До Биљана Секуловска: Средната класа и ете како е богата!

Јас уште од почетокот на мандатот на Заев и работата на Тевдовски и Јовановиќ обвинував дека никаков закон за минимална плата нема да осигури целосна исплата на таа минимална плата – поради две круцијални причини: 1) корумпираните институции на државата во класна сервилност спрема богаташите и 2) самото приватно производство како диктатор на тоа каква ќе биде економската политика на една влада, макар нека таа се нарекувала и „комунистичка“. Аргументите зад овие две круцијални причини за предвидливиот неуспех на законот за минимална плата досега ги дадов во многубројните мои статии против Тевдовски, Јовановиќ и Анѓушев.

Коментар околу замрзнувањето на членството на Бранимир Јовановиќ во Левица

Весна Дамчевска личниот новинар на Кочо Анѓушев

И „Левица“ за даночна експлоатација на работниците

Здравко Савески и Бранимир Јовановиќ исто буржоаско срање

Граѓаните мора да сфатат колку е важно да НЕ плаќаат даноци

Лошите економски советници на нашиот премиер и другар Заев

Колку профит украле газдите во првиот месец на владеењето на З.Заев?

Критика на ситнобуржоаските папагали на министерот Драган Тевдовски

Наемното ропство костурот на Драган Тевдовски и Бранимир Јовановиќ кој го кријат во својот работен плакар

Наводeн идеолошки судир и фактички судир на интерес во новата влада

Став на L’Ami du Peuple за Бранимир Јовановиќ како владин економист

Драган Тевдовски од СДСМ ги лаже штипските работници

За живот во Македонија, Стево Пендаровски да си оди

Вистинскиот парадокс во владата на Заев е што додека се предлага прогресивен данок на доход од 18 отсто, од друга страна се предлага намалување на данокот на добивка. Но, ниту едното ниту другото не го тангира реалниот проблем на сиромашното мнозинство граѓани во РМ а тоа е наемното ропство. Ниту повишувањето на стапката на прогресивниот данок на доход, ниту пак дури зголемувањето на данокот на добивка нема да го компензира самиот процес на експлоатација на новата додадена вредност на работниците од страна на нивните газди, експлоатациски процес кој веќе се случил во процесот на производство. Ова е тој десничарски парадокс на самодекларираните левичари во владата на Заев а којшто не го гледа ниту самата новинарка Биљана Секуловска, парадокс кој таа настојува прецизно да го опише, но без успех!

Нејзиното тврдење дека „средната класа … е испружена на земја и едвај дофаќа една штака“ не е емпириски поткрепено. Во месец јуни 2017 година откако господин Зоран Заев дојде на власт, газдите вклучително и самовработените, кои би ги сврстиле во средната класа, оствариле чист профит од 1 433 932 887 евра (бруто домашниот доход минус компензациите за работниците) или по глава на работодавач/самовработен 10 885 евра. Работниците добиле плати и осигурување во вредност од само 306 853 998 евра или идеално 549 евра на работник. За сите други месеци од владеењето на премиерот Заев пресметка на вкупниот профит на високата и средната класа е дадена во текстот со наслов До министерот Тевдовски: Лажете, се зголемиле само профитите за газдите!

И Биљана Секуловска како нејзиниот колега Горан Михајловски гаи погрешно сфаќање на поимот демократија којшто го поистоветува со изборно гласање, но нашето право да гласаме не е истото нешто што и нашето потенцијално право да ја практикуваме власта!

Според новинарката Биљана Секуловска, „средната класа се смета за срж, јадро на едно општество, клучен елемент во процесите  кои водат кон демократија“, всушност цитирајќи го социологот Барингтон Мур, кој на друго место вели дека без демократија не би било ниту буржоазија, но ова повторно се коси со изворното значење на демократијата како владеење на обичните луѓе, и не само што се коси со изворното значење на демократијата, се коси и со самите ставови на буржоазијата во која искажува омраза спрема демократијата како закана за нејзиното „свето“ право на сопственост! Ханс-Херман Хопе, идеологот на „капитализам без демократија“ отворено пишува дека „идејата на демократијата е неморална, а исто така е и неекономична“ и ќе заклучи дека „наместо демократија, правдата и економската ефикасност бараат чисто и неограничено општество на приватната сопственост – ‘анархија на производството’ – во кое никој не владее со никого, а сите односи на производителите се доброволни и на тој начин взаемно корисни.“

Биљана Секуловска дури му противречи на Барингтон Муровата теза дека без демократија не би било буржоазија кога вели дека „богатата класа секогаш е повеќе заинтересирана за репресија, корупција и спречување на почитување на демократските принципи и вредности“ и свесно или несвесно се надоврзува со Русоовата теза дека „владите природно тежнеат да се изродат во тиранија“. Барингтон Муровата теза дека без демократија не би било буржоазија е дури и историски погрешна бидејќи токму буржоазијата во Кралството Франција ја подготвува револуцијата со којашто го втемелува новиот поредок на претставничка демократија, односно парламентаризам.

