Teмната хемисфера на „брилијантниот“ мозок на Ферид Мухиќ

Anti+philosophy+chicken_c8369e_4358563

„Ропството е лесно, слободата е тешка“ – Ферид Мухиќ во мојата книга со интервјуа наскоро… ~ Ана Јовковска

Мухиќ е од оние филозофи кои патетично говорат против богаташите, но во исто време им прават чест, ги задоволуваат и ги прифаќаат без отпор, под изговор дека го реформираат и подобруваат светот.

Еден од најголемите живи филозофи на денешницата“ Ферид Мухиќ (според Ристо Солунчев но не и според мене!) повикува на националистичка контраагресија на Бошнаците кон агресијата од Србија кои на именувањето на улици и школи во Ратко Младиќ и Радован Караџиќ би одговориле со именување на своите улици и школи во бошначки националисти.

Мухиќ е посебно интересен феномен на неморал и лицемерие кој верува дека народот не тежнее да биде слободен, поистоветувајќи го со кучето Сари-д-Пари од неговите студентски денови во Париз, иако и самиот Мухиќ е окован во прангите на наемно ропство под државата.

Зад тврдењето на Мухиќ дека сите не сакаат да бидат слободни, особено, не на нивниот начин – се крие идеолошки интерес на овој професионален филозоф. Посебно затоа што е професионален! Тој е следбеник и поданик во истовреме само на својот приватен интерес како професионален филозоф!

Мухиќ дури и ропската работа на наемните работници ја правда, бидејќи сите не сакаат да бидат слободни сака тој да нè убеди (!), со тоа што таа создава разонода, слободно време за други (професионални филозофи кои ќе сакаат да нè убедуваат дека сите не сакаме да бидеме слободни!), за другиот дел од општеството. „Кога капиталот би престанал“, вели Маркс, „тие би работеле само 6 часа, а безделничарите би морале да работат исто толку. Со тоа материјалното богатство за сите би било намалено на ниво на работниците. Но, сите би имале слободно време за развој“. Одеднаш кардиналниот превид на овој класен филозоф се претвора во злонамерен паралогизам: „Сите не сакаат да бидат слободни!“

(Ферид Мухиќ бил вонреден професор од 1976 до 1980 година, а редовен професор од 1980 година.)

Мухиќ молчеше идеолошки додека во СФРЈ се практикуваше Кардељовата поделба на труд одредена во неговата книга „Правци на развој на социјалистичкото самоуправување“.

Дури Мухиќ до тој степен е ординарен и хомодуплексен што се дрзнува да каже: „Филозофите да се сетат дека се – филозофи! Да разберат колкава е тоа одговорност, и каква огромна привилегија! Да бидеш филозоф! Каква авантура и каков благослов!“

Овој филозоф во 1980-те години можеше да направи нешто „авантуристичко“, околу официјалната политика на „марксизам-ленинизам“, но и самиот немајќи Прометејски дух и бидејќи не разбра колкава обврска, а не само одговорност, е тоа, тој ја искористи привилегијата на професионален филозоф платен од државата да ја претолкува 11-та Марксова теза за Фоербах до затупување.

Битанга неволна да жртвува ни влакно на себе (За него важела максимата: Никој не гребе од себе, сите гребат кон себе.), а денес вулгарно „се спротивставува“ на веќе мртвиот систем учејќи нè за тоа колку било лесно ропството а слободата тешка!

Пост-југословенскиот професионален филозоф Мухиќ најдоследно, и според тоа безобѕирно, ги практикуваше антиподните поими на слободата, дури и жестоко се бореше за нив со своето премолчување на класноопределената Кардељова поделба на труд, меѓу кои подаништво и послушност кон СКЈ (најчесто од професионален интерес), опортунизам и некритичност (посебно кон актуелната власт на СФРЈ, а особено кон маршалот зашто тој е секогаш во право) и идолопоклонство (кон првиот болшевик, маршалот).

Затворската казна, како закана од бескомпромисната критика кон системот, за филозофот Мухиќ е недостоинствена од проста причина што неговиот социјален живот како ново ропство е само привилегија да го зачува својот авторитет од 1975 год. до падот на тоталитарната СФРЈ. Тоа е колективно бегство на службениот филозоф од Египетското царство заради „нагон“, класен интерес се разбира, кон ново ропство – доброволно, и се разбира несовесно, откажување од бескомпромисната критика, со лично чувство на задоволеност од тоа ново ропство.

Филозоф, како тоа бедно звучи!