Чаталењето на денгистот Си против другарот Мао

“Всушност, како да се управува со социјалистичко општество, еден сосема нов вид на општество, не беше јасно адресирано од светскиот социјализам досега. Карл Маркс и Фридрих Енгелс немаа практично искуство во целокупното управување на социјалистичка земја, па нивните теории околу тоа беа воглавно предвидувања. Владимир Ленин, кој почина само неколку години по Октомвриската Револуција (1917) во Русија, не беше во можност да го проучи прашањето за управување со социјалистичко општество длабински. Советскиот Сојуз се зафати со решавање на ова прашање, и притоа се стекна со искуство, но направи сериозни грешки и не успеа да го реши проблемот. Нашата Партија работи на истото прашање уште од самото доаѓање на власт и, и покрај сериозните препреки, собра богато искуство и постигна огромен успех во подобрувањето на нашиот систем на управување и во подобрување на нашите способности за управување. Успехот е посебно маркантен откако ја усвоивме политиката на реформа и отворање. Уживајќи ја политичката стабилност, економскиот раст, социјалната хармонија и етничкото единство, денешна Кина претставува силен контраст на многу региони и земји кои страдаат од непрекинат хаос. Ова покажува дека нашиот национален систем на управување и способност за управување се, во целина, здрави и соодветни на нашите национални услови и потреби за развој.” (Си Ѓинпинг)

Капиталистичката кучка Маргарет Тачер и капиталистичкото куче Денг Ксијаопинг дискутираат во Пекинг на 24 септември 1982 година

http_com.ft.imagepublish.upp-prod-eu.s3.amazonaws

Класна борба избива на градилиштето во Хаику меѓу работниците и менаџментот откако работниците не успеаја да си ги добијат неисплатените плати. (ноември 2018)

Во 1945 год., Мао им дал ветување на своите партиски другари дека кога ќе победат тие ќе обезбедат слобода на брак и еднаквост меѓу мажите и жените, а во 1950 год. неговиот прв официјален акт како претседател на државата бил потпишувањето на брачниот закон на Народна Република Кина, којшто ветил заштита на жените и децата, гарантирал родова еднаквост во моногамните бракови, избор за жените на свои брачни другари, еднаква плата за еднаква работа, трудничко отсуство и бесплатно згрижување на децата. Соочувајќи се со отпор подоцна, во 1955 год., тој инсистирал: „Мажите и жените мора да добиваат еднаква плата за еднаква работа. Вистинска еднаквост помеѓу родовите може да биде остварена само во процесот на општествена преобразба на општеството како цело.“

Кога Мао стапнал на светската сцена во 1945 год., Русија ја зазела Монголија и дел од Синѕианг, Јапонија окупирала три северни провинции, Британија го окупирала Хонг Конг, Португалија Макао, Франција делови од Шангај, Германија Цингтао, С.А.Д. им пружеле отпор и нацијата била згрчена од граѓанската војна. Кина била аграрна, назадна, феудална, неписмена и насилна. Од нејзиниот 400 милионски народ, пеесет милиони биле наркомани, осумдесет проценти ниту можеле да читаат ниту да пишуваат и нивната должина на живот била триесет и пет години. Јапонците убиле дваесет милиони Кинези а генерал Чанг Кај-Шек се жалел дека на секои илјада младинци кои тој ги регрутирал, едвај сто го преживеале маршот кон нивната база за воена обука. Стапалата на жените биле врзани, селаните плаќале седумдесет проценти од нивното производство како рента за земјопоседниците, очајните мајки ги продавале своите деца во замена за храна и сиромашните луѓе се продавале, претпочитајќи ропство отколку изгладување. Американскиот амбасадор Џон Лајтон Стјуарт изјавил дека за време на неговата втора година таму, десет милиони луѓе умреле од глад во три провинции.

Кога Мао се пензионирал во 1974 год. ги немало окупаторите, бандитите и воените лордови, населението било удвоено, писменоста била 84 проценти, разликите во богатството исчезнале, електричното осветлување и напојување стигнало до сиромашните области, инфраструктурата била обновена, економијата пораснала 500 проценти, наркозависноста била само сеќавање од минатото, жените биле ослободени, девојчињата биле едуцирани, криминалот бил редок, секој имал храна и покрив, должината на животот била шеесет и седум години и според неколку клучни социјални и демографски индикатори, Кина позитивно се споредувала со средно доходовните држави чиј БДП по глава бил пет пати поголем.

Наспроти бруталната блокада на С.А.Д. на храна, финансии и технологија, и без задолжување, под водството на Мао економијата на Кина растела годишно во просек 7.3 проценти споредено со годините на поствоениот бум во С.А.Д. од 3.7 проценти. Во однос на стопанскиот раст првиот 5 годишен план бил сосема успешен. Биле изградени илјадници индустриски и рударски претпријатија, вклучително 156 големи постројки. Индустриското производство се зголемило со просечна годишна стапка од 19 проценти помеѓу 1952 и 1957, а националниот доход растел со стапка од 9 проценти годишно. Земјоделскиот аутпут се зголемил значително, со просечни порасти од околу 4% годишно. Овој раст резултирал примарно од придобивките во ефикасноста предизвикана од реорганизацијата и кооперацијата постигната преку колективизацијата.

ChinaGrowthMao-1024x753

Кога Мао умрел, Кина произведувала џет авиони, големи трактори, прекуокеански бродови, нуклеарно оружје и балистички проектили со долг дострел. Како што економистот У.У.Ку опсервирал: „Овој силен раст на индустрискиот удел од националниот доход на Кина е редок историски феномен. На пример, во текот на првите четири или пет декади од нивното движење кон современа индустријализација, индустрискиот удел пораснал до само 11 проценти во Британија (1801-41) и 22 проценти во Јапонија“. Документираните успеси на Маовото водство се, како што вели професор Фербанкс, скоро неверојатни. За време на неговото претседателствување

населението на Кина било удвоено од 542 милиони на 956 милиони
должината на живот била удвоена
конзумирањето на калории било удвоено
БДП се зголемил петократно
писменоста се зголемила четирикратно
производството на жито се зголемило триста проценти
бруто индустрискиот аупут се зголемил четириесет пати
тешката индустрија се зголемила деведесет пати
железничката мрежа се зголемила 266 проценти
железничкиот патнички сообраќај се зголемил од 102 970 000 патници до 814 910 000.
тонажата на железничкиот товар се зголемила две илјади проценти
патната мрежа се зголемила илјада проценти.
производството на челик се зголемило од нула до триесет и пет милиони метрични тони годишно (еден мега метар тон е 1 милиони тона).
Уделот на индустријата во нето материјалниот производ на Кина се зголемил од дваесет и три проценти до пеесет и четири проценти.

„Едноставните факти за кариерата на Мао изгледаат неверојатни: во огромна земја од 400 милиони народ, на возраст од 28 години, со дузина други, основал партија и во следните пеесет години ја освоил власта, ја организирал и го преобликувал народот и одново ја испишал историјата на земјата со досега ненадминати успеси. Александар Велики, Цезар, Карло Велики, сите кралеви на Европа, Наполеон, Бизмарк, Ленин – ниту еден претходен водач не може да се рамни со размерот на успехот на Мао Це Тунг, бидејќи ниту една друга земја не била некогаш толку назадна и толку голема како Кина. Навистина успехот на Мао е скоро надвор од нашето разбирање.“ (Џон Кинг Фербанк, Соединетите Американски Држави и Кина)