Љубиша Георгиевски, идеологот на ново отоманско окупирање на независна и суверена Македонија

10930029_10206073198899873_4714327265292389_n

ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ е идеологот на исламизација и ново отоманско окупирање на независна и суверена Македонија. Кај овој предавник на македонската нација нема да најдете националистички идеи туку само едно големо прашање за обединување на Балканот, самодоволно е да ја прочитате неговата книга “Balkans, united?”. Јасно е, овој предавник на мојата татковина предлага се‘ што е анти-националистичко, предлага една историска идеја којашто не успеала, во оваа книга ќе најдете само параполитички идеи, но не и националистички, тоа се нереализирани историски идеи, но не и политичката идеја за обединета Македонија којашто единствено е остварлива, односно идејата што единствено може да стане стварност!

Параполитичката идеја за обединет Балкан Љубиша предавникот ја добива од илуминатот Ригас Велестинлис, грчки Влав. Во книгата на овој предавник, идејата за балканското обединување се вклучени сите, и Словенија и Молдавија, и што е најинтересно и најзлокобно во исто време, оваа параполитичка идеја на Љубиша предавникот не е анти-турска (читај: анти-исламска!). Тој ја зема Турција како дел од таа утописка балканска федерација како водечка економска и воена сила на Балканот. Приватниот интерес на сунитско-вахабистичкиот капитал е толку моќен што тој ќе го загуши секој патриотски глас и ќе го распарчи секое православно распетие.

Според овој предавник, идејата за независна и суверена Македонија ќе се преобрази во фаза на чист апсурд кога ќе се предлага нејзино распарчување на држави од пет-шеесет илјади жители. Па, за да не дојде до ваква фаза на чист апсурд тој предлага исламизација на цел Балкан со федерализацијата на постоечките независни и суверени држави. Освен оваа параполитичка и суштински анти-националистичка идеја на Љубиша предавникот, секоја друга алтернатива за независна и суверена Македонија е трагична!

Во неговата книга овој „филантропски“ предавник предлага да покажеме дух на простување, за амнестија, култура на соживот и толеранција (со албанските племиња од Косово?!), да се откажеме од дивиот национализам (да македонските влади беа составени од диви националисти досега ќе беше применета размена на населенија меѓу Косово и Македонија) и веднаш предавникот продолжува: „па ако треба да се откажеме и од национализмот воопшто!“. Затоа ова откажување од национализмот воопшто – според овој мајмунолик предавник – би значело претопување на независна и суверена Македонија во границата на една балканска федерација во којашто Турција која од ден на ден станува се‘ повеќе конзервативна и анти-секуларна, е водечка економска и воена сила на Балканот. Тоа би бил „спасот за нас, како најмала, најдребна национална монета на Балканот“, заклучувајќи: „Нам најмалку ни личи да бидеме националисти, оти така предлагаме арена во којашто ќе бидеме први изедени.“

А зарем во една балканска федерација во којашто Турција е водечка економска и воена сила нема да бидеме изедени од приватниот интерес на нејзините капиталисти и претворени во суровинска колонија на евтина работна рака?!

Advertisements