Барањето за минимална плата = давање легитимност на наемното ропство

Капиталот се развил во заповедништвото над трудот и затоа се грижи да се работи добро и интензивно. Тој, понатаму, го присилува работникот да изврши повеќе работа отколку што е потребно за негово одржување – и во испумпувањето на вишокот на вредноста ги надминува сите поранешни производствени системи во кои постоеле директно присилна работа. (Маркс)

Без работниците, општеството не би можело да постои ниту еден ден… Овие крчмари ја пијат крвта на работниците во златни чаши. (Marat dit L’ami du Peuple, Collection Complète du Journal, Volume II, p.121)

Македонскиот капитализам покажува едно својство што западниот никогаш го немаше – на работниците не им се дава плата по повеќе месеци и дури и години за што постои веќе и виц: Се жали еден бизнисмен на колега од иста бранша: „Што да правам? На работниците шест месеци не сум им дал плата а тие упорно доаѓаат на работа.“ Колегата го советува: „Почни да им наплаќаш влез во фабриката.“ Вицот и стварноста ги одразуваат Марксовите зборови дека капитализмот ги притега сите славини од кои капе така што работниците на крајот остануваат без ништо.

Парите секогаш ќе го „направат“ тоа што произлегува од нивната суштина како општествен однос а не како средство за размена. Парите се „средство за размена“, но само меѓу приватни сопственици на капитали, меѓу „рамноправни“ членови на општеството кои се капиталисти, а нивната размена е последица на нееднаквата размена меѓу работникот и капиталистот во која едниот – работникот добива средство за размена (пари), значи размената не е завршена, а другиот – капиталистот добил употребна вредност – работникот кој „е способен да произведува повеќе отколку што добил во наемнина“, но тоа сега врз основа на приватната сопственост над средствата за производство, го присвојува капиталистот… Работникот за да ја доврши „размената“ мора, за добиената наемнина, да купи употребни вредности… Сега и работникот и капиталистот имаат употребни вредности, но со различен квалитет: Едната употребна вредност – работникот – ќе ја зголемува вредноста на капиталот, а другата употребна вредност – артиклите за живот кои ги купил работникот – само ја одржува неговата работна способност. Очигледно, рамноправната размена, размената на еквиваленти меѓу капиталистите е овозможена со нееднаквата размена меѓу капиталот и трудот што Маркс отсекогаш го тврдел и докажал.

Штедејќи на навистина аскетски начин… работниците само трупаат средства за лумпенпролетаријатот, апашите и др., кои ќе се множат сразмерно на побарувачката; понатаму, кога неговите заштеди би ги надминале заштедите во службените штедилници (кои му плаќаат минимална камата како би капиталистите од нивните заштеди истерувале високи камати, или како би ги проголтала државата, со што тој само ја зголемува моќта на своите противници и својата сопствена зависност), подоцна во време на криза ќе ги изгуби своите влогови… Значи, во секој случај работникот би штедел за капиталот, а не за себе. (Маркс)

Од прогресивна до регресивна левица - од барање за укинување на капитализмот до барање за повисока надница ! Од класа за себе до класа по себе или идеолошки робови на капиталот !

Од прогресивна до регресивна левица – од барање за укинување на капитализмот до барање за повисока надница ! Од класа за себе до класа по себе или идеолошки робови на капиталот !

ЛОГИКАТА НА ПАЗАРОТ ГО РАЗОБЛИЧУВА БАРАЊЕТО ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА КАКО ШТЕТНО БАРАЊЕ ЗА САМИТЕ РАБОТНИЦИ, Т.Е. ГО РАЗОБЛИЧУВА КАКО НЕМОРАЛНО БАРАЊЕ:

Дури и да бидат принудени капиталистите да плаќаат прогресивен данок на својот приход, или пак да ги зголемат платите на работниците, тие многу лесно ќе си го повратат загубениот вишок на труд/профит. За кратко време тоа даночно обременување или зголемување на платите за работниците од страна на капиталистите ќе биде префрлено во цената на производство и низ механизмот на пазарното стопанисување пак пренесено на терет на широките народни маси.

ЕНГЕЛС ПОСОЧУВА, ПОВИСОКИТЕ НАЕМНИНИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НЕМА ДА ЈА ИЗМЕНАТ НИВНАТА ДЕГРАДИРАНА ПОЛОЖБА:

Не е високото или ниското ниво на наемнините она што ја прави економската деградација на работничката класа: оваа деградација се состои во фактот дека работничката класа наместо за својот труд да го добива целиот производ од својот труд, мора да се задоволи со дел од својот сопствен производ кој се нарекува наемнина. Капиталистот го присвојува сиот производ (и од тој производ ги плаќа работниците), затоа што е сопственик на средствата за работа. И затоа нема вистинско ослободување на работничката класа сè додека таа не стане сопственик на сите средства за работа – земја, суровини, машини итн. – и со тоа сопственик на сиот производ од својот сопствен труд.

