Наводeн идеолошки судир и фактички судир на интерес во новата влада

Постои реален судир на интереси во новата влада што може да се види во службениот весник бр. 65 од 1 јуни и во службениот весник бр. 66 од истиот 1 јуни. Вицепремиерот Анѓушев и цела Регулаторна комисија треба да бидат кривично гонети за МАФИСКО изигрување на законот.

Ако СЈО се правдољупци и ако знаете да се служите со мечот на Јустиција, уништете ги Анѓушев и сите членови на Регулаторна како опасни социјални паразити! Ако не се и не знаат како со мечот на Јустиција, народот треба сам да направи специјално јавно обвинителство за Специјалното јавно обвинителство!

Постои реален судир на интереси во новата влада! На пример, составот на новата влада избран на 31 мај беше објавен во службениот весник бр. 65 од 1 јуни. Само една страница подолу има одлука на регулаторната комисија за енергетика, донесена на 31 мај, односно ден пред изборот на новата влада. Станува збор за привремена дозвола за производство на струја на мала хидроелектрана чиј косопственик е Кочо АНЃУШЕВ. Во службениот весник бр. 66 од истиот 1 јуни е објавено дека ден пред изборот на новата влада Регулаторна објавила статус на повластен производител на електрична енергија на друга хидроцентрала каде Анѓушев повторно е косопственик. Ова е типична буржоаска игра со која е изигран законот бидејќи Регулаторната комисија ги донела одлуките за доделување дозволи за бизнисите на Анѓушев да оперираат пред овој буржоаски врколак да стане вицепремиер, бидејќи ако овие одлуки беа донесени два дена подоцна ќе можеше да се покрене кривична постапка.

KochoAngjushev

Според редакцијата на Левица во написот „Нова влада: почетни критички рефлексии“ постои идеолошки судир во составот на новата влада изразен во лицата на вицепремиерот и министерот за финансии:

На чело на Министерството за финансии се појавува Драган Тевдовски, кој, поради соодветното образование и придржувањето кон економските теории кои ја застапуваат страната на маргинализираните и обесправените групи, делува како да ќе го опфати економскиот интерес на голем дел од нашето општество кој досега беше игнорирано. …Кочо Анѓушев за вицепремиер за економски прашања, што неизбежно треба да се протолкува како одлука која стои во несогласност со досега најавуваната економска политика на СДСМ. Овој човек ги претставува интересите на онаа класа која досега профитираше и се богатеше за сметка на осиромашувањето на мнозинството граѓани.

Нашиот досегашен став по однос на идеолошкиот профил на Драган Тевдовски е дека нема идеолошки разлики меѓу Стево Пендаровски, Бранимир Јовановиќ од „Левица“ и новиот министер за финансии Драган Тевдовски, па чудо едно е што двете партии не настапија заеднички против владината коалиција на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември 2016.

Логиката на Левица, Бранимир Јовановиќ и Драган Тевдовски за економијата во прилог на сиромашните и работниците е следната! Ќе го помагаме капиталот (мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот, за да потоа, го даночиме капиталот за да му помагаме на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир!

Уште една позитивна реформска најава која се надоврзува на прогресивната даночна структура е зголемувањето на минималната и просечната плата, со што би се интервенирало во материјалната состојба на сиромашната класа во Македонија, односно најпотиснатиот општествен стратум.

Редакцијата на Левица не е во право што, како и новиот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот советник Бранимир Јовановиќ, смета дека зголемувањето на минималната и просечната плата ќе гарантира подобрување на материјалната состојба на сиромашната класа во Македонија.

Со повисоките плати гарантирани од партијата којашто претендира превласт не се живее подобро, туку се ПРЕЖИВУВА подобро. Прангите на наемното ропство спречуваат мнозинството граѓани да живеат подобро, односно ги присилува на борба за преживување. Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Доказ за тоа е експлоатациската метода на капиталистите да го интензивираат процесот на труд, со продолжување на работниот ден или работните смени, интензивирање на работата на самите машини, зголемување на нормата од парче, кратење на дневницата, и во најлош случај селење на капиталот и соодветно на тоа отпуштања.

Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство. (Маркс)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s