Против национализмот

gaza_carrtoons9

Национализмот е облик на идеологија што ја поддржува државата специфична за капиталистичко општество. Национализмот е идеја. Нејзина функција е да ги убеди луѓето да бидат верни на државата или на владата. Национализмот е идеја што прави луѓето, кои живеат во една држава да мислат на себе како граѓани на таа држава.

Францускиот национализам прави луѓето кои живеат во француската држава да мислат дека тие се Французи. Функцијата на францускиот национализам е значи да ги прави луѓето кои живеат таму верни на француската држава. Функцијата на британскиот национализам е да ги прави луѓето верни на британската влада. Луѓето кои се верни на владата го прават она што владата им кажува.

За да ја стекне поддршката од страна на народот, државата ги користи сите видови на симболи и митови. Тие се наречени национални симболи или национална традиција. На пример, една држава ќе има свој сопствен дизајн на ткаенина. Оваа е наречена национално знаме. На ритуални поводи луѓето ќе ги веат овие парчиња од ткаенина во воздух или ќе ги прицврстуваат на прачки или згради. Во некои држави, Америка на пример, луѓето гледаат во овие ткаенини и потоа ги допираат своите чела со раце. Тие го нарекуваат ова поздравување на знамето. Понекогаш на вакви поводи, тие ќе пеат посебна песна која кажува колку велика и добра е нивната нација. Секогаш кога тие ја слушаат оваа песна треба да станат исправени.

Национални митови

Пример за национален мит е легендата за Јованка Орлеанка. Таа била сиромашна девојка од село за која се вели дека го слушнала гласот на бог кој ‘и кажал да се подготви за војна и да ги прогони Англичаните од Франција. Таа била спалена на клада од Англичаните поради нејзините усилби. Ова ја прави национален маченик.

На владите им треба национализмот за да луѓето им се покоруваат. Тие го користат национализмот за да направат луѓето да мислат дека тие не се покоруваат само на одделна група на луѓе – владата. Таа се обидува да ги убеди дека тие прават нешто поважно. Ова важно нешто е наречено лична „должност“ кон нацијата.

Должност

Должноста мора да се протолкува како многу, многу важно нешто бидејќи често таа се покажува да биде опасна или непријатна. Во раните години на овој век владата решила дека било должност на нашите дедовци да одат и да убиваат луѓе, кои се дојдени од Германија. Ова вклучувало облекување на кафена облека, која била наречена национална униформа. Наредно што им било речено на нашите дедовци е дека нивна должност била да се покорат на одредени луѓе од високите класи наречени офицери. Наредно што овие офицери им рекле е дека нивна должност била да одат пред митралезите, со кои луѓето во зелена униформа оделе да нишанат во нив. Поголемиот дел од нив сториле како што им било кажано и биле убиени.

Потоа нивните тела биле положени во уредни редови и бели камења биле ставени врз нив. На нивните тела тогаш било дадено ново име. Тие биле наречени „нашите славни мртви“.

Националистичката идеја стана општоприфатена во последните двесте години. Таа се придружи со развојот на капитализмот. Во феудално време луѓето биле помалку националисти. Наместо да пејат химни и да поздравуваат знамиња, тие се заколнувале на верност кон одредена личност. Оваа личност била наречена владетел. Луѓето ветиле дека ќе му се покоруваат и ќе се борат за него. Во помалку уредени места луѓето се заколнувале дека ќе им се покоруваат на локални главатари на кланови или различни видови на господари.

Причини

Објаснувањето што национализмот станал општоприфатен од почетокот на капитализмот е што капиталистичките класи во различни делови на светот сакале да го заштитат својот домашен пазар. За да го направат ова тие морале да постават капиталистички влади. Овие влади потоа би подигнале препреки од обичаи што би ги заштитиле од странската конкуренција и би поминале различни други закони за да го помогнат развојот на индустријата. Овие влади би биле создадени од бизнисмени и други професионалци како што се правниците.

Кралевите имале обичај да тврдат дека луѓето мора да бидат покорени, бидејќи делувале како претставници на бога на земјава. Со други зборови, тие полагале божествено право да владеат. Во современи времиња оваа идеја станала помалку и помалку убедлива. Доколку луѓето не би верувале повеќе во митот дека кралот бил претставник на бога, било дури помалку веројатно тие да поверуваат дека влада создадена од банкари и индустријалци била испратена од бога. Ова е зошто националистичката идеја станала потребна. Луѓето биле учени дека послушноста кон владата била нивната должност кон нацијата. Со користење на песни, симболи и церемонии, нацијата била направена да изгледа некое натприродно битие, токму како што бог бил во минатото.

Ова е зошто од социјалистичка гледна точка национализмот е – секогаш – илузија. Не постои добар и лош национализам, тој е како што Де Леон го нарече: „Најпогрешниот од сите погрешни патишта“.

Во тоа, тој е како религијата, таа е лажна, но многу луѓе веруваат во неа и не може да се направи тие да се разубедат преку угнетување. Угнетувањето на една религија или една националистичка идеологија од друга религија или национализам само повторно го засилува чувството на луѓето за идентитет со неа/него. Поради ова објаснување и Ленин го бранел правото на нациите за самоопределување – бидејќи секој обид да се порекнува тоа само повторно ја засилува националистичката идеологија.

В. Пол Кокшот, 1991