Економијата ѝ се одмаздува на Русија за окупацијата на Крим

london21

Виенскиот Институт за економски истражувања обелодени дека оваа година странските директни инвестиции во Русија ќе паднат до вчудоневидувачки 50% во споредба со 2013 година, чие ниво беше веќе анемично. Ова ќе ја направи Русија најмалку привлечната економија во цела Источна Европа од широк размер. Виенскиот Институт се согласува дека агресијата на Путин во Украина е главната причина за овие катастрофални загуби, кои ќе имаат скапи удари врз стопанскиот раст не само во Русија но ширум Источна Европа, што уште повеќе ќе ги одврати соседите на Русија.

Исто така, меѓународниот банкарски холдинг HSBC обелодени дека во мај 2014 смалувачкиот услужен сектор на Русија ја достигна својата најбрза стапка на пад во последните пет години. Индексот на економското здравје на преработувачкиот сектор на HSBCпадна до 46.1 во мај од 46.8 во април. Вредностите над 50 значат раст додека вредностите под 50 покажуваат смалување.

Овој интензивен стопански притисок ја принуди владата да потроши стравични суми на резерви од странски девизи за да ја одбрани својата валута рубља како и вредностите на берзата. Веќе оваа година над 40 милијарди долари од скапоцени метални резерви „искрвавија“ од руската благајна, а крвавењето само ќе се влоши во втората половина на 2014 година. Меѓу загубата на странски инвестиции и загубата на резерви, Русија може да добие зашеметувачки удар од 200  милијарди долари пред да заврши оваа година.

Автократскиот режим на Путин веќе јавно призна дека и на банкарскиот и на енергетскиот сектор на стопанството им треба голема капитална реорганизација од страна на државата за да се спречи колапс. На рускиот државно-поседуван гасен монопол Gazprom, на пример, му требаат повеќе од 50 милијарди долари во капитализација само за да ја финансира инфраструктурата која му е неопходна за да го исполни неодамнешниот деловен договор на Русија за снабдување на Кина со гас.

Бројките на нагло понирање на рубљата, берзата и растот на бруто домашниот производ ги потсетуваат многумина на опустошувачките загуби кои Русија ги имаше за време на глобалната економска криза пред шест години. Но, еден главен банкар од руска државно-поседувана банка изјави за Ројтерс дека „Оваа криза е многу полоша отколку во 2008 година. Во тоа време, секој беше во истиот брод. Сега, тоа е само Русија, а секој сака да го потоне покрај тоа што се занимава со своите лични проблеми. Оваа година ќе биде многу тешка.“

Тоа е поради агресијата на Путин во Украина со што тој ја изложи Русија на масивни економски санкции ширум светот кои веќе ја удираат руската економија како тајфун. Обидот на Путин да одговори на санкциите – формирање на трговска група со автократските браќа Беларусија и Казахстан – е проблематичен поради политизирањето на Евроазијската Економска Унија. Токму од ова Казахстан и Белорусија се плашат.

Проруски сепаратисти користат деца како човечки штитови за пробивање на борбено место во Луханск.  Путин ќе користи терористички тактики на Хамас во неговиот напад во Украина.  „Ние немаме намера да се бориме против украинскиот народ. Сакам да ме разберете јасно. Ако ние донесеме една таква одлука да започнеме инвазија, тоа ќе биде само заради заштита на украинските граѓани. И ајде да видиме дали било кој од украинската војска ќе пука во својот народ. Ние ќе стоиме веднаш зад нив. Не на фронт, туку зад нив. Нека се обидат да пукаат во жени и деца.“  За потсетување на читателите, Путин ја покани организацијата Хамас за разговори во Москва во 2006 година. Хамас е терористичка организација чии тактики вклучуваат намерно користење на цивилни домови за криење или штитење на складови и преработувачки места за оружје и муниција на Хамас, како и несовесна употреба на цивили како човечки штитови против очекувани воздушни напади.

