Караџа Бошко има либертаријанска дијареја

На новава цена од 65 денари литар нафта, највисоката производна цена одредена од Регулаторна е 35,934 денари (а пазарната цена е сигурно и под 30 денари). Тоа значи дека Државата со Закон на секој литар ни зема над 30 денари.

– ни зема т.н. надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот

– ни зема т.н. надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот

– ни зема т.н. надомест/акцизите кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот

– ни зема т.н. ДДВ или општ потрошувачки данок кој не влијаел на трошоците на производство и дистрибуција, но се собир во конечната цена која се наплаќа од потрошувачот.

Ова се вика легален грабеж.

Во 19 век на само 10% рамен данок во Отоманската империја, за која учиме дека била РОПСТВО, се појавува можеби најрешителната и најбескомпромисната политичка и револуционерна организација.

Во 21 век живееме :
– во држава која ти зема скоро 50% од заработката (персонален данок на доход, придонеси или задолжително надомест за здравствено, пензиско, синдикално и др. давчки),
-во држава која најавува дека уште 10% ќе ти зема ако заработиш над 1000 евра,
-во држава која на скоро секој купен производ и економска трансакција ти зема 19% измислен ДДВ,
-држава која ти зема дополнителни давачки за трансфер на производи и стока од едно на друго место или т.н. царина за производи што не ги произведуваме (ограничување на слободна трговија)
– држава која законски те обврзува секој државен (јавен) долг задолжително и законски ти да го вратиш иако не си бил прашан и согласен ниту за висината на задолжувањето, ниту за каматните стапки
-држава која законски те обврзува да платиш јавен радиодифузен сервис
– држава која скоро секоја административна услуга ти ја наплаќа со мал милион такси, давачки, уплати и други форми на плаќања
– држава која ти зема дел од приходот преку акцизи или дополнителен данок на поединечни добра и услуги. Најчесто за насушно потребни добра и услуги: нафта, цигари и алкохол.
– држава која ти зема надомест и ако не дај боже добиеш Подарок, Добивка, Наследство или сл. со т.н. Данок на добивка
– држава која за скоро секоја дејност ти наплаќа лиценца

….и учиме дека живееме во СЛОБОДА, а во оваа држава на очигледна фискална репресија, ние немаме ни еден проклет економски либерал, а камо ли огранизиран општествен и идеолошки отпор против легалниот грабеж и патерналистичка агресија.

А за тоа како се трошеа 11 години париве од легалнава пљачка, не ми се ни пишува…..

На опасностите од таква држава со патерналистичката агресија и принуда нѐ предупреди уште Фредерик Бастиа (Frédéric Bastiat) во Законот (The Law 1850) кога присилното оданочување го нарече легален грабеж и предупреди дека кога легалниот грабеж ќе стане начин на живот за одредена група луѓе, тие во името на своите лукративни цели ќе создадат таков правен систем во кои грабежот не само што се овластува, туку му се придава и морален контекст кој го глорификува.

Оттука, должноста на секој доследен слободољубец е да го разорува моралниот контекст кои бандитите го измислуваат за да можат пљачката да ја прогласат за Крстоносна војна.

Побогатите не можат да тврдат дека парите кои ги заработиле се само нивни, и затоа да бараат рамен данок како што Караџа Бошко во нивно име бара, бидејќи пазарот на којшто овие луѓе ги заработуваат парите дури не би постоел без поддршката дадена од Владата. Никој сам не заработува 100 проценти од парите кои ги добива, бидејќи тие поединци зависат од широк опсег на владини услуги коишто даваат поддршка за самиот пазар на којшто ги заработуваат парите. Без овие владини асистирања, како прво, не би имало пазар на стоки и услуги!

