Марксизмот и екологијата: дали тие се надополнуваат?

ecomarx

Маркс и Енгелс докажаа дека доминацијата на природата низ науката и технологијата е потребна за да се добијат животните продукти (храна, облека и засолниште) и тие исто така ги истакнуваа ,,еколошките‘‘ врски меѓу луѓето и нечовечката природа…

Маркс и Енгелс веруваа дека една одржувачка економија бара одржувачка врска со природата. Тие веруваа дека ,,човекот е неостварлив независно од неговата еволуција во природата и неговата заедница… врската со природата, …природата …е …материјалите и силите на околината што го создаваат човекот и истите се на смени создадени од човекот.‘‘

Маркс и Енгелс ја истакнуваа важноста на животната средина како дел од производствените сили. Тие беа склони спрема активната и планирана интервенција во природата, меѓутоа не нејзина победоносна и ирационална деструкција.

Маркс докажа дека нашата врска со природата се однесува на специфичните културни и економски црти на специфични општества.

Согласно со Маркс, начинот на производство е начин на општење со природата, бидејќи ние ја менуваме природата преку производството, променувајќи ги суровите, необработени материјали во општествено покорисни форми, како нафтата во гориво. Ние ги користиме силите на производството (работната сила) и средствата за производство (суровите, необработени материјали од природата) и инструментите за производство (технологијата) и ги содејствуваме реципрочно за да произведуваме нешта. Начинот на кој што ние се поврзуваме со природата и меѓусебе е повлијаен од начинот на кој што го организираме производството.

Маркс докажа дека доколку ние сакаме да ги промениме општествено-природните врски, ние мора да ги промениме свеста на луѓето и нивниот материјален, економски живот.

Маркс веруваше дека способноста да се создава капитал со производството е базирана заради ресурсите на природата и работната сила.

Маркс ги гледаше човечките суштества како дел од природата, а трудот ја претставува…. Историскиот материјализам е релевантен со еколошкиот марксизам, бидејќи тој ги комбинира општествената и културната историја на човечките видови во природниот контекст на човековиот живот. Агендите на човековата историја се ставени настрана од комбинацијата на човечките интереси и природните нужности и можности.

Парсонс го толкува Маркс, покажувајќи како секој начин на производство има свој специфичен начин на врзување со природата. Во текот на неолитичкиот начин на производство, природата е согледувана како мајка, света и со моќ да ги распоредува доброто и злото во општеството. Во текот на робовладетелскиот начин на производство, природата е гледана како натприроден деспот што располага со луѓето, ги наградува и казнува слугите. Во текот на феудалниот начин на производство, природата е гледана како хиерархиски синџир на суштествувањето. Во текот на капиталистичкиот начин на производство, природата е гледана како анатомско-механички систем лишен од вродена вредност, цел и дух, контролирана од законите на размената, произведувана материјално и концептуално од општеството.

Маркс докажа дека во раните племенски заедници, сопственоста и агрокултурата биле унифицирани и потребни за економскиот поредок и репродукцијата на индивидуи и семејства. Луѓето се однесувале со земјата како заедничка или колективна сопственост.

Маркс веруваше дека природата е еден проширен дел од телото на индивидуата. Тој докажа дека во една тесноповрзана заедница, индивидуата има силна комунска врска со земјата и другите видови, и дека индивидуата е вид суштество, кое формира дел од комунската група и е директно поврзан со земјата.

Маркс веруваше дека пред Западната колонизација, населението од ,,третиот свет‘‘ се во еколошки баланс, и дека хармонијата со природата е дел од нивните животи. Тој тврдеше дека капитализмот го уништил претколонијалниот начин на производство, односно ,,примитивниот комунизам‘‘, каде што животните се обожуваат како тотеми.

Маркс тврдеше дека овие однесувања биле променети со доаѓањето на паричната економија, христијанството, исламот и западниот индивидуализам.

Маркс докажа дека во феудализмот луѓето се блиски спрема земјата и работењето одошто против нивните циклуси. Луѓето биле врзани за земјата, а меѓусебно во тесноповрзано ,,Gemeinschaft‘‘ општество. Со преминот во капитализам, луѓето биле преместени од земјата и отуѓени од природата.

Маркс тврдеше дека капиталистичката агрокултура ја оштетува долгорочната плодност на почвата во потрага на краткотрајни профити. Тој докажа дека општествено-природната врска била непоинаква во текот на раните форми на производство, но тогаш, врската била фрагментирана со антагонистичките сили под капитализмот, додека под комунизмот обете би биле поинакви, меѓутоа не и антагонистички.

