Бојан Богевски и Томас Пикети се исти ситно-буржоаски гомна (2)

Dvl5Jls

Кон првиот дел од одговорот

„За среќа, сметаме дека приказната на проф. Пикети не е доволно уверлива. Прво, фокусот на нееднаквоста лесно може да нè оттргне од вистинската слика и е далеку од репер за благосостојбата и праведноста во една земја. На пример, согласно со коефициентот Џини, САД е на слично рамниште со Гана. Сепак, не познавамe многумина кои попрво би избрале да живеат во Гана наместо во Америка (Гана е на 136. место согласно со индексот за човечки развој на Обединетите Нации, додека пак, САД се на 12!).“ (Бојан Богевски, Критички осврт на делото „Капиталот во 21 век“ од Т. Пикети, стр. 83, Политичка Мисла, бр. 47, година 2014, Скопје)

Споредбата на Бојан Богевски меѓу САД и Гана е глупа, вонисториска. Зошто Бојан Богевски не ги спореди САД и Шведска, на пример?! Гана, за разлика од САД, станала независна од европскиот колонијализам во 1957 година, макар што оваа земја сега е регионална сила во Западна Африка поради растечкиот економски напредок и развиениот демократски буржоаски систем. Но, да се вратиме на примерот со Шведска и САД. Наследството од владеењето на социјалдемократската партија во Шведска нашироко се цени како зголемување на квалитетот на животот, се разбира, меѓу тие коишто користат директно од обилното, ниско-стратифицирано општество, но дури и меѓу богатите граѓани. Еден директор од Волво признал дека една силна социјална држава на благосостојба, како Шведска, помага финансиски да се подобри животот што ниските приходни даноци не можат. Кога бил прашан: „Зошто не ја напуштите Шведска? Се разбира, вие би плаќале многу пониски даноци и веројатно исто така би имале повисока плата во САД“, тој одговорил: „Да, се разбира, јас би имал многу повеќе пари в џеб. Но, исто така скоро никогаш не би си доаѓал дома пред 7 часот и се разбира не би имал одмори како што секој овде има право на тоа… и знаете што друго, би морал да трошам многу повеќе пари на осигурување, на колеџ за моите деца и за патување назад до дома кај моето семејство. На крајот, не сум навистина сигурен дека би стоел подобро финансиски“[1].

Пред сè, само од себе се разбира, дека работникот во целиот негов живот не е ништо друго освен работна сила, дека според тоа целото негово расположиво време од природа и по право е работно време, значи му припаѓа на самооплодувањето на капиталот. Времето потребно човекот да се изгради, духовно да се развие, да ги исполнува општествените функции, општествените обврски, слободните игри на физичките и духовните животни сили, дури и самото празнување на неделата сето тоа е само трици. Туку во својот безмерен слеп стремеж, во својата ненаситна вампирска глад за вишок на трудот, капиталот ги прегазува не само моралните туку и чисто физичките максимални граници на работниот ден. Тој го узурпира времето за растење, за развивање на телото и неговото одржување во здравје. Тој го краде времето потребно за ползување чист воздух и сончева светлина. Здравиот сон за собирање, обновување и освежување на животните сили тој го сведува на толку часа замреност, колку што е неопходно за повторно оживување на апсолутно исцрпениот организам. Место нормалното одржување на работната сила да ги определи овде границите на работниот ден, обратното, најголемото можно дневно издавање на работната сила, па како и да било тоа болно, насилствено и мачно, ја определува границата на починката на работникот. Капиталот не прашува за должината на животот на работната сила. Тоа што го интересира него е единствено и само максимумот на работната сила, што може да се пушти во движење за еден работен ден. Тој ја постигнува оваа цел со скусувањето на векот на работната сила, како што некој лаком земјоделец постигнува повисок принос од земјата со тоа што ја ограбува плодноста на земјата[2].

Марксовата контемплација од Економско-филозофските ракописи (1844) е сè уште кобно веродостојна: „Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Колку што повеќе тие сакаат да заслужат, толку повеќе мораат да го жртвуваат своето време и, потполно да се одрекуваат од секоја слобода, извршувајќи ропски труд во служба на лакомоста. При тоа тие го скратуваат својот живот. Тоа скратување на траењето на нивните животи е поволна околност за работничката класа во целина, бидејќи на тој начин секогаш има потреба од нова понуда. Таа класа мора секогаш да жртвува дел од себе за да сосема не би пропаднала.“

