За Меѓународниот ден на работничките – борете се против угнетувањето на жените

fight-back-against-womens-oppression-2

Ние живееме во период кој може да се дефинира како еден од најтурбулентните во историјата. Економската криза, преку својoт размер, предизвикува голема промена во свеста на работниците ширум светот. Противречностите и слабостите на овој систем стануваат очигледни како што капитализмот се свиткува под својата тежина. Како и секогаш, тоа се сиромашните, угнетените и работниците кои мораат да го носат ова бреме за да ги задржат привилегиите на богатниците. Нема дел од работничката класа кој толку многу ја трпи оваа мака од работничките.

8 Март, Меѓународниот ден на работничките, е еден од најважните датуми од календарот за глобалното работничко движење. Тоа е денот кога ние укажуваме чест на огромните придонеси кои работничките ги дале во борбата за праведно општество. Тоа е денот кога ние го реафирмираме почесното место на жените на чело на нашето движење. Повеќе од било што друго, тоа е денот кога сите работници, без оглед на нивниот пол, боја или верување, ги потсетуваат оние кои бараат да нè поделат дека ние знаеме дека нашата борба, нашиот непријател и нашата цел е една и истата.

Условите со кои се соочуваат работничките денес јасно ја отсликуваат системската природа на нивната експлоатација. Наспроти писоците на свирки од страна на газдите кои го заглушуваат врисокот на правата на жените во последните неколку децении, фактите покажуваат дека нивните зборови не се одразени од нивните дела. Според Конгресот на британскиот синдикат (TUC), стапката на отпуштање од работа за работничките се зголеми до 2.3% од почетокот на 2008 година, скоро двојно од таа на работниците. Според Меѓународната трудова организација (ILO), 90% од работниците во експлоатациските фабрики се жени и млади девојки.

Корпорациските мас-медиуми, кога се принудени да ги кажат овие факти, континуирачки се обидуваат да ги збунат работниците презентирајќи им го прашањето како прашање на пол наспроти пол. Ројтерс, во статија за ефектите на рецесијата врз жените, потроши еден параграф зборувајќи за незгодата на работничките и го посвети остатокот од својата статија од три страници дискутирајќи за тоа колку жени се извршни директори или членови на управни одбори на најголемите корпорации. Аргументот даден од либералните феминисти е дека прогресот на жените може да биде измерен од тоа колку жени имаат позиции на власт во големите корпорации и во владите. Кога Стефен Харпер објави прегрупирање на кабинетот по последните федерални избори во Канада, буржоаските феминисти беа восхитени кога тој именува рекордни 11 жени, или 29% од кабинетот, во неговата конзервативна партија. Феминистичката невладина организација, Каталист, се фали дека процентот на женски извршни директори на успешни 500 претпријатија се зголемил од 8.7% во 1995 год. до 16.4% во 2005 год. Сепак, дали фактите како овие навистина значат дека благосостојбата на сите жени се подобрува? Според Конгресот на трудот на Канада (CLC), во истиот десетгодишен период, работничките регресирале од заработка на 72% од платата на работникот за работа од еднаква вредност, до само 70.5%. Имањето на повеќе жени кабинетски министери и извршни директори не само што не успеа да ја подобри положбата на многу работнички, туку и еднаквоста во платите всушност се намали во последната деценија, а експлоатацијата на жените е очигледна како никогаш порано.

Капитализмот зависи од подјармувањето на жените до нивна борба за преживување. Сексизмот, заедно со расизмот и секоја друга расколничка алатка што буржоазијата ги поседува, се витални клинови кои се потребни да се разделат работниците од своите другарки работнички за да се спречи издигнувањето на она што може да го собори овој систем: единството на работниците. Буржоаските жени, извршните директорки и кабинетските министерки, немаат ништо што да добијат со што ќе стават крај на несразмерната експлоатација на работничките. Всушност, тие имаат посебен интерес во осигурувањето да ова угнетување продолжи. Држењето на работничките за пониска плата од нивните колеги го има ефектот на вршење притисок врз работниците да прифатат пониски плати за да се натпреваруваат за истите работни места, според тоа одвратно гаејќи сексизам и спротивставувајќи ги работниците едни против други.

