Теодора Цветковска со право ја критикува Левица но со погрешен аргумент

Извесна новинарка со име и презиме Теодора Цветковска отвори интересна дебата околу искреноста на одредени левичари во нивната борба за социјална правда. Но, според мене, со погрешен аргумент: „Видов човек од Левица со точак поскап од пунтото на Груевски.“

Коосновачот на научниот социјализам Фридрих Енгелс бил богат фабрикант но тоа не ја дискредитирало неговата заложба за воспоставување бескласно општество а доказ за тоа е што децениски го помагал парично Марксовото семејство што му овозможило на Маркса да го напише Капиталот како критика на политичката економија, чие дело подоцна ќе стане библијата на работничката класа од целиот свет.

Видете, г-ѓице Цветковска ви ја разбирам вашата желба да го разоткривате политичкото лицемерие на претендентите за власт, но вашиот аргумент е слаб од гледна точка што како прво, точакот и да бил поскап од пунтото на Груевски, за чија цена некои реплицирачи ви приговараат, истиот точак доколку не е злоупотребуван како разменска вредност, не може да го дискредитира левичарството на дотичниот сопственик на точакот за кого тој има употребна вредност. Употребната вредност на еден предмет како точак се однесува на фактот дека тој исполнува одреден вид на човечка потреба или желба. Оваа идеја за корисноста на предметот е ослободена од било каква морална содржина: не е важно која е природата на потребата или желбата или пак од каде и како таа се појавува. Овде, разменската вредност има значење како сопственост што индицира дека тој сопственички предмет како точак има разменска вредност, но вредноста нема објективно постоење надвор од размената. Таа го пронаоѓа својот израз во размената, во форма на разменска вредност на дадена стока. Разменската вредност на дадена стока е дефинитивен физички квантитет на другата стока за којашто таа може да се размени. Кога оваа друга стока е пари, тогаш разменската вредност на точакот мора да има своја цена.

1467284553

„Точакот поскап од пунтото на Груевски“ може да е проблематичен од аспект на прашањето за фетишкиот карактер на стоката (на којшто не биле имуни ниту Че Гевара и многу други „револуционери“ од минатиот век), или преведено: наместо луѓето да ги контролираат предметите, предметите ги контролираат луѓето. Во услови на капитализам, човечките општествени односи се покажуваат како односи помеѓу предмети не како последица на природата на човечките односи туку како нешто што произлегува од природните особености на самите предмети. Општествените односи коишто го придружуваат стоковното-парично производство и размена предизвикуваат во стоката излед на фетишизам, и второ, овој фетишки карактер не постои поради фактот дека човечките односи се покажуваат како односи помеѓу предмети, бидејќи со стоковната размена човечките односи навистина се покажуваат како односи меѓу предмети, туку дека фактот дека човечките односи навистина ја преземаат формата на самите предмети изгледа потекнува од природата на самите предмети а не од природата на човечките односи.

Она што може да го дискредитира и фактички ги дискредитира сите таму од Левица е што иако му го замрзнаа членството на сега владиниот економски советник Бранимир Јовановиќ, тие идеолошки се гушат во бранимиризмот, бидејќи земајќи предвид дека економскиот дел од програмата остана каков што и беше, продолжува да им наштетува како опортунистичка инфекција од социјалдемократски ревизионизам, но сега со ново брендирано име за нашето политичко милје – бранимиризам. Накратко како би го дефинирале бранимиризмот? Ќе го помагаме капиталот (мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот, за да потоа, го даночиме капиталот за да му помагаме на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир во процесот на производство на вишок на вредноста!

Бранимиризмот по својата економска противречност наликува на Лениновиот волунтаризам кога прво се залагал за неутрализирање на сите профитери на лице место („Неприятельские агенты, спекулянты, громилы, хулиганы, контрреволюционные агитаторы, германские шпионы расстреливаются на месте преступления.“) за да потоа истите метаморфози на капиталот ги отелотвори со идните НЕП-овци од 1921 година, велејќи:

„Дали не е опасно да се повикуваат капиталистите, не значи ли тоа дека развиваме капитализам? – Да, развиваме капитализам, но тоа не е опасно, затоа што власта останува во рацете на работниците и селаните, додека сопственоста на спахиите и капиталистите не се реставрира“.

Advertisements