Во одговор на канадски Глобал Рисрч: Башар ал-Асад е провокаторот на Сириската револуција

Investigative reporter Rick Sterling debunks the propaganda that “Assad kills his own people” in his description of the initial, violent protests: “In reality, there was a violent faction from the start. In the first protests in Deraa, seven police were killed. Two weeks later there was a massacre of 60 security forces in Deraa.”

Извор: Voices from Syria Refute Western Propaganda: US-NATO Supported Terrorists Involved in Countless Atrocities

Арапското мото се преведува како: „Народото сака да го собори режимот.“

Арапското мото се преведува како: „Народот сака да го собори режимот.“

download

6 март 2011 – Во руралниот дел на градот Дараа, скоро десетина момчиња на возраст под 15 години биле уапсени за графити. Тие со спреј напишале вообичаен слоган на Арапската пролет: „Народот сака да го собори режимот.“ Тоа било ретко и опасно покажување непослушност во тешко цензурираната полициска држава Сирија.

Revolution-Syria

15 март 2011 – Фејсбук страница насловена „Сириска Револуција 2011“ повикува на протест „Ден на гневот“. Протести се одржале во ал-Хасаках, Дараа, Деир ез-Зор и Хама, со помали демонстрации во Дамаск.

Сухеир Атаси, водечкиот женски секуларен активист во сириската опозиција. Таа е нарекувана „Дамата на Револуцијата“. Нејзиниот татко Џамал ал-Атаси бил основачки член на Баатистичката партија кој подоцна ја напуштил и го основал Демократскиот арапски социјалистички сојуз.

Сухеир Атаси, водечкиот женски секуларен активист во сириската опозиција. Таа е нарекувана „Дамата на Револуцијата“. Нејзиниот татко Џамал ал-Атаси бил основачки член на Баатистичката партија кој подоцна ја напуштил и го основал Демократскиот арапски социјалистички сојуз.

Истакнатиот опозициски активист Сухеир Атаси зборува за протестот во Дамаск. Оваа аматерска видео снимка била раскажана од алавитски активист, укажувајќи на мултифракционерската природа на опозицијата кон Асадовата диктатура во раните денови на Револуцијата.

18 март 2011 – Илјадници луѓе протестираат во градовите ширум Сирија. Демонстрaнтите пееле: „Господ, Сирија, Слобода“ и се соочиле со насилна акција од страна на Асадовата полиција. Во Дамаск, безбедносните сили прекинуваат протести надвор од џамијата Умајад. Во меѓувреме, демонстрантите во Дараа го прозиваат Рами Махлуф, братучедот на Асад. (Рами Махлуф, братучед на претседателот Башар ал-Асад, ги контролира телекомуникациите на Сирија Сириател, нејзините бесцарински стоковни куќи, голем дел на нејзината нафтена индустрија, авиотранспортот, мас-медиуми и многу недвижнини. Тој поседува имот вреден околу 5 милијарди долари. За протекционистичкиот капитализам на Асад кој го создаде Рами Махлуф прочитај овде.) Владиниот одговор е дека „инфилтратори“ се обидуваат да предизвикаат хаос.

Граѓаните го снимаат првиот граѓанин убиен од режимот во Дараа. Телефоните со камери и социјалните мрежи ќе играат важна улога во Сириската револуција.

Стотици илјади Сиријци се собрале на централниот плоштад во Дамаск веејќи слики на Башар ал-Асад и извикувајќи му поддршка. (29 март 20011)

Стотици илјади Сиријци се собрале на централниот плоштад во Дамаск веејќи слики на Башар ал-Асад и извикувајќи му поддршка. (29 март 20011) Каде се 6-те милиони Сиријци кои живеат под границата на сиромаштија да му дадат поддршка на претседателот?

3 април 2011 – Претседателот Башар ал-Асад го именува Адел Сафар како новиот сириски премиер. За да ги смири повиците за промена, Асад го распушти својот кабинет и му го довери на Сафар формирањето на нова влада. Ова било оценето како похрабар чекор откако неговиот прв говор во Народното собрание беше исмеан за неговиот недостиг на отстапки.

6 април 2011 – Асад нуди отстапки за Сунитите и Курдите. Владата го затвора единственото казино во земјата во чекор да добие благонаклонетост од религиозните конзервативци. Владата исто така вели дека десетици илјади Курди без државјанство кои живеат во Сирија ќе добијат сириско државјанство – едно од нивните долго барани права.

