Сашо Тасевски јаде албанско социјалшовинистички гомна

„Ставете го ова еднаш во тие лејките, наместо да паѓате на пропагандата на неаболицираниот криминалец Груевски.“, вели Сашо Тасевски, завршен цитат.

За тоа колку империјалната сила САД ги штити и инвестира во своите „сатрапии, полупротекторати“ може да се види во фактот дека бизнис рајот е секогаш работнички пекол! Побогу, цела книга е напишана колку реално оваа империјална сила е душогрижничка за своите „сатрапии, полупротекторати“, види Livre noir du capitalisme (Црна книга на капитализмот). Цела специјална војна е водена против СФРЈ од страна на оваа империјална сила со помош на терористички групи како ОВК уште во 1972 година, албанско-усташката емиграција во Торонто, види „Југославија како објект на специјалната војна“ од Иван Бабановски, за да денес уште еден лицемер Бранко Тричковски напише дека комунизмот не чини, но тој комунизам оставил институции кои „талибанците“ на ДПМНЕ ги срушиле, па што го сочинува еден општествено-економски систем, ако не неговата политичка надградба, неговите институции! Од каде тогаш потребата за озлогласената транзиција од еден систем во друг? Се разбира, да се ограби општественото богатство на работничката класа, за никаква демократија, за никаков парламент, гледаме денес ние многу убаво, дека овој парламент и оваа демократија уважуваат само олигархија, богаташи и амнестирани воени злосторници, место за работникот нема во парламентот и во демократијата! И зошто ти не си ставиш во твојата лејка дека ја пропагираш тезата за опција на чесни политичари а таква опција на овие избори граѓаните ја немаа: и Заев, и учките од тесното раководство на ДУИ и првиот ешалон на ДПМНЕ се амнестирани криминалци!

„И сите знаеме за платформите на албанците, тие не се од пред еден месец. Од пред сто години се.“, вели Сашо Тасевски, завршен цитат.

И да се пред сто години, ако учките од тесното раководство не беа амнестирани и Хашките случаи процесирани како треба, денес немаше да бидат во можност да уценуваат – бидејќи ќе трулеа во затвори. Се постави и друг проблем на длабоко лицемерие во морализирањето на Сашо Тасевски: Како може одеднаш амнестијата за учките од тесното раководство на ДУИ да биде нивно неприкосновено право а против којашто и гласаа самите пратеници на СДСМ, за да денес се противиме на амнестијата на првиот ешалон на ДПМНЕ, тогаш по кои норми функционира нашата правна држава? Дали сега кога со поддршка на пратениците од ДУИ, СДСМ може да дојде на власт, ќе се разобличи како партија на властољубиви политичари или такви што се држат до своите принципи, дека амнестијата против којашто гласале останува нелигитимна, производ на зачувување на владеењето на ДПМНЕ и ДУИ, а не на законите?! За крај, за да не бидат овие платформи стари сто години, Фазли Велиу требаше да биде осуден за своите воени злосторства против човештвото, а не денес, да држи говори на манифестации на УЧК ширум северозападна Македонија! Џеват Адеми лицемерно се жали дека „граѓаните не прашуваа како издржавме во коалиција со ДПМНЕ“, но изгледа дека таа рамковна Македонија била само за оние кои за курчење дома земаат плата, се разбира, од крвта и потта на работничката класа! Многу голем таксират била таа коалиција, нема што! И како не му е срам на Гзим Острени, имаш ли тој трошка човечко чувство, да го амнестираат македонските партии (ДПМНЕ и коалицијата) за воени злосторства против македонската држава, за да денес неблагодарно, подмолно и исмевачки стои зад Зијадин Села додека тој уценува „или бинационална држава или федерација“? Сите овие докази за лигавоста на државноста на Македонија се последица не толку на политичката волја на македонските политичари да ги казнат воените злосторници за да има поука за следните, се разбира, туку на немање реална поделба на власта во РМ: на судска, на законодавна и извршна, на немање правна држава!

„Рамковниот е дел од таа платформа како резултат дека таа војна не ја добивме, пошто сме многу јаки, ко фалангата на Александар.“, вели Сашо Тасевски, завршен цитат.

Војната од воена гледна точка ќе беше добиена, но таа воена победа беше осуетена од заканата од бомбардирање од страна на истата империјалистичка сила на којашто се повикуваш дека ја спасила унитарноста на Македонија, како и од предавството на потписниците на Рамковниот договор, но и на командантите и водачите на АРМ: Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Панде Петровски.

„Албанците ќе си го тераат своето, оти се обединети и им се може, а ние мора да ги искористиме нашите сојузници да ја стабилизираме државата, како би ги скротиле сите шовинистичко сепаратистички тенденции од било која страна, за да не ја изгубиме преку ноќ, ако случајно нашите ментори кренат раце од нас.“, вели Сашо Тасевски, завршен цитат.