Луѓето како Караџа Бошко не би можеле да заработат ниту скршен денар на пазарот без следните асистирања за пазарот: печатење на самите денарски банкноти со коишто луѓето тргуваат стоки и услуги; јавни патишта; рурална електрификација; заштита од полицијата; заштита од армијата; обвинителство; кривично-поправни установи; противпожарни служби; едуцирана работна сила; имунизирана работна сила; заштита од заразни болести од страна на Центрите за контрола на епидемии; јавно финансирани заеми за бизнисите, хипотекарни заеми и субвенции; заштита од нелојална конкуренција; заштита на интелектуалната сопственост преку патенти и авторски права; стипендии за студентите; владино финансирана наука и истражување; МАНУ; економски податоци собирани и анализирани од Државниот завод за статистика; денари заштитени од инфлација од страна на НБРМ; јавни библиотеки; услуги на националните метеоролошки станици и многу други.

Даноците се дел од општествен договор којшто гласачите го направиле со владата, договор во којшто граѓаните се согласиле да ги разменуваат своите пари за услугите и добрата на нивната влада. Да се користат овие стоки и услуги на владата без да се платат даноци за нив, самото по себе е кражба и е строго казниво како прекршување на општествениот договор. Некои граѓани како Караџа Бошко може да приговараат дека тие не се согласиле на овој општествен договор, но дури и да е така, тогаш тие не мора да ги користат услугите и добрата на владата. Покрај тоа, општествениот договор е резултат на владеењето на мнозинството, а во нашиот случај сиромашните македонски граѓани, отколку на владеењето на малцинството богати македонски граѓани, и доколку би се гласало за нов општествен договор, во кој наместо прогресивни даночни стапки би продолжил да постои рамниот данок, тогаш тоа малцинство, во кое спаѓа и Караџа Бошко, сигурно ќе биде надгласано од мнозинството сиромашни македонски граѓани, бидејќи, нели, демократијата по дефиниција е, и во пракса мора да биде, владеење на обичните луѓе.

Данокот е приход добиен од државата. Но, спротивно на она што го тврди либертаријанската теорија на класни антагонизми, голем дел од „данокот“ всушност не е данок воопшто, туку само цена платена за стоките и услугите обезбедени од државниот капитал. Само тој дел од приходот добиен од државата којшто ги покрива тековните трошоци на самиот владин апарат е данок. Само овој дел којшто го сочинува реалниот данок е дедукција од вишокот вредност, добиен преку данокот на додадена вредност којашто ја создаваат работниците. Германскиот термин за овој данок е Mehrwertsteur кој се преведува случајно како „данок на вишок на вредност“, истакнувајќи ја многу добро економската цел на овој данок од гледна точка на марксизмот.

Делот којшто ја сочинува цената на стоките и услугите обезбедени од државниот капитал, на пр. здравствена и социјална нега, образование, итн., формира неопходен дел од трошокот за репродуцирање на работната сила и оттука сочинува дел од променливиот капитал на општеството.

Во периодот на највисок раст во историјата на Соединетите Американски Држави (1933-1973) имало највисоки даночни стапки за богатите: 70 до 91 процент! За време на овој период, општата даночна стапка пораснала исто така, но го достигнала дното во 1969 година за да подоцна по 5 години економскиот раст стагнира. Во оваа најразвиена капиталистичка економија данокот на приход е прогресивен. Во 2016 година, за пример, лицата кои заработувале до 9275 долари плаќале 10% данок, додека лицата кои заработувале над 415 050 долари плаќале до 39.6% данок!

Вистинските левичари не се крстат на прогресивен данок на добивка, богатство, наследство и недвижности. Бидејќи газдите можат да ги продаваат стоките за поголема вредност отколку што исплатуваат во плати за работниците, газдите ќе останат побогати и помоќни во однос на работниците и бидејќи газдите имаат повеќе пари од работниците поради овој факт, тие можат да ги употребат овие пари за да вработат работници да работат за плати и овој процес на наемно ропство произлезено од приватната сопственост над земја и машини е суштинската причина за разлика помеѓу богатите и сиромашните.