Уставот на Донецковата Народна Република: руски национализам, клерикализам и капитализам

guzcgoa4oog

 

Суштината на целиот проект на Донецковата Народна Република може да биде ставена во еден параграф, земен од крајот на предговорот на Уставот:

„Воспоставување на суверена и независна држава, заснована на обновување на обединет културен и цивилизациски простор на рускиот свет, врз основа на неговите традиционални, религиозни, социјални, културни и морални вредности, со очекување да стане дел од „Велика Русија“ како кружни територии на „рускиот свет“.“

Рускиот национализам е индициран како главната основа на новата држава. Фразата „руски свет“, на пример, може да се најде во Уставот безброј пати. На пример, во декларативна смисла:

„…чувствувајќи се како интегрален дел од „рускиот свет“ како руска цивилизација…“

„…размислувајќи за неделивоста на судбината на целиот „руски свет“ и сè уште сакајќи да останат неговите учесници…“

„…останувајќи посветени на идеалите и вредностите на „рускиот свет“ и оддавајќи чест на сеќавањето на неговите предци…“

Исто така „рускиот свет“ е спомнат со практично значење, како основни црти за државните службеници:

„Член 6.5. Јавните власти во Донецковата Народна Република додека ги извршуваат своите овластувања и ги изведуваат своите должности, целосно ги ценат и почитуваат традиционалните, религиозни, социјални, културни и морални вредности на „рускиот свет“.“

Очигледно, целата смисла на „рускиот свет“ е сведена на „одново обединување“ со „Велика Русија“, односно, Руската Федерација, и потоа – на докажувањето на доминацијата на оние „социјални, културни и морални вредности“. Како што е, на пример, Руската православна црква (Московската патријаршија), која е воздигана на статус на државна религија од уставниот нацрт:

„…искуството од минатото и улогата на православието и Руската православна црква (Московската патријаршија) се прифатени и почитувани, исто така како ‘рбет на „рускиот свет“.“

„…признавање на православната вера (христијанска православна и католичка вера на источна вероисповед) на Руската православна црква (Московската патријаршија) и признавањето на нејзиниот камен темелник на „рускиот свет“.“

„Член 9.2. Во Донецковата Народна Република водечко и доминантно верување е православната вера (христијанска православна и католичка вера на источна вероисповед) изјавена од Руската православна црква (Московската патријаршија).“

„Член 4.2. Социјалната политика на Донецковата Народна Република има за цел да создаде услови кои ќе осигурат достоинствен живот и слободен човечки развој, благосостојба на народот, пристап до главните материјални и духовни бенефиции, засновани на разбирање на традиционалните, религиозни, социјални, културни и морални вредности.“

Покрај специјалниот привилегиран статус на Руската православна црква (МП), било која „несакана“ религија може да биде прогласена за незаконска:

„Член 21 … ништо во овој Устав не ја ограничува Донецковата Народна Република во правото да ја штити јавноста од активностите на религиозни секти според законот.“

Било кој вид на вероисповед од Украинската православна црква (Киевската патријаршија) до протестантските и харизматичните католички заедници на обнова, по желба, може да биде наречена „секта“. Земајќи го предвид милитантниот однос на Руската православна црква (МП) спрема другите цркви, ние можеме да претпоставиме дека во Донецковата Народна Република таа ќе има целосна можност да го направи православието не само државна религија но единствена можна или дури обврзувачка.

Додека се гради „рускиот свет“, авторите на Уставот одлучиле да го зајакнат „традиционалното семејство“:

„Член 4.3. …државата поддржува традиционално семејство како сојуз на маж и жена регистрирани на начин кој е пропишан според закон…“

Хомосексуалните врски исто така не се оставени без внимание:

„Член 31.1. Било кои форми на изопачени сојузи меѓу луѓе од ист пол не се признати, не се дозволени и ќе бидат кривично гонети во Донецковата Народна Република.“

Покрај тоа, тие иницирале политика која им дава целосни човечки права на ембрионот:

„Член 3 … признавањето, одржувањето, почитта и заштитата на човечките права е должност на Донецковата Народна Република, државните власти и јавните служби, и се гарантирани од моментот на зачетокот.“

„Член 12.2. Темелните права и слободи се неприкосновени и припаѓаат на секој од моментот на зачетокот.“

Обожавателите на древните традиции на „рускиот свет“ ни ставаат до знаење дека нетрадиционалните форми на семејство, хомосексуалноста и правото на жената да располага со своето тело како што сака во „народната република“ ќе бидат забранети.

Спротивно на убедувањата на некои „левичарски“ организации, со ентузијазам поддржувајќи го „народниот бунт со социјални слогани“ во источна Украина, таму нема да се случи поопштествување на приватната сопственост:

„Член 5.1 Приватните, државните, општинските и други форми на сопственост се признати и еднакво заштитени во Донецковата Народна Република.“

„Член 28.1. Правото на приватна сопственост е заштитено со закон.“

Приватната сопственост дури не добива било какви општествени обврски во овој Устав, што дефинитивно ги покажува традиционалните капиталистички вредности на лидерите на Донецковата Народна Република.

„Член 27.1. Секој граѓанин има право слободно да ги користи своите способности и имот за претприемнички и други стопански активности кои не се забранети со закон.“

„Член 37.1. … Интелектуалната сопственост е заштитена со закон.“

Комбинацијата на обични буржоаски и национално-религиозни норми резултираат со проект на реакционерна, десничарско конзервативна и клерикалистичка држава која може да се спореди со Португалија под Салазар, Шпанија под Франко или Австрија под Долфус.

Ниту социјалистичка ниту анти-фашистичка ориентација на оваа „народна република“ е можна. Она што ние овде го имаме е второ издание на Путинова Русија, каде што свештениците и националистите добиваат статус на државни идеолози и секој може да биде затворен поради абортус, хомосексуалност и отстапување од „традиционалните вредности“.

Извор