„За да заработат пари потребни за да ги задоволат своите аспирации, американските и британските семејства работат подолги работни часа… Американците, проследени од Британците, работат подолги часови во годината, а жените работат повеќе отколку во другите индустријализирани земји. Во Америка, покрај тоа, сразмерот на работници што остануваат во расположливата работна сила после 60 и всушност над возраста на пензионирање е поголем од оној во повеќето европски земји. Американските работници одработуваат најдолги часови во индустријализираните нации: 1834 часа по глава во 2000. Врз основа на податоци од Организацијата за економска соработка и развој и Меѓународната организација на трудот, американскиот модел на растечки часови одработени по индивидуа во годината, што изнесува 1824 во 1983, најостро се разликува со тој на европските работници, кои постепено трошат помалку часа на работа, особено во земјите како Норвешка и Холандија каде што часовите одработени во 2002 биле 1371 во Норвешка и 1380 во Холандија.“[3]

„Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство.“ (Маркс). Доаѓаме до заклучокот дека дури ни зголемувањето на наемнините не е решение, конкретно во случајов – решение на здравствената и социјалната состојба на американската работничка класа.

„И што ако „социјалната нееднаквост“ е проследена со општо зголемување на стандардот на мнозинството граѓани, како што е случај во најголемиот број западни земји!? Економијата не е zero-sum game! Можеби одредени граѓани полесно акумулираат богатство, но не може да се тврди дека еден Бил Гејтс и Стив Џобс го направија своето богатство на сметка на останатите. Имено, во САД, од 1979 г. па наваму приходите на најсиромашните 20% се речиси удвоени (истиот период во кој расте и приходната нееднаквост). Покрај ова, денес на речиси сите нас ни се достапни огромен број нови производи и услуги (од одлични паметни телефони, клими, машини за домаќинство и компјутери, па сè до поефикасни лекови и што уште не) коишто, пред сè, го подобруваат животот на обичниот граѓанин.“ (Бојан Богевски, Критички осврт на делото „Капиталот во 21 век“ од Т. Пикети, стр. 83, Политичка Мисла, бр. 47, година 2014, Скопје)

AAEAAQAAAAAAAAfsAAAAJGM3OGY2MjZjLWVkNmQtNDgzNC04ZTdiLWY1OWMwYzk3ZTQxMw

На пример, Стив Џобс буквално го направи своето богатство на сметка на животот на своите работници! Сепак, природата ги уништува сите противници на марксизмот и работничката класа: Стив Џобс во 2011 год. умира од рак на панкреас. Работниците во фабриката Фокскон во јужниот кинески град Шенжен произведуваат електронски компоненти за iPhone на Apple и за iPad. Во 2010 година 10 работници извршиле самоубиства. Имало други два обиди за самоубиство. Сите смртни случаи биле адолесценти меѓу 18 и 25 години. Долгите часови, ниските плати и високиот притисок направиле таму неподнослива работна средина. Според кинеските медиуми, причината за самоубиствата е чувството помеѓу работниците дека тие се машини. Многу од нив започнуваат да работат во 4 часот наутро, па поминуваат низ движења повторувани илјадници пати во текот на своите често долготрајни смени. „Во секоја смена ние завршуваме 4000 Dell компјутери, цело време стоејќи“, вели еден работник од Foxconn за весникот China Labour Watch. Една смена обично трае помеѓу 10 и 12 часа и вработените се жалат дека надгледувачите ги присилуваат на воена дисциплина. Жанг Минг, политиколог на Народниот универзитет на Кина, рекол дека работниците реагирале емоционално како да тие биле машини или резервни делови. „За повеќето мигрантски работници родени во 1980-те и 1990-те години, неподносливо е за нив да живеат во место без културна средина и општења со своите пријатели. Тие се психолошки слаби. Инцидентите со самоубиствените скокања низ прозор во Фокскон се повици за живот“. Заедничките спални соби на работниците се опремени со заштитни мрежи, фотографирани во индустрискиот комплекс на Фокскон во Шенжен. Фокскон ги постави мрежите и вработи психолози поради големиот број на самоубиства кои го достигнаа максимумот во 2010 година со барем 10 смртни случаи. Годишниот извештај Supplier Responsability на Apple, првпат објавен во 2007, ги истакнува и проблемите и напредокот на своите испорачатели на производи. Во 2012 година, евиденциите во 93 постројки на испорачатели покажаа дека повеќе од половина од вработените ги пречекориле границите на работната недела од 60 часа. Триесет и седум постројки немале систем да осигурат дека работниците зеле барем еден слободен ден во неделата. Критиките за работните услови беа остри, вклучително и истражувањето на New York Times објавено во јануари оваа година.

e0d5e4f522ea00e7c48fcf8697347ca2

Слика 1: Противсамоубиствени мрежи поставени под балконите на заедничките спални соби на вработените во Фокскон на Аpple.

tl201009-foxconn24

Слика 2: Жена чекори под противсамоубиствена мрежа што ја заобиколува
фабриката на Фокскон.

