Во Египет и Тунис револуцијата продолжува !

egyptian_revolution_by_elshiekh-d399m4z

Извор

Со 17 милиони протестирачи на улиците на 30-ти јуни 2013, Египет ги имаше најголемите протести било кога во историјата на оваа земја. Протестирачите не можеа повеќе да издржуваат режим кој беше ништо повеќе од продолжување на Мубараковото владеење, но со ново лице. После неколку дена, Морси беше отстранет од војската, која избра да се откаже од него за да сочува нејзината контрола над стопанството и државниот апарат.

Илјадници мали општествени потреси го разнишија Египет пред големиот земјотрес на 30-ти јуни. Се случија 5000 демонстрации ширум земјата во текот на претходните пет месеци и меѓу нив преовладувачкото мнозинство се занимаваше со општествено-економски работи. Едно од главните барања одгласено за време на овие општествени движења беше за повеќе правда во однос на наемнините. {Марксистичкиот став за наемниот систем можете да го прочитате во Енгелсовите статии „Праведна надница за праведен работен ден“ и „Наемен систем“ – заб. на Т.З.} Опозицијата во општеството беше изразена на одлучен начин многу пред револуцијата. Бран од штрајкови веќе започна во 2005 година, со максимум во 2008 година. Револуцијата од 2011 година го цементираше овој феномен и ја даде првата автономна синдикална конфедерација на земјата, која денес има два милиони членови. {Марксистичкиот став за синдикатите можете да го прочитате во Енгелсовата статија „Синдикати“ – заб. на Т.З.} Покрај тоа, војската и полицијата имаа тешкотии да ги скријат своите внатрешни поделби: за време на протестите од 30-ти јуни, многу полицајци, војници и офицери им се придружија на протестирачите.

Во Тунис, убиството на пратеникот Мохамед Брахми на 25-ти јуни доведе до 48-часовен општ штрајк повикан од UGTT. Движењето беше добро поддржано. По четири дена убиството на осум војници од страна на салафистички елементи во внатрешноста на земјата предизвика масовна експлозија на гнев меѓу населението, кое одржа огромна демонстрација пред Националното уставно собрание, барајќи пад на владата и распуштање на Собранието.

Како во Египет, класната борба се интензивира во Тунис. Близу 30 000 општествени судири избувнаа во компаниите и администрацијата откако започна револуцијата. Туниските работници бараа добро платени редовни работни места, минимално ниво на социјална заштита и здравствено осигурување од страна на државата за луѓето со ниски приходи и за невработените. Победите беа бројни во ова поле бидејќи оттогаш беа потпишани многу договори за зголемување на платите за работниците во јавната администрација и приватниот сектор. Мора да се каже дека опозицијата во општеството превираше во текот на неколку години. Во 2008 година во рударската област Редејеф веќе имаше голем бран на мобилизации предизвикан од фалсификувани резултати за време на конкурирачки испит во јавната компанија која има право да експлоатира фосфати.

Перспективи

Во Египет, горните слоеви на војската му овозможија да поранешниот претседател Мубарак да биде ослободен под условна казна, чекајќи го своето судење каде тој ќе се појави како слободен човек. Што се однесува до Муслиманското братство, тие се обидуваат да го пренесат судирот на религиозна основа малтретирајќи го малцинството Копти. Во Тунис, протестите кои бараат пад на владата и распуштање на Собранието продолжуваат со нерамномерно учество. Енахда се обидува повторно да стекне предимство излегувајќи со одредени гестови на отвореност кон опозицијата и во своите говори одвојувајќи се од влијанието на салафистичкиот круг.

Како што ние веќе објаснивме, арапските револуции не се процес кој завршува. Општествените и економските околности на земјите во регионот и светската криза на капитализмот ќе водат кон нови пресврти. Ќе има востанија и бурни ерупции на масите на политичката арена. Ќе има опаѓања, заморување и летаргија меѓу народот, кои ќе доведат до тоа масите уште еднаш да се повлечат. Овие делумни отстапувања, сепак, само ќе бидат обиди за дури посилни мобилизации. Во отсуство на масовна револуционерна партија способна бргу да ги доведе работници до победа, револуционерниот процес неопходно ќе биде од развлечена и хаотична природа. Оваа партија мора да биде изградена од најреволуционерните елементи на младината и работничката класа во Египет и во Тунис, по секоја цена.