Митот за успешниот реформатор Анте Марковиќ

P0018460112A

Прераспределба на националниот доход меѓу републиките

Генералното мислење е дека Анте Марковиќ не е долго прифатен и корисен за нас. Никој повеќе не се сомнева дека тој е продолжена рака на Соединетите Американски Држави во смисла на обезвластување на секој што воопшто ќе помисли на социјализам, а преку нашите гласови ние го инсталиравме како Премиер во Сообранието. Тој ја играше најопасната игра на предавство.

Републиките се бранеа на сите можни начини од злоупотребата на премиерот Марковиќ врз неговите економски овластувања. А исходот беше зголемена изолација, недостиг на почит за федералните закони и дезинтеграција на системот. Јас ја опоменив владата за катастрофалните последици на неговата политика и целото претседателство се солидизира со мене во врска со тоа.

Јас реков отворено и јавно дека оваа политика е во интерес на странските сили коишто сакаат нивните компании да ги купат нашите фирми за евтини пари и тие сакаа од нас да ги собориме владите во различни делови од земјата коишто не им одеа во прилог. Марковиќ ми се закани дека ќе ми се суди поради ова, а јас му сугерирав тој да започне дебата во Сојузното собрание на Југославија во овој аспект, но тој сепак не го направи тоа. Сега, зошто ова не се случи не е тешко да се разбере.

Без сомнение Марковиќ беше најактивниот творец за уништувањето на нашата економија, исто така беше и значаен учесник во распадот на Југославија. Останатите, кога се гледаше дека Југославија нема да преживее, сакаа да ја земат оваа функција но во сите овие почитувања тие никогаш не дошле толку блиску колку што дошол Марковиќ, кој си се прогласил себеси како главен актер за преживувањето на Југославија.

Меѓу членовите на федералното водство, постоеше главно несогласување во поглед на програмата на економски реформи којашто владата ја спроведуваше. Од самиот почеток, јас бев убеден дека владата сакаше да ги уништи компаниите во општествена сопственост и тоа на многу неприфатлив начин бидејќи таа сакаше да ги претвори во питачи, а коментарот беше дека странски девизни резерви на земјата беа истрошени.

Мојата проценка беше дека економската политика на Анте Марковиќ нема да не’ извади од кризата. Ја сметав како збир на манипулации за прераспределба на националниот доход меѓу републиките, и поради ова таа, за мене, беше апсолутно неприфатлива, посебно бидејќи мерките беа така одбрани што би одговарале на неговата република (сојузна Хрватска) и мерки коишто би им наштетиле на другите републики. Така што ова беше постепено крадење на доходот, што според мене беше неприфатливо. Префрлувањето на доходот од еден дел на земјата кон друг беше сосема неприфатливо од гледна точка на етиката и правдата, но исто така беше неприфатливо од гледна точка на политиката, бидејќи тоа беше со цел да се осиромаши српскиот народ за да се бунтува и да го собори водството на Србија. По мое длабоко убедување, ова беше очигледно и затоа јас имав таков однос спрема него.

Како Анте Марковиќ ги уништи странските девизни резерви на Југославија

Дел од резервите на странски девизи беа искористени за да се исплатат долговите на Хрватска. Колку што знам, Анте Марковиќ креираше фиктивни резерви на странски девизи кои фактички не постоеја иако тој се фалеше за нив, велејќи дека имало резерви на странски девизи од 10 или 11 милијарди. Тој воведе нов курс на размена за динарот; седум динари за една германска марка. Исто како што беше во Австрија, седум шилинзи за една германска марка. И тој ја прокламираше конвертабилноста на динарот без никаква соодветна основа и рече дека секој кој сакал можел да инвестира динари и да добие девизна штедна книшка во германски марки. Па, луѓето побрзаа до банките, ги вложија своите динари, добија од банките штедни книшки во германски марки, но потоа овие никогаш не можеа да им бидат исплатени. Од сето ова излезе долг во странски девизи спрема народот иако тоа не беше долг во странски девизи туку долг во динари.

Според тоа, ова беше еден чекор. Резервите на странски девизи, за време на моето претседателствување, се зголемија за толку и толку, но фактички, тоа беше трик. Тие можеа само да се зголемат ако нашиот извоз беше повисок од нашиот увоз а ова никогаш не беше случај. Дефицитот беше околу 1, 2 или дури 3 милијарди, а разликата беше покриена со приходите од услугите, туризмот или платите од нашите работници кои работеа во странство. Според тоа, овие халуцинации околу неговите резерви на странски девизи просто беа халуцинации а не реалност. Но, земјата беше оставена во долг бидејќи тој рече дека тоа беше девизниот курс на размена.

Луѓето со резерви во странски девизи беа оштетени бидејќи долгот на земјата беше повеќепати зголемен во странски девизи отколку што реално долгот беше. Во таа смисла сите беа еднакви и никој не можеше да си ги добие парите назад. А потоа владата го прераспредели враќањето на тој долг во период од десет или повеќе години.

(Тука се завршува сведоштвото на Борисав Јовиќ)

Милошевиќевата афера со Народната банка на Србија

На 8 јануари 1991 година Србија извршила монетарен удар. Преку Народната банка на Србија од Народната банка на Југославија било извлечено околу 2,5 милијарди германски марки. Овој монетарен удар следел по континуираните монетарни удари коишто претходеле од Словенија и Хрватска.

Новопечатените пари кај дилерите со девизи доаѓаа од Љубљанската банка. Децении претходно Словенците го рушеа курсот на динарот така што откупуваа девизи на црниот пазар на цела Југославија, не прашувајќи за цената. Хрватите ги следеа. Така што уште од осумдесеттите години натака кога инфлацијата повеќе не била табу тема за обичниот народ, Словенците и Хрватите го припремале распадот на Југославија и уништувањето на југословенската валута. Затоа убрзано ги собираа девизите ширум цела Југославија. Со години Хрватите и Словенците, преку свои протекции и врски во Федерацијата, купуваа марки по официјалниот курс, а потоа ги продаваа на Србите по уличен курс, а тоа се викало „штицунг“.

Милошевиќ го извршил монетарниот удар како би ги подмирил донекаде потребите на сите оние кои биле спремни на генерален штрајк. Тогаш пензионерите, просветните и здравствените работници најавуваа големи протести. Со упадот во монетарниот систем Милошевиќ дојде до средства со кои донекаде ги смири оние кои имаа намера да почнат со планираните големи протести.

Милошевиќевиот упад во монетарниот систем на државата го искористиле Словенците и Хрватите и го обвиниле буквално за растурање на државата. Милошевиќ, едноставно речено, не смеел на тој начин да упаѓа во монетарниот систем на СФРЈ но таа не се распадна поради тоа туку поради сецесионизмот на сите оние кои сфатиле дека Србите тогаш имале моќен политичар кој нема да им дозволи на Словенците и Хрватите да го имаат главниот збор во СФРЈ.

За крај, фамозната економска програма на Анте Марковиќ барала радикално кратење на работни места. Стотици илјади луѓе требаа да останат без работа и со самото тоа програмата на Марковиќ немала шанса за успех бидејќи била нереална. И сега е лесно да се спроведе економска програма за закрепнување ако укинеш илјадници работни места, се ослободиш од бирократијата и трошоците и со самото тоа имаш избалансиран буџет. Но, нема социјална политика која би можела да згрижи стотици илјади работници кои би останале без работа. Толкав број на работници без работа, преку ноќ, најверојатно би довело до стравични нереди.