Маркс тврдеше дека во преткапиталистичкото општество, луѓето и природата биле унифицирани, но во капиталистичкото општество луѓето и природата се гледани како разделени суштини, со доминирачка улога на луѓето над природата.

Во ,,Капиталот‘‘, Маркс докажа како капиталистичката агрокултура ја истрошува и уништува почвата. Широкоразмерната агрокултура и широкоразмерната индустрија го отуѓуваат работникот и ја уништуваат почвата, кршејќи ги ,,природните закони на животот‘‘.

Маркс веруваше дека ,,еколошките‘‘ проблеми биле предизвикани од индустријализацијата, бидејќи индустријата и човечката потрошувачка создале отпадоци во животната средина и не биле повторно употребени, како што се хемиските споредни производи од индустриското производство и загадените канали.

Маркс веруваше дека капитализмот ќе го деградира системот на животната средина, а природните ресурси дека ќе станат исцрпени од страна на инпутниот дел од производствениот процес, и дека полуцијата ќе резултира од аутпутниот дел. Експанзијата на производството и потрошувачката ќе одведе до исцрпување на ресурсите и кризи во системот на животната средина.

Маркс докажа дека капиталистичкиот систем ги користи ресурсите за непосреден профит или потрошувачка, одошто да ги конзервира нив, кој(а) ја поткопува поткрепата на развојот под капитализмот.

Маркс докажа дека во рамките на капитализмот, луѓето се систематски отуѓени од природата. Пред капитализмот и приватната сопственост, природата била дел од трудот на работникот. Под капитализмот, луѓето ги изгубиле контролата и разбирањето над производите на нивниот труд и тие станале отуѓени од нивниот сопствен вид на суштествување (човечка природа). Во капитализмот, луѓето и нивниот труд се купени, а исходот е ,,отуѓување на човек од човек‘‘. Луѓето се натпреваруваат еден со друг, одошто да се поврзуваат врз основа на заеднички интереси, а нагласокот е на поседувањето.

Маркс тврдеше дека во рамките на капитализмот, луѓето се продаваат себеси и нивните капацитети за пари, кои ги разделуваат луѓето и ги присилуваат да се натпреваруваат еден со друг. Ова го порекнува нивниот вид на суштество…

Енгелс тврдеше дека под капитализам, луѓето ,,ја господарат природата на високо деструктивни начини‘‘, а нивната врска со природата е искривена од приватната сопственост и профитот. Капитализмот промовира поглед на земјата и нејзините ресурси како пасивни и неподвижни, нешто што се експлоатира (како во филозофијата на Декарт и Бекон). Луѓето дојдоа да се видат себеси како старешини на системот (физички, биолошки, психолошки, општествено, културно) од кој тие се, всушност, еден интегрален дел, отуѓувајќи се од природата и давајќи си оправдание да ја уништат природата.

Маркс докажал дека под капитализам, сите природни и човечки врски биле растворени во парични врски.

Маркс напиша дека ,,целиот прогрес во капиталистичката агрокултура е …пљачкосување на почвата. Капиталистичкото производство …ги поткопува оригиналните извори на богатство – почвата и работникот.

Маркс веруваше дека под капитализам, широкоразмерната индустрија и широкоразмерната агрокултура го расипува агрокултурниот работник и ја исцрпува ,,природната моќ на почвата‘‘, и работи против рационалната агрокултура.

Маркс и Енгелс докажаа дека развојот на агрокултурата и индустријата уништил шуми и произвел индустриски отпадоци. Тие тврдеа дека крајниот антагонизам меѓу градот и селото води кон еколошка деструкција во рамките на капитализмот.

Маркс веруваше дека капиталистичкиот систем ја прекршува репродукцијата на природата. Тој докажа дека капитализмот си противречи самиот себе, следејќи ја разменската вредност додека ја игнорира животната средина и продуктивноста на природата. Наспроти моќта на капитализмот да ги развива производствените сили, потенцијално ослободувајќи го човечкиот род од живеење препуштено на милост и немилост на природните кругови, тој ги дехуманизира луѓето и го уништува природниот свет.

Маркс веруваше дека деградацијата на животната средина е нужна кај капитализмот и дека тоа е неизбежна последица на системот.

Маркс докажа дека под капитализмот, луѓето се отуѓени од производите на нивната сопствена дејност, остатокот од природата, другите луѓе и од самите себе. Преку трудот ние ја менуваме природата на тоа што сме, ,,па продавајќи го трудот, ние се продаваме себеси и нашите животи‘‘. Во капитализмот, чувствата не можат да го надминат бизнисот, па нашите интереси, експлоатирајќи ги ресурсите со цел да бидат економски профитабилни, ја надминуваат нашата љубов спрема природата.