Американците кои заземаат третина од дното на доходовната распределба го претставуваат мноштвото од денешната работничка класа, повеќето од нив живеат во семејства поддржувани од работници во услужниот сектор на ниско платени работни места кои даваат малку бенефиции или воопшто не даваат, а повеќето од нив, вклучително мнозинството кое живее под федералната граница на сиромаштија, сами се поистоветуваат со изразот „работничка класа“ отколку „сиромашни“. Околу 46 проценти од лицата кои живеат под границата на сиромаштија се идентификуваат како работничка класа и 30 проценти се идентификуваат како средна класа. Само околу 20 проценти се опишуваат како „пониска класа“. Едно истражување спроведено од Peter Hart and Associates открива дека „работничка класа“ е терминот кој ниско платените работници сметаат дека најдобро ги опишува – околу 2/3 од ниско платените работници сметаат дека овој термин ги опишува добро.

„Не се работи за тоа што во дадениот момент замислува како своја цел, овој или оној пролетер или дури целиот пролетаријат. Се работи за тоа што тој всушност е, а што сообразно на своето битие ќе биде историски принуден да направи. Неговата цел и неговата историска акција се предназначени јасно, неизменливо во неговата сопствена животна ситуација, како и во целата организација на денешното граѓанско општество.“ (Маркс и Енгелс, Светото семејство, 1845 год.)

Како одговор на Бојан Богевски за тоа „зошто овие луѓе воопшто се сметаат за сиромашни“ еве неколку горчливи факти кои го разобличуваат „американскиот сон“ во мит:

1) Во Америка, на секои 2 минути се раѓа бебе во сиромаштија.

2) 4,500,000+ деца, или повеќе од половина од 9 000 000 деца кои живеат на социјална помош, страдаат од неисхранетост. Многу од овие страдаат од оштетување на мозокот предизвикано од изгладнување во периодот на пред раѓање и во детството.

3) 40,000,000 или повеќе се без здравствено осигурување или заштита од сериозно заболување.

4) 7,000,000 до 12,000,000 се невработени; бројките варираат со секоја криза. Растечките бројки на хронично невработени покажуваат знаци на стрес и емоционална депресија.

5) 80,000,000 живеат од доходи, според Министерството за труд на САД, под „удобна доволност“;

6) Скоро 40 или 39.8 милиони Американци сега живеат под границата на сиромаштија, вклучително 12.9 милиони деца.

7) 12,000,000 од оние кои се наоѓаат на дното на сиромаштија страдаат од хронична глад и недоволно исхранување. Мнозинството од луѓето кои живеат на или под нивото на сиромаштија гладуваат во текот на некој период од годината.

8) 2,000,000 или повеќе се бездомници, присилени да живеат на улици или во привремени прибежишта.

9) 160,000,000+ се членови на семејства кои се задолжени, што е остро зголемување од 100-те милиони пред една деценија. Мнозинството од нив земале пари на заем не заради раскошни работи туку заради средства за живот. Растечките долгови се закануваат со финансиски слом кај сè повеќе семејства.

10)Над 2 милиони Американци ги изгубиле своите домови поради заплена од јануари 2007; 12 000 домови дневно се запленуваат.

11) Сега, 4 милиони Американци се бездомници, живеејќи на улиците или во шаторски градови.

12)Американските пензионери изгубиле 2 трилиони долари во пензионерските фондови (од вкупно 9 трилиони долари кон крајот на 2007 год.) поради крахот на финансискиот пазар.

13)С.А.Д. се на третото најлошо ниво на доходовна нееднаквост и сиромаштија меѓу 30 држави-членки на Организацијата за економска кооперација и развој (OECD) (само Мексико и Турција се рангирани како полоши).

[1] Steinmo, Sven. 2001. “Bucking the Trend? The Welfare State and Global Economy: The Swedish Case Up Close.” University of Colorado, December 18

[2] Карл Маркс, Капиталот, том 1, Мисла, Скопје, 1975, стр. 237/238.

[3] George Irvin, Growing Inequality in the Neo-liberal Heartland – Paying the bill: longer working hours and years, Post-autistic Economics Review, Issue no. 43, 2007, 13. Oнлајн верзија: http://www.paecon.net/PAEReview/issue43/Irwin43.pdf

Advertisements