Проруски сепаратисти користат деца како човечки штитови за пробивање на борбено место во Луханск.
Претходно Путин изјави дека ќе користи терористички тактики на Хамас во неговиот напад во Украина: „Ние немаме намера да се бориме против украинскиот народ. Сакам да ме разберете јасно. Ако ние донесеме една таква одлука да започнеме инвазија, тоа ќе биде само заради заштита на украинските граѓани. И ајде да видиме дали било кој од украинската војска ќе пука во својот народ. Ние ќе стоиме веднаш зад нив. Не на фронт, туку зад нив. Нека се обидат да пукаат во жени и деца.“
За потсетување на читателите, Путин ја покани организацијата Хамас за разговори во Москва во 2006 година. Хамас е терористичка организација чии тактики вклучуваат намерно користење на цивилни домови за криење или штитење на складови и преработувачки места за оружје и муниција на Хамас, како и несовесна употреба на цивили како човечки штитови против очекувани воздушни напади.

Стравот е посебно очебиен во Казахстан, чија политичка класа се плаши дека земјата може да изгуби дел од својата сувереност како резултат на своите поблиски односи со Русија. Ова е причината што терминот „мултивекторна надворешна политика“ сега сè повеќе се употребува во Казахстан како потсетник дека земјата исто така е ориентирана кон Кина, Соединетите Американски Држави, Европа и земјите каде се зборува турскиот јазик.

Создавањето на Евроазијската Економска Унија беше лична иницијатива на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев. Тешко е да се каже како овој концепт ќе биде прифатен откако Назарбајев ќе ја напушти должноста. Некои аналитичари веруваат дека без оглед на тоа кој ќе биде следниот казахстански претседател, владејачката класа ќе биде понационалистичка, чии националистички трендови може веќе да се видат денес.

Што се однесува до Белорусија, нејзиниот претседател Александар Лукашенко, додека е сосема свесен за целосната економска зависност на неговата земја од Русија, не сака неговата земја да стане уште еден регион на Руската Федерација. Тој се обидува да ја покаже својата политичка независност, или барем автономија, во одредени прилики. На пример, Минск не ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија во 2008 година, ниту пак официјално го призна Крим како дел од Руската Федерација. Покрај тоа, Лукашенко се обидува независно да развие врска меѓу Белорусија и Украина. Како круна на сето тоа, белорускиот претседател ја уценуваше Москва непосредно пред потпишувањето на спогодбата. Тој се закани дека ќе ја раскине спогодбата освен ако Русија не попушти за царинските тарифи. Руската мечка се повлече во својата пештера.

Казахстан и Белорусија веруваат дека Евроазијската Економска Унија ќе им донесе значителни профити во индустриските, земјоделските и финансиските сектори. Покрај тоа, клучниот енергетски сектор треба да добие многу од спогодбата. Сепак, во оваа сфера согласност фактички не е постигната. Создавањето на заеднички енергетски пазар беше одложено до 2018 година, а создавањето на заеднички нафтен пазар е одредено дури за подоцна – во 2025 година. Ова на некој начин го прави процесот на создавање на Евроазијската Економска Унија незавршен, а нејзините перспективи неизвесни. Проблемите со енергетските ресурси се разбира припаѓаат на политичката област што го прави нивното разрешување посложено и кое бара време.

Магазинот “Economist” ја сумира безнадежната положба во која Путин ја зароби Русија:

„Слабоста во стратегијата на г-дин Путин е тоа што, допуштајќи ги неговите внатрешни стравови да ја водат неговата политика во Украина, тој ризикува да го предизвика она што тој се надеваше дека ќе го избегне. Тој ја загуби Украина како сојузник и потенцијален партнер во Евроазијската Економска Унија, додека НАТО одново го покажува своето милитаристичко држење и ја засилува својата одбрана. Баукот од зголемени сили на НАТО на границите со Русија во Полска и балтичките земји стана стварност благодарение на акциите на г-дин Путин во Украина. И борејќи се да ја сочува својата сувереност и економска сила во однос на Европа и Западот, Русија ризикува да ги замени со нова зависност од Кина.“

putin_karikatur

Карикатурата го покажува Путин како јуриша без кошула во богат приватен клуб. Во едната рака тој држи голема палка а во другата влече за коса жена по подот. Жената е Украина, а клубот е Г-8. Тој е сопрен на вратата и му е речено дека неговото појавување не се придржува до правилата на клубот.

Иронијата е очебијна. Путин само што потроши над 50 милијарди долари за да ја одомаќини Зимската Олимпијада со единствена цел да докаже на светот дека Русија е цивилизирана држава чиј глас треба да се слуша и почитува. Кога неговите тенкови се нафрлија на Украина, сите тие години на работа веднаш ги проголтаа пламени јазици.

Advertisements