Абу Дар во Сирија

pr_01_8448_maxok

Абу Дар водел многу тивок живот под првите два калифи (Муавија I и Осман бин Афан). Кратко време откако Осман бин Афан дошол на власт, аскетскиот сопатник на Пророк Мухамед се почувствувал вознемирен од развојот на настаните. Роднините на остарениот калиф добивале контрола над сите клучни позиции. Богатството преминувало во рацете на неколку семејства, осудувајќи ги масите на недостоен живот. Нееднаквата распределба на богатството предизвикала појава на многу повеќе зла. Едноставниот начин на живот отстапувал пред празната помпа и привидност. Безделничката разонода и забавите станувале популарни. Водечките семејства од племето Курејш се прошириле во провинциите во обид да трупаат богатство и да воспостават власт, додека раката на Осман била преслаба да ги прекине овие зла. Тој им подарувал скапи подароци на своите роднини. Неговиот брат, Харид добил триста илјади дирхами, Зеид ибн Сабит, Ансариец, добил сто илјади дирхами и братучедот на калифот, Марван, добил многу голема сума.

Абу Дар не можел да остане нем сведок. Тој остро ги критикувал роднините на Осман бин Афан, цитирајќи ги овие стихови од Куранот: „Оние кои трупаат злато и сребро и не ги трошат на начинот на кој Аллах одредил поради што ги предупредува со болно казнување. Денот кога овие злата и сребра ќе бидат вжештени во пеколниот оган и нивните чела и нивните плеќи и нивните грбови ќе бидат жигосани со нив. О! Ова е она што вие го собравте за себе! Сега почувствувајте го она што го собиравте!“

Марван ја пренел оваа критика до калифот. Па Осман бин Афан испратил свој слуга до Абу Дар, барајќи од него да не дава такви критики. Но, Абу Дар не обраќал внимание на барањето, велејќи: „Дали Осман ми забранува да ја цитирам Книгата на Аллах? Јас би го налутил Осман за да го задоволам Аллах, отколку да го налутам Аллах за да го задоволам Осман.“

Осман сфатил дека Абу Дар нема да престане со своите напади. Па тој му наредил да замине во Сирија. Наредбата била испочитувана, но тоа само ја изменило насоката на напаѓањата. Муавија I, остроумниот владетел на Сирија бил роднина на калифот. Со внимателни размислувања и големи тактики, тој изградил силна база за власта на династијата Омејада. Сето богатство и моќ биле во рацете на негови луѓе, повеќето роднини или доверливи пријатели. Обичниот човек се борел за каузата на Аллах, но имал мал удел во пленот, кој најмногу заминувал кај командантите и лидерите на Курејш.

Абу Дар можел само да протестира: „Колку паметно од Муавија да ја исполни јавната благајна со злато и сребро, нарекувајќи ги Аллахови пари! Зошто кога тоа се народни пари и без двоумење тие треба да бидат распределени меѓу нив.“ Аргументот на Абу Дар имал силен повик до масите. Луѓето се туркале околу искрениот сопатник на Пророк Мухамед. Омразата против богаташите започнала да се засилува. Абдула бин Саба, најголемиот непријател на Осман, побрзал да ја искористи ситуацијата.

Муавија бил беспомошен. Абу Дар бил преголем за да тој се справи со него. Но, да му се допушти да ја продолжи својата кампања би било катастрофално делување. Па, тој му пишал на Осман, барајќи од него да го отповика Абу Дар.

Па Абу Дар бил вратен во Медина. Луѓето досега отворено биле критички кон политиките на калифот. Абу Дар се обратил на еден собир, изјавувајќи: „Предупредете ги луѓето на Медина за сеприсутното пљачкање и неизбежната катастрофа.“

Осман се нашол во незгода. Тој не можел да го сопре Абу Дар да го зборува она што тој верувал дека е вистина. Од друга страна, ова сигурно уште повеќе ќе ја влошило веќе лошата ситуација.

Најпосле калифот одлучил да го испрати Абу Дар во Рабда, мало село близу Медина. Кога тој заминал, Алија ибн Аби Талиб отишол да го види. Таква била почитта која Абу Дар ја уживал од најголемиот сопатник на Пророк Мухамед. Сепак, оваа посета на Али го налутила Осман.

Во пустото село, Абу Дар бил само придружуван од неговата жена и слугинка. Но, дури овде, тој ја продолжил својата критика со несмалена жестокост кон политиките на калифот. Ова траело се‘ до неговата смрт во 31 после Хиџра.