За лицемерието на Ленин по однос на слободата на печатот

NOLENIN

Карл Кауцки, Класната борба, 1892:

Секогаш кога работничката класа настојувала да ја подобри својата економска положба, таа бараше политички барања, посебно барања за слободен печат и право на собирање. Овие привилегии се за пролетаријатот предуслови за живот; тие се светлина и воздух за работничкото движење. Кој и да се обидува да ги негира, без обѕир на неговите претендирања, мора да биде вброен меѓу најлошите непријатели на работничката класа.

На 22 јануари 1917 Ленин ‘и признава пролетерски карактер на револуцијата од 1905 година и вели:

Беше извојувана слобода на печатот. Цензурата беше просто отстранета. Никој издавач не се осмелуваше да им претставува на властите задолжителен примерок, а властите не се осмелуваа да преземаат против тоа какви и да било мерки. За прв пат во руската историја слободно се појавија во Петербург и други градови револуционерни весници. Само во Петербург излегуваа три дневни социјалдемократски весници со тираж од 50 до 100 илјади примероци.
(Ленин, Дела, том 24, Реферат за револуцијата од 1905 година, стр. 337-8)

На 27 октомври 1917 година, откако болшевиците доаѓаат на власт со помош на Военореволуционерниот комитет (ВРК) на петроградскиот совет, Советот на народни комесари (Совнарком) по Ленинов декрет донесува Закон за печат, оправдувајќи ја таа забрана како исклучиво привремена и вонредна мерка, со ветување дека, додека да се консолидира новиот поредок, ќе се укинат сите административни ограничувања на штампата.

Не е можно да се одвои прашањето на слободата на печатот од останатите прашања на класната борба,
изјавил лицемерно Ленин.

Во 1905 година Ленин и болшевиците бараа слобода на печатот, мислата и граѓански слободи, бидејќи тие беа во опозиција и им требаа овие слободи за да победат. Сега кога победија, нема повеќе никаква потреба од такви граѓански слободи.

Кога меншевиците се жалиле дека весниците им се забрануваат, на тоа Ленин коментирал:

Се разбира дека се забрануваат, но за жал се‘ уште не сите. Наскоро ќе бидат сите укинати.

Кога ВРК е распуштен во почетокот на декември 1917, функцијата на надзорник над печатот ја наследува Лениновата политичка полиција Чека. На 27 март 1918, Чека објавува резолуција во која се вели дека сите весници, под закана да бидат укинати, мораат да испраќаат до Чека три примероци од секое свое издание. А на 7 април 1918, Чека испраќа барање до сите локални совети да испраќаат до Управата на Чека во Лубјанка бр. 14 примероци од секое локално издание на часопис, брошура и леток, без оглед на нивната политичка определеност !

Во текот на 1918 година опозицискиот печат постепено е замолчен. Меѓу 10-ти и 14-ти мај голем број на московски и петроградски весници бил забранет или казнет, вклучувајќи ги и социјалистичко-есеровскиот „Земја и волја“ и меншевичкиот „Ново светло“. Независниот весник на Максим Горки (!) „Нов живот“, кој остро ги критикувал Ленин и неговата партија, конечно на 16-ти јули 1918 по наредба на Ленин е дефинитивно забранет. Од 4-ти август 1918, весниците на социјалистичките партии излегуваат само повремено, со големи маки.

Ленин, Троцки и нивните истомисленици веќе се отруени со валканиот отров на власта и тоа се гледа од нивниот бесрамен став кон слободата на говор, кон поединците и кон сите оние права за кои се бореше демократијата… Во што се разликува Лениновиот став за слободата на говор од ставот на Столипин, Плеве и останатите ништожници? Зарем Лениновата влада, како и владата на Романови не ги фати и фрли во затвор сите оние кои поинаку размислуваат?
(Максим Горки, „Нов живот“, 20 ноември 1917)

Advertisements