Во одбрана на Сириската револуција

Владата е смртоносен непријател, вечен непријател на народот, и за жал, ова тврдење е единствено вистинито.

– Жан-Пол Мара во бр. 28, L’Ami du Peuple

Информацијата што неодамна беше објавена за разочарани происламистички бунтовници на број од само стотина (кои не верувам дека би биле амнестирани со обѕир на тоа што го убија генералот и шура на Асад – Шавкат, министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи, вицепремиерот, поранешниот министер за одбрана и други клучни членови на режимот на Асад) НЕ ја дискредитира Сириската револуција крената од таканаречените локални координациски комитети против државно-капиталистичкиот режим на Асад. Овие локални координациски комитети постоеле ПРЕД да се формира Слободната сириска армија. Слободната сириска армија е формирана пак како реакција на масовните убиства извршени од полицијата на Асад чија жртва на шпионажа и мобинг е и поетесата Марам ал-Масри. Слободната сириска армија не смее да се поистоветува со криминалците од таканаречената организација Народен глас. Сирискиот национален совет пак е најголемата организирана опозиција која вклучува членови на Муслиманското братство и (капиталистички) либерали. И токму членовите на овие две групации империјалистите ги злоупотребуваат за да ја присилат својата агенда на сириската политичка сцена. Но, Сирискиот национален совет нема влијание на терен и има мала контрола над револуционерната борба низ земјата. Со постојаните повици на Сирискиот национален совет за интервенција на странски земји е разоткриен неговиот реакционерен карактер и ова злосторничкиот лисец Асад лесно го користи земајќи ги предвид силните антиимперијалистички чувства на сирискиот народ. Но, како што покажав со текст објавен на својот блог: Асад е докажан сојузник на империјалистите САД и Израел. Откако во 2001 година започна „Војната против теророт“, режимот на Асад се презентира како регионален сојузник на САД. Владите на САД и Канада започнаа да нишанат и набљудуваат одредени терористички групи. Овие напори вклучуваа пошироко угнетување против народот од Средниот исток. Режимот на Асад, со своето искуство на угнетување на муслиманското братство во Сирија, беше препознаен како корисен сојузник во овие напори. Всушност, одредени делови од американската владејачка класа го сметаат Асад за подоверлив партнер во регионот. Тие се плашат од Сириската револуција (!) и се загрижени дека една после-Асадова Сирија можеби помалку ќе сака да соработува со нив. Фактот што Сирискиот национален совет одбивал со месеци да ‘и даде поддршка на Слободната сириска армија е уште еден доказ дека Советот има реакционерна природа и дека пред себе нема цел за вистинска револуција, туку смена на режим согласно интересите на империјалистите нешто како шугавaта и шутрачка „критика“ на овдешните – „помалото зло“ (режимот на Асад) да се преферира пред „поголемото зло“ (Муслиманското братство односно Сирискиот национален совет) што пак се споредува на излитените квазисоцијалдемократски паравани а ла Бранко Тричковски и Ивор Мицковски кои прогласуваат секого за лунатик и идиот доколку не го преферираат „помалото зло“ (Црвенковски а сега очигледно капиталистот Заев) пред „поголемото зло“ (сегашната власт).

Поради ова реакционерно однесување на Советот и неговата неспособност да ја координира револуцијата, Слободната сириска армија е гневна. Оваа квазиопозиција (Советот) дури се противела на вооружување на народот против режимот на Асад но дури со притисок од народот, Советот бил принуден да го промени својот однос кон Слободната сириска армија, иако од лицемерни тактички причини за да всушност преземе контрола над Слободната сириска армија. Тој што го преферира режимот на Асад пред алтернативата на народот не може да биде комунист, тој е изгубен овен како многу други кои како стоици се спремни да одат на колење под ножот на капиталот, не можејќи да видат во мракот на својот малограѓански (ситнобуржоаски) ум дека капиталот не може да биде добар само затоа што е проруски или руски или единствено да биде лош американскиот или израелскиот капитал: капиталот не познава национални граници, туку граници на раст на својата профитна норма. И западниот и источниот капитал профитираат од Сириската револуција, се разбира на нејзина штета, продавајќи оружје на спротивставените страни Муслиманското братство наспроти режимот на Асад. Еве и еден буржоаски весник од добата на класичниот капитализам го потврдува тоа: „За капиталот со 300% профит не постои престап на кој тој не ризикува, дури и при опасност да го обесат“ (а кој ќе се осмели да го обеси рускиот или американскиот воен капитал, господа русофили и англофили?) „Ако вревата и кавгата носат профит, тој и двете ќе ги потспотнува“. Еве ја целата вистина пред која само совесните и вистински марксисти и комунисти се поклонуваат до земја! Па, ако граѓанската војна во Сирија носи профит за рускиот воен капитал или американскиот воен капитал, тие ќе ја потспотнуваат и во ООН безобѕирно ќе противречат на секоја рестрикција против режимот на Асад (кој има убиено 3781 деца заклучно до 2 март 2013) или Муслиманското братство во Сирија кое убива од секташки религиозни и етнички мотиви.

1013154_10151521697231769_461887731_n