Црниот расизам на Antropol.mk

MabiluWedding5

Претендирајќи дека се за очовечена политика, неандерталците од Антропол почнаа да промовираат и црн расизам. Тие абер немаат дека трансферот на земја од белците кај црната раса нема ништо заедничко со социјализмот!

“Национализацијата на земјата и давање во закуп помали делови на поединци или работни задруги, би довело, при власт на средната класа, само до безобѕирна конкуренција меѓу нив и според тоа би предизвикало одреден пораст на „рентата“ и така би дало можност на присвојувачите да живеат на сметка на производителите.

Земјата може да биде само национално сопствеништво. Да се предаде земјата на здружените земјоделски работници би значело да се предаде општеството на една посебна класа производители.” (Маркс)

Според ова гледаме дека комунизмот како политичка идејна платформа го дисквалификува владино наметнатиот трансфер на земја од една раса во рацете на друга како чист расизам. Комунизмот вели дека дури од овие нови сопственици – црни – ќе се издигне нова на земјопоседници против целата црна раса. Значи, ние имаме двојна дискриминација, против белите индивидуални земјопоседници и против целата црна раса (или читај: против целата црна работничка класа). Во денешно време на современи земјоделски технички достигнувања да се бори една влада за трансфер на земја од едни кон други расно профилинирани членови е во најмала рака глупост.

Не само што земјоделците треба да се даночат како би се задушило приватното индивидуално производство, туку една силно профилирана левичарска партија би барала здружување на земјоделскиот труд под еден заеднички свесен план на стопанисување, бидејќи само од задругите и поопштественото земјиште може да настане конкурентно земјоделие.

Засега, во црната заедница од 1 256 000 фармери, земјата припаѓа на сите а производот од нивните земјоделски активности е главно заради нивна лична потрошувачка.

Да се стимулира ситното стоковно производство не само што е анти-социјалистичка мерка, туку и тоа би било лудост од волунтаризам да се пренебрегнуваат придобивките од материјалните производствени сили кои ја даваат економската база за комунистичка организација на руралните средини. Ситните земјоделци никогаш нема да можат да ги применат научно-техничките достигнувања во земјоделството, освен во задруги и национализирана земја, и според тоа никогаш нема да можат да бидат конкурентни на друг национален или меѓународен пазар на земјоделски производи.

Неандерталците од Антропол.мк не се дрзнуваат да ги известат своите читатели дека нивниот идол – богаташкиот демагог – Малема како силен подджувач на конфискацијата на земјата од белите фармери, во 2016 година изјавил: „Не повикувам за масакрирање на белите луѓе – барем засега.“

17793_10201783485459718_535188629_n

Според различни извори, скоро 70 000 белци биле убиени од страна на расно мотивирани припадници на црната раса во Јужно Афричката Република од 1994 година навака, меѓу нив најмалку 4000 бели фармери и членови на нивните семејства!

Поддршката на членовите на Јужноафричкиот парламент за земјишната експропријација доаѓа во време кога владата на Зимбабве основа комитет за компензација за да им овозможи на поранешните комерцијални фармери чија земја им беше одземена пред 18 години под режимот на Роберт Мугабе да им биде компензирана.

Потегот да се компензираат раселените фармери, инициран од претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва, кој неодамна беше избран да го замени Мугабе откако тој се повлече во ноември 2017 година под притисок на војската, претставува значјно оддалечување од пристапот на неговиот претходник.

Според Синдикатот на комерцијални фармери на Зимбабве повеќе од 4000 бели фармери биле погодени од често насилната програма на земјишна реформа.

Она што е најважно, таа имала катастрофални последици за националната економија, бидејќи оваа земјишна реформа го забрзал економскиот пад на Зимбабве кога пропаднал земјоделскиот аутпут.

28795563_430386637392568_3221505428936747764_n

Advertisements