Збирка на различни симболи на Асадовиот режим кои биле изобличени или уништени за време на првиот месец на протести.

16 април 2011 – Асад накратко го претставува својот нов кабинет во телевизиски говор. Во обид да умири незадоволство, Асад се заколнува дека ќе даде поголеми политички и социјални права. Тој изјавува дека меѓу неговите приоритети се иницирање закон за критична ситуација, допуштање на регулирани демонстрации и овозможување на повеќе простор за политичките партии и печатот. Протестирачите се скептични и не мислат дека тој понудил доволно отстапки.

18 април 2011 – Илјадници протестирачи се собрале околу Саат Кулата во Хомс, барајќи отстранување на режимот. Протестот продолжил до зори (19-ти април), кога дошло до негов изненаден прекин од страна на Асадовите сили кои на јуриш го зазеле плоштадот за да го растурат протестот. Силите пукале во невооружените, мирни граѓани, притоа убивајќи и повредувајќи многумина. Оттогаш, плоштадот е преименуван во Плоштад на Слободата а часовникот ја симболизира силата на народот на Хомс и сите други револуционерни градови. Овој настан станал познат како „Масакрот кај Саат Кулата“.

Во меѓувреме, Сиријците и светот гледаат како војската и про-Асадовите сили ги злоупотребуваат и убиваат протестирачите. Ова видео од селото Ал Бајда близу Банјас беше познат пример на брутална репресија од режимот.

21 април 2011 – Претседателот Асад издава декрет да стави крај на близу 50-годишната состојба на критична ситуација во Сирија. Исто така тој издава наредби да се укине Трибуналот за врховна државна безбедност (SSSC) и да се регулира правото на мирни демонстрации.

22 април 2011 – Протестите на „Велик Петок“. Со покана до христијаните да се придружат на мирното движење, активистите повикале на протести на „Велик Петок“ и десетици илјади демонстранти излегуваат на улици. Над 100 луѓе се убиени, што го направило најкрвавиот ден откога Револуцијата избувна.

Тела на луѓе убиени од сириските „безбедносни“ сили за време на протестите во градот Дараа, складирани во подвижен ладилник. Human Rights Watch издаде извештај за режимската опсада на Дараа со наслов: „Никогаш не сме виделе таков ужас“.

Тела на луѓе убиени од сириските „безбедносни“ сили за време на протестите во градот Дараа, складирани во подвижен ладилник. Human Rights Watch издаде извештај за режимската опсада на Дараа со наслов: „Никогаш не сме виделе таков ужас“.

19 мај 2011 – САД наметнуваат санкции против Претседателот Башар ал-Асад поради злоупотреби на човековите права.

24 мај 2011 – Бројот на убиени цивили во Сирија надмина 1100, според сириските групи за човекови права. Групите исто така велат дека сириските „безбедносни“ агенти убиле војници кои одбиле да пукаат во цивили.

Сликите на Хамзаовиот лик станале симбол на борбата во Сирија за општествени промени.

Сликите на Хамзаовиот лик станале симбол на борбата во Сирија за општествени промени.

Вџашувачката снимка им стави до знаење на многу Сиријци и Арапи дека не постојат црвени линии за Асадовиот режим и Хамза стана икона на револуцијата. Бранителите на владините полициски остри мерки велат дека Хамза ќе ги силувал жените на офицерите стационирани во Дараа.

28 мај 2011 – Хамза ал Хатиб, 13 годишно дете, е предаден на неговото семејство како осакатено тело. Хамза, заедно со други деца и возрасни лица, биле уапсени пред неколку недели поради тоа што се обиделе да се пробијат низ опсадата на Дараа. Неговото тело имало знаци на измачување: изгореници, три прострелни рани и осакатени гениталии.

Ал Џазеира известува за смртоносните протести и саботните погреби кога оплакувачите беа исто така растерани од владино пукање. Овој циклус на смрт се повторува низ Револуцијата.

3 јуни 2011 – Протести на „Денот на децата“. Најголемиот протест надвор од Дараа се случува во Хама со околу 50 000 протестирачи. Сириската влада го прекинува пристапот кон Интернет и ги намалува онлајн активностите во Сирија за околу две третини.