10152474_10203640124234527_3931418195347239585_n

ПОТПИСНИЦИТЕ НА СИНДИКАЛНАТА ПОВЕЛБА ВО КОЈА Е ВКЛУЧЕНО БАРАЊЕ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ДАЛИ ОД ЕКОНОМСКО НЕЗНАЕЊЕ ИЛИ ОД АМБИЦИЈА ДА БИДАТ ДЕМАГОШКИ ЛАЖГОВЦИ И ПОПУЛИСТИ НЕ РАЗМИСЛИЛЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ:

Ако имаат загуба на дел од „своите“ профити, капиталистите ќе сакаат да ја компензираат загубата на тој профит преку:

1.Поинтензивна експлоатација на трудот на работниците. Стапката на вишок вредност капиталистите можат да ја зголемат продолжувајќи го работниот ден за работниците и интензивирајќи го процесот на труд (работниот процес, процесот на производство).

2.Намалување на платите на работниците под нивната вредност. Тоа е еден од најважните фактори во попречувањето на тенденцијата на профитната норма да паѓа.

3.Поевтинување на елементите на постојаниот капитал (машинеријата). Вредноста на постојаниот капитал не се зголемува во истиот сразмер како што се зголемува неговиот материјален обем. „Истиот развој кој ја зголемува масата на постојан капитал во споредба со променливиот капитал ја намалува вредноста на неговите елементи, како резултат на повисоката продуктивност на трудот, и оттука ја спречува вредноста на постојаниот капитал да расте во истиот степен како неговиот материјален обем, односно материјалниот обем на средствата за производство кои се ставени во употреба од истиот износ на работна сила.“ (Маркс)

4.Релативниот вишок на население. „Растот на стапката на вработеност е под влијание на природната стапка на раст на населението, и миграцијата или од други држави или од предкапиталистички сектор на домашната економија. Земји со низок раст на население и политика на ограничена имиграција како Јапонија и Кореја се осудени на многу ниски стапки на профит. Земји како Египет или Јужна Африка со висока стапка на природен раст на населението можат да имаат висока стапка на профит. Земја, на пример САД, која увезува труд во голем размер може да има закрепнување на профитната стапка.“ (Кокшот) При недостиг на релативна пренаселеност, капиталистите се принудени да ги снижуваат наемнините на работниците под нивните вредности како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма која е резултат на овој недостиг на релативна пренаселеност. Недостигот на релативна пренаселеност во една држава е сериозен проблем на капиталистите да извлекуваат што повеќе вишок на вредност како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма, бидејќи релативната пренаселеност дава маса на евтин труд кој ги одржува индустриите со низок органски состав на капитал и висока стапка на експлоатација и на тој начин ја креваат профитната норма. Тенденцијата кон паѓање на профитната норма поради недостиг на релативна пренаселеност е опасна и поради тоа што капиталистите се принудени да се задолжуваат кај банкарите и со фиктивен капитал да стопанисуваат со средствата за производство.

5.Трговијата со странство. Капиталот инвестиран во трговија со странство може да даде повисока профитна стапка поради следните причини: Прво, бидејќи тој се натпреварува со стоки произведени од држави со помалку развиени производствени капацитети така што тој може да ги продава своите стоки над вредноста и поевтино од своите конкуренти во исто време. Бидејќи стоките се продадени над вредноста, односно трудот кој не е платен како квалитативно повисок е сепак продаден како таков, профитната норма е повисока. Капиталот инвестиран во земјите од Третиот свет може да даде повисоки профитни стапки бидејќи таму поради пониското ниво на капиталистички развој, и профитната стапка и експлоатацијата на трудот се генерално повисоки.

6.Зголемувањето на акционерскиот капитал. Во случајот на многу големите претпријатија со крајно висока претежност на постојан капитал (железниците се класичен пример), капиталот е зголемен преку емитирање на хартии од вредност. Овој капитал дава интерес (дивиденда) после одбивањето на трошоците.

1491747_10203640196116324_6444323516459217470_n

БАРАЊЕТО ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА НЕ САМО ШТО Е НЕНАУЧНО ИЗДРЖАНО ТУКУ Е И ДЕМАГОШКО И ПОПУЛИСТИЧКО, СПОРЕД ТОА, ТОА Е НЕМОРАЛНО БАРАЊЕ:

Додека постои приватна сопственост над средства за производство и живот, залудни се сите напори за работнички права, правна држава, законитост и сл. Во такви услови „правото е волја на владејачката класа“ и класата со која се владее, (денес работничката), не може да очекува ништо добро за себе. Впрочем, ако владејачите се алтруисти, зошто не ги укинат условите, кои доведуваат до неправди секој момент. Тоа е системот на наемно ропство во кој работникот работи за наемнина, која од ден на ден е сè пониска, поради што и положбата на работникот е сè полоша. Но, заклучок од тоа не треба да биде дека на работникот треба да му се даде поголема наемнина и дека со тоа ќе се подобри неговата положба. Таков заклучок би бил погрешен. Правилно решение би било укинување на условите, кои секојдневно, покрај производот, ги репродуцираат и општествените односи, во кои тој е наемен работник. Значи, укинување на капиталистичкиот начин на производство!

За да бидат парадоксот и во исто време лицемерието уште поголеми околу Синдикалната повелба, дел од нејзините потписници се во суштина тие кои им ги одземаат работничките права, поточно барајќи минимална плата за своите членови тие го кратат најсветото работничко право – правото на целата додадена вредност на работниците во материјалното производство! Тоа се Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите“ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат. (Маркс, Капиталот, том 2, 1885 год.)