Песна за Македонците

fotob_4073.jpg

Македонци, зошто орате со плуг

за газдите кои ве понижуваат?

Зошто да ги ткаете со маки и труд

алиштата кои вашите тирани ги облекуваат?

Оти ги храните, облекувате и чувате

од колевка до гроб тие неблагодарни трутови

кои ја цедат вашата пот и крвта од вашите трупови?

Зошто, работници на Македонија,

ковате оружје, синџири и камшици

За тие неблагодарници, за тие трутови

кои можат против вас да ја искористат

силата на вашите трудови?

Имате ли, удобство, мир и  одмор,

прибежиште, храна, дали љубовта ви е лек?

Што е тоа толку скапо што се купува

со вашиот страв и замор на овој век?

Друг го жнее семето кое го сеете.

Во богатството кое го стварате, друг ужива.

И друг ја носи облеката што ја ткаете.

И со оружјето кое вие го леете, друг убива!

Сејте го семето, но тирани да не го покосуваат!

Правете богатство, без душмани да го уживаат

Ткајте облека, но безделници да не ја облекуваат!

Ковајте оружје против оние кои ве убиваат!

Повлечени сте во дупките и подрумите ваши,

а од палатите кои ги градевте други се ситат!

Зошто да ги носите оковите, зар не ве плаши

што искрите од челикот што го чукавте кон вас итаат?

Со плуг, лопата и  разбој и мотики

обележете го местото на гробовите!

Искајте ги вашите посмртни облеки

И Македонија ќе биде гробница за вас робовите!