Митот за 800-те милиони Кинези извлечени од сиромаштија

rab-naslovna

Светска банка дава впечатлив коментар: „Од започнувањето на реформите кои воведоа пазарна економија во 1978 година, Кина … извлече од сиромаштија повеќе од 800 милиони луѓе.“ Говорејќи на самитот на Г -20 во Хангжу септември во 2016 година, кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека Кина спасила „повеќе од 700 милиони луѓе од сиромаштија“ и го подобрила животниот стандард за вкупно 1,3 милијарди луѓе. Значи, Кина и Светската банка се согласуваат, со или без сто милиони луѓе во нивната статистика.

Проблемот е во тоа што дефиницијата на Светската банка за сиромаштијата во овој случај е крајно теснограда, а бројката од 800 милиони го затскрива, наместо да го открива, фактот дека сиромаштијата е сè уште значаен проблем во после-Маова капиталистичка Кина.

Про-денгистите може да тврдат дека Кина ослободила 800 милиони луѓе од сиромаштија, ако си ја дефинираат сиромаштијата како животен стандард со помалку од 1,90 долари или 3,10 долари на ден. Ова не кажува ништо за тоа колку добро живеат оние што навидум се спасиле од сиромаштија. Руралното домаќинство кое живее со 1,91 долари на ден според овој стандард, не би се сметало дека страда од екстремна сиромаштија, иако со која било објективна мерка едно домаќинство кое заработува толку малку на годишно ниво би било многу сиромашно.

Просечниот годишен расположив приход на жител по домаќинство во Кина во 2014 година беше околу 20 071 јуани или околу 3000 американски долари, или 8,22 долари на ден. Просечната бројка, сепак, е ограничена од огромниот диспаритет помеѓу урбаните и руралните приходи. Приходот по жител на градските домаќинства изнесува 29 831 јуани или скоро 4500 американски долари годишно. Селските домаќинства имаат приход по глава на жител од само 9892 јуани или околу 4 долари на ден. Руралното население (% од вкупното население) во Кина е забележано дека изнесувало 43,22% во 2016 година, според Светска банка.

Во 2014 година, над половина од приближно 770 милиони вработени во Кина биле урбани работници. Проблемот е што другата половина – скоро 380 милиони луѓе – се вработени во руралните области. Руралните домаќинства не напредуваа далеку над произволните 3,10 долари на Светската банка за да речеме дека навистина избегале од нешто, а секако не од сиромаштија.

Дури и урбаните домаќинства во многу од внатрешните кинески провинции заработуваат многу помалку од просекот на жител. Во меѓувреме, градовите како Пекинг и Шангај заработуваат над 43 проценти подобро од просекот, а урбаните домаќинства во крајбрежните провинции како Џеџијанг или Гуангдонг исто така добро напредуваат. Разликата станува уште појасна кога ги споредувате приходите на урбаните домаќинства со расположивиот доход по жител од рурално домаќинство. Руралните работници во крајбрежните провинции заработуваат многу подобро од нивните врсници во внатрешните провинции, многу од чии приходи по домаќинство остануваат опасно близу до намалувањето на сиромаштијата според Светска банка.

Според стандардите на Светска банка, капиталистичка Кина подигна стотици милиони кинески граѓани од сиромаштија. Има стотици милиони, можеби дури и половина милијарда, кои не се ослободени од сиромаштија, кои гледаат наоколу и сфаќаат дека не учествувале во подемот на Кина и дека нивните изгледи за пристапување во тој подем повеќе личат на она што централната власт им го кажува, да ги затегнат ремените за уште една генерација!

Реплицирајќи на Денговиот коментар дека „социјализмот не значи споделена сиромаштија“, ќе речеме дека кинескиот народ за време на Мао имал сигурен стандард на живеење. Во руралните средини, земјоделците биле членови на нивните комуни кои им гарантирале можност да заработуваат доход. Здравствената нега била обезбедена преку комбинација на комунски и државни услуги на медицински персонал, обични клиники и хиерархија на болници кои буквално биле бесплатни. Образованието исто така било буквално бесплатно. Земјоделците поседувале свои домови. Оние чии доходи во работновременски единици не биле доволни да ги покријат трошоците, добивале од своите комуни храна, прибежиште, помош во вид на мали исплати за образование и здравствена нега и погреб. Иако немало пензиски систем за земјоделците, на старците често им се давале мали износи на работно-временски единици во возврат за домашни работи што тие би можеле да ги извршат во селото. Во градовите, на работниците и владините службеници им било загарантирано доживотно вработување. Претпријатијата и владините служби биле мали системи на социјална помош, обезбедувајќи вдомување, образование и здравствена нега по номинален трошок. Буквално немало невработеност.

Во Кина периодот на колективизација на земјоделството се совпаднал со сосема забележливо подобрување на животниот век на луѓето. Морталитетот во Кина опаднал драматично во текот на минатите 50 години, посебно во раните години на Народната Република. Официјалната стапка на морталитет во 1953 била 14 смртни случаи на 1000 луѓе. Животниот век се зголемил од 35 во 1949 до 65 во 1970-те години.

Капитализмот на Денг значи споделена сиромаштија внатре меѓу руралните работници и зајакнат класен конфликт меѓу руралните и урбаните средини. Класните нееднаквости наместо да се намалат, тие се зголемиле, од 0,31 на почетокот на капиталистичките реформи на 0,45 во 2004 година. За да денес достигнат 0,46. До одреден степен, ова покачување на нееднаквоста е природен резултат на силите на пазарот но до одреден степен е „вештачко“ во смисла дека различните владини политики ги влошуваат тенденциите кон поголема нееднаквост, наместо да ги ублажуваат. Кина за време на Мао имала една од најегалитарните распределби на доходот во светот. Џини коефициентот на распределба на националниот доход бил .33 Како што горе посочивме оваа една од најегалитарна распределба на доходот во светот не значела споделена сиромаштија меѓу Кинезите туку сигурен стандард на живеење!

Повеќе за уништениот сигурен стандард на живеење под Мао од страна на Денг и последователните пропазарни шефови на државата прочитај овде!

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s