува дека кога приватните документи на Сталин биле објавени во 2000 година, историчарите првично очекувале да видат разлика меѓу нив и јавниот углед на Сталин како верен следбеник на Ленин и бранител на Револуцијата. Но, немало таква разлика. И во јавноста и во приватноста, Сталин бил посветен во изградбата на социјалистичко општество, а не на изградба на лична диктатура.

Јасна Котеска и Солженицин: „Комунизмот е најголемата жртвена идеологија на 20 век. Таа уби повеќе луѓе од која било друга идеологија во 20 век. Нацизмот уби околу 25 милиони луѓе, а комунизмот околу 100 милиони. Од тоа, во Кина 72 милиони, во Советскиот Сојуз 20 милиони, во Камбоџа 2.3 милиони, во Северна Кореја 2 милиони, во Африка 1.7 милиони, во Виетнам 1 милион, во Источна Европа (Албанија, Бугарија, ДДР, Југославија, Полска, Романија, Унгарија, Чехословачка) околу 1 милион, во Латинска Америка 150.000.“

Захов: За волја на вистината, капитализмот е најголемата жртвена идеологија на 20 век (види Livre noir du capitalisme, 1998). Да не зборуваме и за историскиот факт дека капитализмот го помагал нацизмот во борбата против комунизмот, така што американските корпорации (Стандард Ојл и Џенерал Моторс) им продавале на нацистите синтетичка нафта и камиони без чија поддршка нацистичката инвазија врз Полска ќе била доведена во прашање. Црниот биланс на жртви на капитализмот изнесува точно 230 049 929 луѓе, плус 25 милиони луѓе од жртвениот биланс на нацизмот којшто немал да има толкав размер без праксата на капитализмот во С.А.Д. на политиката на „cash and carry, па според тоа, конечната бројка на жртви на капитализмот би била 255 049 929 луѓе.

Јасна Котеска не ја бива за критичарка на комунизмот, таа си е типичен ситно-буржоаски сикофант и нема воопшто мозок за научно размислување. Таа кога го анализира советскиот комунизам и притоа тврди дека од глад тогаш и тогаш погинале 5 или 10 милиони луѓе заборава на фактот дека сиромаштијата под капитализмот убива луѓе оти немаат храна (таа мора да се купи со пари оти средствата за производство на таа храна е во малцински приватни раце), загадена животна средина и немање соодветна здравствена грижа. Таа тврди дека комунизмот убил околу 100 милиони луѓе, сепак, капитализмот УБИВА 100 милиони луѓе НА СЕКОИ 8 ДО 12 ГОДИНИ. Докази:

Според UNAIDS, епидемијата на СИДА одзела 2.8 милиони (помеѓу 2.4 и 3.3 милиони) животи во 2005 година од кои повеќе од половина милиони или 570 000 биле деца. 2.8 х 10 години = 28 милиони. СИДА е синдром кој може да се контролира тераписки но тоа зависи од платежната способност на инфицираните пациенти.

Капиталистичките законски сопственички односи овде доаѓаат во остар судир со потенцијалот на производствените сили. Наметнувањето на сопственичките односи станува проблематично. Производителите на евтини сродни дроги потенцијално им овозможуваат на болните од СИДА пристап до дроги кои им го продолжуваат животот а кои фармацевтските монополи би им ги одбиле. Основниот проблем за капитализмот сега е дека еволуцијата на технологијата се бори против приватната сопственост. Во минатото, сопственоста наследувана во физички предмети чие поседување е многу полесно да се контролира отколку сопственост на информации. Сепак, ако приватната сопственост над информациите не може да биде наметната, тогаш таа не носи приход а нејзиното производство е непрофитабилно.

Секоја година 15 милиони деца умираат од глад.[1] 15 милиони x 10 = 150 милиони луѓе.

Поради здравствени проблеми уште милиони и милиони.[2]

Факт е дека смртните случаи предизвикани од комунизмот се значително помали од масивниот црн биланс на жртви направен од капитализмот. Впрочем, постоењето на класите во современото општество не може да се негира, како што не може да се негира нивната меѓусебна борба, таа борба меѓу класите одамна пред Маркс ја објасниле капиталистичките историчари. Она што Маркс го докажа, а што Јасна Котеска не го побила е дека оваа класна борба неизбежно води кон организирање на диктатура на пролетаријатот во самоодбрана од капиталистичката класа, внатрешна и надворешна (за време на граѓанската војна советскиот комунизам бил нападнат од армии на 14 капиталистички држави, вклучително и домашните белогардејци!). Јасна Котеска не го побила фактот дека таа дефанзивна диктатура на пролетаријатот е само премин кон уништување на експлоатациските класи и кон социјализам односно бескласно општество.

Но, диктатурата на пролетаријатот има и своја историска оправданост како општествена самозаштита за одбрана од специјалната војна против СФРЈ. Јасна Котеска симултано запаѓа во противречност со тоа што ја прифаќа антифашистичката борба на физичко уништување на непријателот додека ја отфрла антикапиталистичката борба на физичко уништување на сите хибридни елементи на странска и внатрешна реакција коишто се служеле со најрационални видови на субверзија и терор во послевоена Југославија.[3] Овие помодарски „левичари“ односно либерали, како да заборавија на славната реченица од „Комунистичкиот манифест“ дека историјата на секое досегашно општество е историја на класните борби“, дека „буржоаските историчари одамна … го изложија историскиот развиток на таа борба меѓу класите“[4]. Јасна Котеска, неуспешната критичарка на советскиот комунизам, класно свесно или несвесно поради простодушност, го игнорира овој контекст на диктатурата на пролетаријатот.

Нормално, за модерните, либерални сфаќања, диктатурата на пролетаријатот е вчудоневидувачка фраза, но треба да се има на ум дека со истата анализа, ние сме биле едно време и сѐ уште сега живееме под диктатура на буржоазијата (живи докази се мартирите на слободата како Мумиа Абу-Џамал, Лин Стеварт и Челзи Менинг). Според Маркс и Енгелс, постоењето на која било влада подразбира диктатура на една општествена класа над друга. Според тоа, без да заобиколуваме со јазикот на политичката коректност, суштинското прашање е која класа е во доминирачка улога, а не класификацијата на авторитарност!!!

[1] Јасна Котеска: „Писателот што ја порази империјата на молкот (За Солженицин и Архипелагот Гулаг)“, поговор, Александар Солженицин, Архипелагот Гулаг III, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2013, стр. 627-651.

[2] Игор Пихалов, Обемот на репресираните под Сталин.

[3] (Автобиографија на сопругата на Солженицин) Sanya: My Life with Aleksandr Solzhenitsyn.

[4] http://library.thinkquest.org/C002291/high/present/stats.htm

[5] http://www.globalissues.org/issue/587/health-issues

[6] Иван Бабановски, Југославија како објект на специјалната војна, Млад Борец, Скопје, 1982 год.

[7] Маркс, Писмо до Вајдемаер, 1852 год.