Драган Тевдовски, лажете, се зголемиле само профитите за газдите!

Пресметка на украден профит од работниците во двете тримесечја од владеењето на Заев; сите податоци се од државниот завод за статистика:

Компензации во плати и осигурување за работниците:

јуни 2017 од 33 509 денари

јули 2017 од 33 328 денари

август 2017 од 33 675 денари

Вкупно: 100 512 од работник

септември 2017 од 34 127 денари

октомври 2017 од 34 266 денари

ноември 2017 од 34 079 денари

Вкупно: 102 472 од работник

во второ тромесечје (јуни, јули, август) вработени имало 739 892

во трето тромесечје (септември, октомври, ноември) вработени имало 743 451

БДП за второ тромесечје 153 506 000 000 денари

БДП за трето тромесечје 159 746 000 000 денари

профити = бруто домашен производ минус компензациите за работниците

профити за газдите во првите три месеци на владеење на премиерот Заев:

153 506 000 000 минус 74 368 024 704 = 79 137 975 296 денари, или по 36 763 евра на капиталистичка глава

профити за газдите во вторите три месеци на владеење на премиерот Заев:

159 746 000 000 минус 76 182 910 872 = 83 563 089 128 денари, или по 38 819 евра на капиталистичка глава

Капиталот не произведува никаква вредност. Трудот е, покрај земјата, единствен извор на богатство; самиот капитал не е ништо друго освен натрупан труд. Од тоа следува дека работничката надница се плаќа од трудот и дека работникот добива надоместок од својот сопствен труд. Во склад со она што се нарекува праведност платата на работникот би морала да се состои од производите на неговиот труд. Меѓутоа, според – министерот Тевдовски и неговите мецени, капиталистите – тоа не би било праведно. Спротивно, производот на трудот оди во џебот на капиталистот, а работникот од тоа не добива ништо освен мизерни средства за преживување. И резултат на оваа необична „праведна“ конкурентска борба испаѓа така да производот на трудот на оние кои работат се натрупува неизбежно во рацете на оние кои не работат и во нивни раце станува најмоќно средство за поробување точно на оние луѓе кои го создале.

Праведна надница за праведен работен ден! Би имало уште многу што да се каже и за праведниот работен ден чија праведност точно е соодветна на праведноста на надницата. Но тоа мора да го оставиме за друга прилика. Од изложеното се гледа јасно дека старата девиза се променила и тешко може да опстане во денешно време. Праведноста на политичката економија, онаа што во стварноста ги одредува законите што владеат со денешното општество, таа праведност целата се наоѓа само на една страна – на страната на капиталот. Затоа закопајте ја засекогаш старата девиза и заменете ја со друга:

Сопственик на средствата за производство – суровините, фабриките и машините – треба да биде самиот работен народ.

Advertisements