Анти-работничката Данска на екс-министерот Тевдовски

Кризата на капитализмот од 2008 година значеше пад во сите аспекти на таканареченото социјално праведно општество во Данска. Многу од работните места што биле создадени изминативе 10 години се ниско платени, со многу неплатени прекувремени работни часови (познати како “часови на интерес”), краткорочни договори и несигурни работни распореди. Од оние кои се на работа, 876.000 (односно околу 31 проценти од вкупната работна сила) работат помалку од 37 часа / неделно, а 36 проценти работат дополнителни часови без надоместок. Овие типови на работни места, со несигурни услови, ќе бидат први што ќе бидат укинат кога ќе дојде нова криза. Овој пат, ситуацијата ќе се разликува од 2008 година, бидејќи условите за невработените се далеку полоши.

Прашање е само на време пред да почнеме да гледаме нужност за “добротворни здруженија кои се бават со распределба на прехранбени производи на кои им истекува рокот на траење”, како што беше случај во Германија и Велика Британија. Од 2008 до 2016 година, расположливиот доход меѓу десетте најсиромашни во Данска опадна. Исто така, постои зголемување на бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија, а според проценката од 2017 година бројот се искачи на 254.000 луѓе. Само во 2017 година, бројот на деца кои живеат во семејства со приход под границата на сиромаштија се зголеми за 12.000 на вкупно 64.500 деца. Додека сиромашните стануваат посиромашни, богатите, се разбира, стануваат побогати и расте нееднаквоста.

AwesomeScreenshot-6251089-pdf-2019-07-18-20-07-73

Извор на графикот: Andrea Vaona, Profit rate dynamics, income distribution, structural and technical change in Denmark, Finland and Italy, 2010.

Фреквенцијата на вработеност, статистиката која го опишува процентот на вработеност на населението, опадна во годините што следат по 2008 година и се’ уште е под претходното ниво. Заедно со ова, 743.000 работници се испуштени од работната сила без никаква продуктивна приврзаност кон општеството.

Иако стапката на вработеност се зголеми од 2013 година, таа не влијаеше на јавниот сектор: бројот на вработени по граѓанин е на најниско ниво од 1986 година, а работното време по граѓанин е на најниско ниво од 1980 година, ако се занемари 1996 година.

Меѓу јавните работници, голема стресна епидемија е во пораст и истата расте посилно секој ден. Инцидентите на медицински симптоми поврзани со стресот кај воспитувачите и старателите се зголемени за 50 проценти од 2012 година. Оваа тенденција е видлива во јавниот сектор. Секоја седма новообразована медицинска сестра (околу 14 проценти) страда од стрес во првите три години од дипломирањето. Со повеќе кратења, овие бројки само ќе се зголемат.

Мораме да очекуваме дека големите напади кои го погодија јавниот сектор од година во година, ќе се прошират во приватниот сектор со доаѓањето на нова криза. Ова ќе ја влоши класната борба, со квалитативна промена од она што го видовме во последниот период.

Заклучок: Вистинските левичари не се крстат на прогресивен данок на добивка, богатство, наследство и недвижности. Бидејќи газдите можат да ги продаваат стоките за поголема вредност отколку што исплатуваат во плати за работниците, газдите ќе останат побогати и помоќни во однос на работниците и бидејќи газдите имаат повеќе пари од работниците поради овој факт, тие можат да ги употребат овие пари за да вработат работници да работат за плати и овој процес на наемно ропство произлезено од приватната сопственост над земја и машини е суштинската причина за разлика помеѓу богатите и сиромашните. И затоа нема вистинско ослободување на работничката класа сè додека таа не стане сопственик на сите средства за работа – земја, суровини, машини итн. – и со тоа сопственик на сиот производ од својот сопствен труд.