Класната стратификација која се однесува на поседувањето на културен, општествен и економски капитал (Бурдје) е всушност противречна на демократијата бидејќи просто е дискриминирачка! Оние особини кои те издвојуваат од електоратот на општеството, како граѓанин од подобар вид, се исто така особини кои ти помагаат да бидеш избран, како во случајот на Бранимир Јовановиќ, „врз основа на неговата претходна врвна работа како економист“.

Биљана Секуловска смета дека „средната класа е еден вид тампон зона на суровата нееднаквост помеѓу богатиот слој и сиромашниот, дека кога има огромен јаз помеѓу нив е невозможна демократијата“, но всушност демократијата е невозможна кога олигархијата која е владеење на професионалните политичари – тие капиталистички кукли – погрешно се претставува како владеење на обичните луѓе преку поистоветувањето на нивното право да гласаат со правото да ја практикуваат власта!

Биљана Секуловска верува дека „додека средната класа секогаш инклинира, инстистира да биде застапник, адвокат на ниската класа, на онепревдените, да ги брани нивните интереси, и покрај очекуваните позиционирања на таа средна класа – да ја дели политичката моќ со високата класа, но во таа политичка алијанса, таа во многу поголема мера останува претставник на ниската класа“, но за францускиот револуционер и новинар Жан-Пол Мара сепак „во политиката, никогаш немало десница, центар, левица; само најниска класа и највисока класа.“ Она што Жан-Пол Мара го рече пред 230 години, а тврдоглавите бранители на претставничката демократија до денешен ден не го сфатија!

Според Биљана Секуловска едно општество не може да опстои без интелигенцијата односно средната класа, но сите здраво разумни луѓе знаат дека светот постои од производството а не од политиката, правото и „демократијата“. Затоа во Библијата за РАБОТНИЦИТЕ пишува: ,,Тие го одржуваат створениот свет…‘‘. А ако е така: тогаш само тие треба да раководат со светот. Затоа сиромашното мнозинство граѓани треба под итно да престанат да робуваат на погрешните сфаќања на буржоазијата и нејзините сикофанти како Горан Михајловски и Биљана Секуловска.

Интелектуалците не се само опиум и „жив песок”, туку тие се и отров за општеството. Тие ја загрозуваат стабилноста на секое општество. Само оние интелектуалци кои својата егзистенција ја  остваруваат со производствен труд, како еден Барух Спиноза, Јозеф Беме, Јозеф Дицген, Фридрих Енгелс, Чехов, Кронин, па дури и еден турски султан за кој пишува Блез Паскал, само такви интелектуалци се корисни за општеството.

Кога ,,социјализмот‘‘ во сојузна Македонија почна да ги манифестира појавите слични за капитализмот: стагнација, опаѓање на производството, осиромашување на луѓето и др., почнаа демонстрации, штрајкови и изјави на работниците: ,,Не сакаме промена на системот, сакаме само поголеми плати!‘‘. И, тука се покажа глупоста на интелигенцијата односно интелектуалците. Бидејќи не го беа проучиле марксизмот, тие не знаеја што да понудат за решение на стагнацијата на ,,социјализмот‘‘, освен она што го беше дала буржоаската пракса – ,,приватизација‘‘, ,,парламентарна демократија‘‘, ,,суверени и независни национални(!) држави (може Косово, а не може Јужна Осетија – велат САД. По кој критериум?!).

Што се однесува до Шарената револуција, сите овие десничарски парадокси во левичарски прокламирана влада се само докази за пропаста на таа револуција! Опозицијата нека ја каже вистината: дека нема револуција туку само нагодба на една клика со друга клика – заради обострана амнестија; дека нема борба за слобода и правна држава туку само продажба на народната слобода и смена на едни партиски судии со други; дека нема борба за народно претставништво туку само има претставништво на богаташите кои досега беа во опозиција. Укинувањето на радиодифузната такса во ништо не ја ублажува болката од камшикот на наемното ропство. Амнестирани криминалци и терористи, подопашки на олигархијата и фикус од врховен командант, ете ги вашите трибуни кои ќе ве водат кон живот во земјичкава.

Advertisements