Електронска и атинска демократија

kleroterion

1.Гласачки машини

Ние сме навикнати на мислењето дека Грците пронашле скоро сè: филозофија, апстрактна математика, парни машини, компјутери (1). Но, доаѓа како изненадување да се слушне дека тие исто така измислиле гласачки машини. Би сугерирал дека машината којашто тие ја употребувале била заснована на одредени научни принципи што оттогаш биле скоро заборавени. На многу начини нивната машина била понапредна како претставнички механизам од она што ние користиме денес. Во музејот Агора во Атина постојат остатоци од древните гласачки машини клеротерион.

Направени од мермер тие имале колони со тесни отвори за токени или картички.

Ние сме навикнати да слушаме за гласачки машини во САД. Нивната употреба во неодамнешните избори беше контроверзна. Она што  изненадува е што технологијата на гласачката машина е толку стара. Поголемото изненадување доаѓа од сфаќањето како тие работат. Тие не биле употребувани да се гласа за кандидати, туку случајно да се одбираат самите гласачи да заземат место во советот или булеварите на полисите, или за дикастаи или порота. Немало кандидати. Изгледа дека граѓаните се искачувале до машината и ја внесувале нивната лична карта. Кога колоните биле полни, Архонот (високиот службеник, владетелот) ја оперирал рачката, а се служело или црн или бел мермер. Врз основа на бојата цели низи карти биле или одбиени, или оние со картите биле одбирани да бидат во поротата или градскиот совет.

Тие правеле токени од глина и ги впишувале имињата на луѓето коишто биле избрани за службеници и токените потоа биле скршени на половина пред да се потпечат. Се претпоставува дека една половина била задржана од одбраниот функционер како токен на должност. Другата половина била задржана од архоните како доказ против фалсификување. Само оригиналот и неговиот одрезок, кога ќе се соединеле точно ќе си одговараат. Имајте ја на знаење сличноста на ова со tallia divinda користена од британската државна благајна за зголемување и пресметување данок пред 19-тиот век (3, 4).

Слика 2 покажува една од личните карти користени во машините. Картата била задржана од архонот кога на граѓанинот му била доделена служба. Тие само требале да бидат платени ако ја исполнат должноста на која тие би можеле да ја земат назад картата.

2.Институциите на класичната демократија

Машината била веројатно многу повеќе научен и прецизен претставнички механизам од оној што ние моментално го имаме. Тој осигурувал дека советот е статистички претставнички примерок на граѓанско тело.

Споредете го со нашите парламенти коишто врз основа на пол, класа и раса се јасно непретставнички на гласачите. Аристотел (Политика, и Атинска Конституција) тврдел дека постоеле три клучни принципи за демократија:

(1)Сувереното собрание на граѓани коешто одлучува за главните прашања. Првата и најкарактеристична особина на демократијата било правилото од мнозинскиот глас на сите граѓани. Ова било генерално со покажување раце во сувереното собрание или еклезиа. Сувереноста на народот (демосот) не била доверена на еден избран дом од професионални политичари како во парламентарниот систем. Наместо обичните луѓе, во оние денови селаните и трговците, се собрале масовно да расправаат, дебатираат и да гласаат за прашањата коишто ги интересира.

(2)Не постоело владата како таква, наместо тоа, секојдневното раководење на државата било доверено на совет од службеници извлечени преку ждрепка. Советот немал законодавни моќи и бил одговорен главно за донесување на политиките одлучени од народот.

(3)Последната важна институција биле народните судови или дикастериа. Овие судови немале судии, наместо тоа дикастите делувале и како судија и како порота. Дикастите биле избрани преку ждрепка од граѓанското тело, користејќи софистицирана постапка на карти на гласачи и доделувачки машини, а кога со судските одлуки биле донесени преку тајно гласање, не можело против нив да се поднесува жалба. Таа контрола на судовите дадена на народот била оценета од Аристотел како контрола на Конституцијата.

Тој понатаму тврдел дека државите засновани на избори одошто на ждрепка не биле демократии, туку аристократии. Тој рекол дека принципот на намерна селекција исходело во право на побогатите и поедуцираните кандидати. Посебно обележје на демократијата било што сиромашните всушност ја владееле државата.

is_this_democracy_58385

 

2.1.Британскиот систем аристократски според критериумите на Аристотел. Моменталниот изборен систем потекнува од праксата на избирање витези од грофовијата – избор на второстепени аристократи за Парламентот заедно со првостепените аристократи во Горниот дом на парламентот.

Парламентот останува аристократски според критериумите на Аристотел, што се должи на неговата претежност од правници и бизнисмени. Веројатно не постоело алтернатива во 19-ти век кога реформите започнале. Сега опциите се отвораат.

3.Современи опции

Со современата технологија оригиналните принципи на демократија можат да се повратат. Ако луѓето можат да гласаат електронски за Голем Брат, тие би можеле исто така да го прават тоа за критични национални прашања како што граѓаните правеле во Атина.

Примери:

1.Мир или војна

2.Ниво на национален буџет

3.Ниво на оданочување

3.1.Услови на избор. Потреба од протоколи за прашања коишто треба да се стават да се гласат, и за структурата на прашања. На пример: Треба ли трошокот за образование:

(1) да се зголеми за 1%

(2) да остане ист

(3) да се смали за 1%

Просечниот глас дава дефинитивен реално вреднуван одговор за промената во трошењето.

3.2.Ждрепка и реформа на Парламентот. Земете во предвид дека реформата на Парламентот не можела да ги замени аристократите преку булевар од граѓани во Атински стил извлечени случајно за да служат за една година. Технологијата за ова е во голема мера веќе инсталирана во машините за лотарија на место покрај Камелот.

Постои повеќе контроверзија околу биометриските идентификувачки картички предложени од министерството за внатрешни работи на Британија. Ако таквите картички се употребени во врска со лотаријата да ви дозволи да бидете Аристократ или Аристократка за една година, тогаш тие можат да се сметат како средство за контролирање на владата одошто обратното.

Аристотел, опишувајќи ги демократиите од своето време бил сосема јасен за фактот дека демократијата значела владеење од страна на сиромашните.

Противејќи се на аргументот дека демократиите едноставно значеле владеење од страна на мнозинството, тој го дал следниот пример: „Да претпоставиме целина од 1300 граѓани; 1000 од овие се богати, и тие не ја споделуваат службата со 300 сиромашни, кои се исто така слободни луѓе и во други погледи се како нив; никој не би рекол дека овие 1300 живееле под демократија“ (Политика 1290). Меѓутоа, тој вели дека ова е извештачен случај „што се должи на фактот дека богатите се секаде малку, а сиромашните многубројни“.

Како специфична дефиниција тој ја дава следнава: „Демократија постои секогаш оние кои се слободни и не се имотни, а се во мнозинство, држат суверена контрола над владата, додека олигархија постои пак кога контролата лежи во рацете на богатите, и овие се малкумина“.

Препораки

(1)D.J. de Solla Price, An Ancient Greek Computer, Scientific American, June 1959, 60-67.

(2)Aristotle The Politics, also The Athenian Constitution

(3)R. Wray, The Neo Chartalist Approach to Money, working paper 10, Center for Full Employment and Price Stability, 2000.

(4)P. Cockshott, Symmetries and Exchange Relations, Politica e Cultura, primavera 2005, 279-304.

(5)John Burnheim is Democracy Possible.

(6)Moses Finley, Democracy Ancient and Modern

(7)G.E.M de Ste.Croix, The Class Struggle in the Ancient Greek World

Автор: В. Пол Кокшот