Покрај тоа, жените се створени да формираат резервна армија на евтин, мобилен труд, кој е многу профитабилен за капиталистите. Има причина зошто жените извонредно многу ги исполнуваат услужниот сектор и експлоатациските фабрики со нископлатени работни места. Капитализмот не го смета создавањето и одгледувањето на живот како реална продуктивна работа во општеството и очекува тоа да биде направено за беспари, во голема мера од работничките. Биолошката улога на жената како онаа што раѓа дете создава ситуација каде, во услови на капитализам, тоа се жените кои исто така се тие кои мораат да го носат бремето на одгледувањето деца. Ова ги остава жените со двојно бреме да бидат одговорни за грижа над своите деца и домот, додека покрај тоа да работат за да помогнат да ги издржуваат. Носењето на ова екстра бреме ја остава жената со малку слободно време да стане политичка активна, да организира синдикати, во многу случаи, дури работи полноработно време. Ова води кон тоа жените да бидат присилени во најексплоатациските работни услови, често платени со мизерни надници, според тоа правејќи ја нивната ситуација уште полоша, помагајќи поново да се присили нивната економска зависност од мажите.

Ова е таа економска зависност која ги присилуваше жените да ја трпат најпонижувачката злоупотреба низ векови. Дури во таканаречените просветлени западни држави, секој ден работничките се соочуваат со изборот меѓу сиромаштија, бездомништво и губење на своите деца на една страна, или присилување да бидат со насилен и навредлив партнер на друга страна. Програмите да се заштитат жените од овие ситуации, макар што се оскудни, исто така се кратени од владите кои бараат начини да заштедат пари во време на финансиска криза. Сепак, наспроти (или можеби поради) општествените и економските неволји со кои работничките се соочуваат секојдневно, кога овие жени воскликнуваат да ги бранат своите права, тие го прават тоа со недостижна борбеност.

Иронично, тоа се буржоаските жени кои делуваат како некои од најлошите експлоатирачки работодавачи на работничките. Сè што треба да направите е да се качете на автобус рано наутро низ било кое богато соседство за да ја видите армијата на дадилки и хигиеничарки, во голема мера составена од имигрантски жени, кои извршуваат домашни работи за овие капиталистички семејства. Буржоаските жени, се разбира, навистина се „ослободени“. Тие се слободни како од дневната мака на наемниот труд така и од заморливото бреме на домашното ропство и можат доброволно да ги тераат истите цели кои буржоаските мажи ги тераат, како политика, бизнис и академска работа. Ова „ослободување“,  кое либералните феминисти сакаат да го опишат како победа за жените, реално е само истоварување на сите овие бремиња директно врз веќе преработената маса на работнички.

Должноста на сите социјалисти е да се борат против сексизмот во работничкото движење, не само поради неговиот одвратен шовинизам, но поважно бидејќи тој е алатка искористена од газдите да поделуваат и да владеат. Општата тема споделувана и од либералните феминисти и од реакционерните шовинисти е дека мажите и жените имаат сопернички интереси. Социјалистите веруваат дека ова е неточно. Буржуите имаат интерес во задржувањето на родовите поделби, додека работниците симултано имаат интерес да ги укинат. Ние се бориме по класна линија за социјализам не поради тоа што, како што некои академици тврдеа, „марксизмот не ја разбира борбата на жените“, туку токму поради спротивната причина.

Марксизмот е исполнет со преку 150 години на тешко освоено искуство во борбата против експлоатацијата и угнетувањето на жените. Преку континуирачко студирање на оваа жива историја на нашето движење ние сфативме дека не постои решение на борбата на жените во услови на капитализам.

Само во социјализам може да се најде решение. Преку општа грижа над деца, образование, домашна и здравствена нега, преку поопштествување на домашните работни задачи со создавање на јавни пералници, кујни, итн. и преку загарантирана еднаква компензација во систем на целосна и правична вработеност, може бремињата натежнати на општествениот развој на работничките да бидат најпосле кренати.

На 20 февруари 2009, две ирански работнички беа казнети до 100 јавни камшикувања. Нивниот прекршок не беше парадирањето на реакционерните „закони на доблест“ на иранскиот режим. Она што тие го направија беше далеку поопасно за иранската држава, тие беа уапсени и камшикувани поради присуствување на собир на Први Мај.

Ние марксистите знаеме, како што знае и владејачката класа, дека револуционерниот потенцијал на работничките е Дамокловиот меч кој виси над неа и нејзиниот систем. Во 1917 година, тоа беа петроградските жени кои маршираа од фабрика до фабрика, пробудувајќи ги своите синови, браќа и татковци да излезат на улици што беше почеток на Руската револуција. Токму како тогаш, тоа ќе бидат жените кои ќе ја овоплотат нашата револуција. Тоа ќе бидат работничките кои ќе го предводат крајот на капитализмот, а со него и крајот на експлоатацијата на жените сега и засекогаш. Ние велиме: „Не може да има социјализам без ослободувањето на жените, и не може да има ослободување на жените додека економското ропство на капитализмот опстојува.“

Џулијан Бенсон