Според Маркс, деградацијата на животната средина е причинета од широкоразмерното физичко преместување на луѓето, од внатрешноста во индустрискиот капитализам, урбанизацијата и фабричко-базираното производство. Објективизацијата на земјата и нејзините производи, преку комодитетификацијата води кон комодитетификација на природата.

Маркс напиша дека капитализмот е ,,неразделиво околинско непријателски …капиталистичкото производство …ја развива технологијата …црпејќи ги оригиналните извори на сето богатство – почвата и работникот.‘‘ Сочувувањето на ресурсите, рециклирањето и контролата над загадувањето се обезхрабрени во слободниот пазар од поттикот да се зголемува вишокот на вредност.

Капиталистичкиот систем ја експлоатира земјата и ресурсите за првобитни профити и поголема продуктивност. Уништувањето на шумата и сушењето на мочуриштата почнало во средновековна Европа, следствено на тоа во 16 век, со уништување на прашумата и уништување на земјата што исходело од населувањето и колонизацијата на земјите од ,,третиот свет‘‘. Цената од оштетувањето на животната средина била непресметлива за идните генерации.

Односот на капиталистите спрема природата е одбележен со експлоатација, полуција и рушење. Капиталистите ги користат ресурсите на земјата без било каков трошок за себе. Унификацијата на луѓето и природата е скршена. Еколошките трошоци на капитализмот, кои доаѓаат од алчната политика спрема природата и запоставување на човековата благосостојба, вклучуваат неупотребливост на почвата и обезшумување.

Маркс веруваше дека напредокот во капиталистичката агрокултура ја развива технологијата, пљачкосувајќи го работникот и почвата, кое што делува на опстанокот и репродукцијата на генерациите на човечката раса.

Маркс веруваше дека природата е произведувана и преобразувана преку разбирањата и интервенциите на човечките сушстества. Тој веруваше дека во иднина луѓето ќе мора да се разотуѓат себеси од природата, учејќи да живеат во хармонија со неа.

Маркс и Енгелс сугерираа дека природата е, всушност, општествено конструирана и дека морињата и шумите секогаш биле манипулирани и менувани од луѓето. Тие веруваа дека моќта на органската и неорганската природа секогаш била модифицирана од човечките општествени врски и процеси. Според марксизмот, реципроцитетот меѓу луѓето и природата е изразен како баланс меѓу натурализацијата на луѓето и хуманизацијата на природата.

Маркс чувствуваше дека самиот јазик претпоставува едно природно минато (јазик во контекст на сензорно, интелектуално, емоционално и проценувачко искуство). Тој веруваше дека луѓето ќе мораат да ја повратат идејата за земјата како наш дом.

Маркс тврдеше дека природата е примарен извор на сите инструменти и намери на трудот. Тој ги препозна природните граници на човечката акција (кралството, т.е. доменот на потребата) и креативноста на човечкиот избор (кралството, т.е. доменот на слободата), а додека комунизмот е кралството на слободата, потребата би била оставена зад себе…

Маркс посакуваше општествен поредок што ќе ги поддржува човечките способности и разумниот човечки однос спрема природата. Во третиот том од ,,Капиталот‘‘, Маркс напиша дека човечката слобода се содржи во тоа луѓето ,,рационално да ја регулираат материјалната размена со природата и да ја донесат под заедничка контрола, наместо да ја допуштат да владее со нив како слепа сила.‘‘

Маркс веруваше дека човечката заедница треба да ги почитува природните услови на човечкото опстојување и да го контролира неговото општење со природата. Маркс посакуваше рационалната контрола на односот меѓу природата и човештвото да ја замени механичката доминација над природата заради зголемување на експанзијата на производство.

Маркс веруваше дека капитализмот не може да го издржува технолошкиот напредок и дека не може да ги задоволи проширените потреби поради класниот судир. Тој имал оптимистички поглед на тоа дека индустрискиот развој може да ја поддржи слободата, користејќи ја технолошката потенција за да ги надмине природните граници, меѓутоа тој не ги забележа еколошките воздржувања на капиталистичкиот и индустриски развој.

Маркс веруваше дека со капитализмот и модерната наука, околинските граници се привремени. Тој тврдеше дека општествата може да бидат преобразени како одговор на еколошките катастрофи, додека начините на производство се историско специфични општествени формации, кои се повлијаени од условите и воздржувањата на животната средина.