Албанците, слушај лицемеру, во 2001 год. беа насилно регрутирани од страна на Али Ахмети и Фазли Велиу, а за тие албански семејства кои не сакале нивниот син да се бие, морале да плаќаат глоба, и тоа неиздржливо голема глоба, што на крајот морале, заради своја безбедност и безбедноста на синовите, да допуштат да бидат регрутирани. Албанците имаат граѓанска свест и нивната граѓанска свест може уште побрзо да се развива ако социјалшовинистичките свињи од балистичката ДУИ беа на време изведени на суд и осудени. Само преку правна санкција на нивните воени злосторства ќе се спречеа сите идни тенденции за сепаратизам и шовинизам! Па, побогу, не може, имајќи притоа докази за граѓанска освестеност на албанските гласачи, да ставиме знак равенство меѓу воените злосторници и цела етничка заедница, и со тоа ја плашиме јавноста дека ако ги процесиравме Хашките случаи, „Индијанците“ (назив за албанските сограѓани даден од Г.Јанкуловска) ќе кренеа буна, зарем би кренеле буна против себе, против албанските семејства кои исто така како и македонски семејства загубија свои членови бидувајќи егзекутирани на мистериозни места од страна на озлогласената ОНА?! Тоа што изборната коалиција на опозицијата доби гласови од албански гласачи доволно зборува за нивниот потенцијал за граѓанска свесност. Албанците можеби ќе го тераат своето само затоа што таквите како Фазли Велиу се на слобода денес да ги шират идеолошките националистички лаги за УЧК. А твојот став дека „им се може“ е истиот став изречен од Гордана Јанкуловска, реферирајќи на „Индијанците“.

„А ако кренат, да не се лажете, ни Путин ни Мирка ни Ќосето ќе не спасат. За пола саат ќе не проголта мракот. Ова Груевски, Миленко и Мирка не ви го кажуваат, наместо тоа ви ја полнат главата со лажен романтичарски национализам, кој не само што не значи ништо, туку е смешен во очите на оние од кои зависи нашиот опстанок како држава. Ете ви нацртав со прости зборови. Кој разбра, разбра.“, вели Сашо Тасевски, завршен цитат.

Точно, голема е веројатноста да, како што Џеват Адеми самиот изјави во парламентот (!) дека ако не им се оди по нивните каприци, западнеме во социјалшовинистички мрак. Се закануваа и за бомбите на Заев, затоа и можеби СЈО упорно молчи дали некој албански политичар е под нивна истрага! Неопростиво е за СДСМ кој вчера пратениците на оваа партија гласаа против амнестија на тесното раковоство на ДУИ, денес непринципиелно нивниот лидер З.Заев да изјавува дека пукачот во уставот на РМ е најискусниот парламентарен демократ во собранието на РМ! Местото на Талат Џафери е зад решетки, а не на столчето како Претседател на Собрание.

Тој З.З. сега преговара со амнестирани терористи против чија амнестија гласаа пратениците од неговата партија и според тоа ако е принципиелен политичар со доблести на човек и хуманист – како што ДПМНЕ го повикува СДСМ за отфрлање на наводно прифатената платформа врз основа на која ќе се формира идната влада – на ист но доблесен начин нека СДСМ го повика ДПМНЕ во парламентот да изгласаат укинување на амнестијата и на тој начин ја разрешат вештачката криза со авторите на платформата. Се разбира, поентата е да се казнат криминалците од ДПМНЕ а не да се бара нивна поддршка за нешто и во исто време да се исплашат тие караконџоли од ДУИ да ја повлечат платформата која како што рече Ќулафкова – како да ја напишале луѓе од ДПМНЕ а не од ДУИ – затоа што националистичката платформа на албанските партии најмногу им оди во прилог на вмров’ците!

П.С. Во една бомба на З.З., Ахмети и Груевски се договараат како да ја координираат урбаната мафија, сепак, СЈО досега не сака да каже дали некој политичар од ДУИ е под истрага за кривично дело. И се поставува веднаш друго прашање на кое З.З. ако е политичар од принципи би морал да одговори: Како може да се нема компромис со криминалци од ДПМНЕ а може да се има преговори за идна влада со довчерашните коалиционери на ДПМНЕ во една криминална влада?! Во право е Милошоски кога му реплицираше на Оливер Спасовски дека не може само ДПМНЕ да се ѓаволите а ДУИ анѓелите кога двете партии ја чинеле владината коалиција, делеле ешалони, итн. И не може да се инсистира на формирање на влада со бивши коалиционери на криминалната ДПМНЕ кога бомбите на З.З. докажуваат дека и тие биле соучесници на криминалот на ДПМНЕ. Ако веќе се инсистира на формирање на една таква влада, таа ќе биде формирана на сметка на правната држава, што ќе изискува заклучок дека Шарената револуција била лажна, хомодуплексна, елитистичка, антиграѓанска, дури една аристократска револуција!