Критика на ситнобуржоаските папагали на министерот Драган Тевдовски

„Државата мора да прибира повеќе од оние што имаат повеќе, и да дава на оние што имаат помалку. Мора да има праведност во јавните финансии“, дециден е Јовановиќ.

Вулгарниот социјалдемократизам на Бранимир Јовановиќ и неговиот ментор министерот Тевдовски има наследено од пропазарните економисти распределбата на приходите да ја разгледува како независна од начинот на производство и поради тоа мешањето на државата во економијата да го претставуваат како тоа главно да се врти околу распределбата на приходите собрани од прогресивниот данок. А што со цената на наемното ропство којашто работниците катаден ја плаќаат?!

Во претходниот пост ние дадовме докази од Енгелсовиот конспект на Марксовиот Капитал дека прогресивецот и минималецот на економскиот тим на Драган Тевдовски не ја надоместуваат цената на наемното ропство.

Логиката на пропазарните „левичари“ како Бранимир Јовановиќ и Драган Тевдовски за економијата во прилог на сиромашните и работниците е следната: Ќе го помагаме капиталот (мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот, за да потоа, го даночиме капиталот за да му помагаме на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир, наместо, трансцедентирајќи го овој експлоатациски начин на производство, коишто овие пропазарни „левичари“ лицемерно, во идеолошки и легалистички бенефит на приватно-сопствениците, го превидуваат во нивната економска анализа, така што ќе воведат нова просоцијалистичка логика на стопанска политика: секој дотогаш експлоатиран работник наместо индиректно преку прогресивните даноци на владата во вид на јавни услуги како здравство и образование, да го добива назад токму она што ‘и го дава на нацијата во вид на општествен производ. Точно се знае кој работник колку придонел труд во производството на тој општествен производ. Во случај на неексплоатациски начин на производство, работниците ќе добиваат од фирмите владино емитирани трудови ваучери кои ќе потврдуваат колку тие имаат удел во општествениот работен ден односно од збирот на поединечните работни денови во часови и минути. Со овие трудови ваучери во часови и минути, работниците ќе имаат право над дел од пласманот на потрошувачки производи за точно толку колку што изнесува нивната трудова вредност во часови и минути. Наместо „државата да прибира повеќе од оние што имаат повеќе, и да дава на оние што имаат помалку“, работниците ќе си го добиваат назад истото количество труд што му го дале на општеството во вид на општествен производ. За да има реална социјална правда односно реална праведна дистрибуција на приходите мора да има праведност во самото производство од коешто произлегува оваа дистрибуција во вид на плати, профити или даноци за држава односно јавни финансии.

Патем, Бранимир Јовановиќ наивно признава дека го заслужува жигот на популистички волунтарист поставувајќи го проблемот тоа на како ќе се потрошат јавните финансии собрани од прогресивните даноци и не одговарајќи како ќе се уверат граѓаните дека политичарите чесно и економски бенефитно во јавен интерес ќе ги потрошат овие буџетни средства:

„Во исто време, мора да се смени и перцепцијата на граѓаните, односно тие да стекнат доверба во економските политики, оти ако им земате повисок данок, тие мора да знаат и да одобрат како ќе ги потрошите. Се додека граѓаните не се уверат дека парите од даноци нема да се трошат неразумно за споменици или за плати на партиски луѓе во администрацијата, зголемувањето на даноците нема да биде возможно“, истакна Јовановиќ.

Ако е таков случајот, граѓаните да плаќаат даноци земајќи го моралот на македонскиот политичар здраво за готово без соодветни непосредни граѓански механизми на контрола над јавната потрошувачка, тогаш „да се плаќат даноци е големо предавство. Одбивањето да се плаќаат даноци е примарна должност на секој граѓанин!“ (Маркс)

И советниците и министерот ја истакнаа важноста на приватниот сектор во економијата и најавија дека тоа ќе се види и во буџетот за следната година.

„Сметам дека е потреба поголема инволвираност на државата во економијата. Притоа не мислам партијата на власт да им се меша во работата на приватните фирми, да ги рекетира или слично, туку да се вклучи со поголема поддршка за да го зголемат производството, извозот, или пак да отворат нов погон. Нема земја во светот што се развила без на ваков начин државата да ја помага економијата“, истакна Јовановиќ.

Пропазарната логика на лажниот левичар Јовановиќ е циклусна и таа колку и да тежнее да ротира околу трудот, се разбира наводно, таа секојпат ќе завршува во бенефит на проклетиот капитал, бидејќи неговата економска анализа поаѓа од дистрибуцијата, а не од самото производство. Јовановиќ отворено им кажува на работниците дека економскиот тим на Тевдовски не сака да го укинат експлоатацискиот начин на производство, туку дека дури сака да го форсира со нови погони и извози. Помагајќи го капитализмот, тие веруваат во сеопшт бенефит за државјаните на Македонија. Ќе го помагаме приватното производство (капитал од мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот во странство преку извози или нови погони за исцицување жив труд, за да потоа, прогресивно го даночиме капиталот за да му помагаме на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир! Според ова, Бранимир Јовановиќ не е никаков Робин Худ, туку обична битанга, изрод на работничката класа и ситнобуржоаски папагал во лакејство на капиталот. Такви изроди и хомо говедикуси на работничката класа може да дадат само Нова Искра во случајот на Љупчо Златев и Левица во случајот на Бранимир Јовановиќ.