Маркс заклучил дека технолошката иновација може да ги надмине проблемите на животната средина. Тој веруваше дека околинскиот ризик и оштетување се дел од несразмерноста на капиталистичките односи на производство да ја контролираат целовитата потенција на модерната наука и технологија.

Маркс веруваше дека решение за проблемите на животната средина е подобра технологија. Машината на ,,втората индустриска револуција‘‘, ,,дијалектичката машина‘‘ коегзистира со природата. Маркс веруваше во овој мит на бесконечно обновување на природата и дека тоа би го исчистил сиот неред што ние го создаваме и би ги пополнил повторно нашите отсекогаш проширувани потреби.

Според Маркс, капиталистичкиот развој на индустријата и производствените сили ќе им помогнат на луѓето да постават општествена правда и нематеријално повеќе исполнување на општеството, едно еколошко гласно општество. Маркс веруваше дека користејќи технологии за да ги извлекуваат и искористуваат ресурсите заради задоволство на човечките барања, луѓето ја преобразуваат природата. Како што ние ја создаваме нашата сопствена ,,природа‘‘, така се враќаме кон себеси, преку целните производи на нашата индустрија, додека овие го предвидуваат контекстот за нашиот морал и нашите спознавачки искуства.

Енгелс и Маркс веруваа дека под социјализам, луѓето ќе постанат вистински свесни господари на природата. Енгелс докажа дека објективните, надворешни сили на природата, кои досега доминираа со историјата, ќе бидат сега контролирани од луѓето. Општеството ќе се пренасочи од потребата во слободата, а луѓето ќе почнат да ја создаваат нивната сопствена историја.

Маркс веруваше дека отстранувањето на капитализмот и директната асоцијација на луѓето со неорганската природа во комунистичко општество ќе им допушти на луѓето да ги развиваат нивните капацитети и потенцијали. Тој тврдеше дека во комунизмот, луѓето ќе го обноват колективизмот, асоцијацијата и заедницата од кои тие биле разделени.

Маркс веруваше дека под комунизам, луѓето ќе се обединат еден со друг и со природата. Под комунизмот, приватната сопственост над земјата ќе биде заменета со глобалната одржливост на природата. Маркс претпостави неограничен развој на производствените сили во рамките на социјализмот. Маркс веруваше дека единствено во едно неалиенирачко комунистичко општество повеќе ќе нема околински проблеми.

Во ,,Капиталот‘‘, Маркс го обвинува исцедувањето на почвата заради алчност и капиталистичкиот начин на производство. Маркс докажа дека технологијата и поделбата на трудот ја повредува животната средина во рамките на капитализмот. Тој веруваше дека човечкото општество ќе биде способно да го контролира своето општење со природата во рамките на комунизмот, меѓутоа ,,контрола‘‘ не значи нужно околинска сензитивност.

Маркс тврдеше дека човечката и нечовечката природа мора да бидат меѓузависни. Тој посакуваше луѓето да ги почитуваат законите на природата, ко-оператирајќи со неа, така што ќе можат да ја користат за да ги снабдат нивните потреби. Маркс тврдеше дека во комунизмот, сите врски со природата ќе бидат под совесна, заедничка човечка контрола, а вредноста на природата ќе служи како ,,орудие‘‘. Во комунизмот, според Маркс, луѓето ќе им се вратат на употребната вредност, производството и неалиенацијата. Маркс тврдеше дека ,,слободата …може единствено да се содржи во поопштествениот човек, производителите, кои рационално ја регулираат нивната размена со природата, донесувајќи ја под нивна заедничка контрола, наместо да бидат владеани од неа.‘‘

Маркс докажа дека повеќето луѓе знаат и ја контролираат природата, повеќето од нив ќе постанат едно со природата. Тој веруваше дека под комунизмот, луѓето ќе ја реализираат својата потенцијална создавачка моќ, со што ќе ги поткрепуваат хармоничните општествени и природни врски. Маркс тврдеше дека под социјализмот, заедничката сопственост ќе допушти исцрпувањето на ресурсите да биде планирано и минимизирано. На луѓето не ќе им треба повеќе зголемено производство и поседувања. Алиенираниот труд, внатрешноградските распаѓања и загадувања, невработеноста и изгубената заедница се најважните предмети на околинската расправа, а сите тие се произведени од економската нееднаквост и ендемичната сиромаштија на капитализмот, кои ги прават социјализмот и работничките движења централни на енвиронментализмот.

Пол Д. Раскин и Стефан С. Берноу,

во својот напис ,,Марксизмот и екологијата: дали тие се надополнуваат?‘‘

Advertisements