Ленинизмот не е марксизам

NOLENIN

 

Автор: Патрик Сајдер

Извор

Маркс-Енгелсовиот комунизам, де леонизмот, комунизмот на работнички совети и други тенденции во рамките на класичниот марксизам го сочинуваат целото вистинско марксистичко движење, додека ленинизмот едноставно е немарксистичка десничарска девијација. Десничарството значи идеологија која прифаќа авторитет, хиерархија, принуда и управување. Левичарството е идеен систем кој значи отфрлање на авторитет, хиерархија, принуда и управување. Ленин ги нарече анархистите и марксистите инфантилни ултра-левичари бидејќи Ленин верувал дека десничарската девијација била единствениот начин да се освои одржлива општествена преобразба. Валидно мислење но не и мое.

Анархистите сакаат да го создадат најслободното општество што е можно и тоа колку што е можно побрзо користејќи колку што е можно најантиавторитарни средства. Анархистите исто така веруваат дека ослободувањето може да се случи во било кој историски момент и дека тоа не зависи од историскиот детерминизам. Анархистите генерално се спротивставени на политички партии, политичко учествување и политички реформизам.

Марксистите сакаат да го создадат истото општество кое повеќето анархисти сакаат да го видат, но сепак тие се разликуваат од анархистите. Марксистите веруваат во историски детерминизам, политички партии, централната улога на индустриската работничка класа во револуционерната борба и класификацијата на револуционерна мрежа на цивилни милиции како „работничка држава“.

Ленинистите сакаат да создадат ново општество во кое продолжува да има (за неодреден период) поделба на умствен и физички труд, стоковно производство, пари, држава, централизирана платена армија[1], партија која им дава наредби на работниците и работници кои добиваат наредби во своите фабрики.


[1] Советската држава и СФРЈ имаа централизирани вооружени сили, што е против она за што се залагаа Маркс и Енгелс, кои застапуваа работничка милиција, вооружен народ. Улогата на овие централизирани вооружени сили беше истата улога која СИТЕ денешни и минати централизирани вооружени сили ја имаат. Улогата на централизираните вооружени сили како во државниот капитализам на СССР и СФРЈ така и во денешните капиталистички држави е присилување на плутократија (владеење на богатите), аристократија (владеење на „најдобрите“), политичка доминација, економска експлоатација и владеење на малцинството (богаташката клика).