Аргументот на роботи на Кејнз и Попер соборен

1508881760128

Маркс и Енгелс никаде во своите дела не аргументирале дека вишокот трудова вредност е единствен извор на паричен профит. Тоа е само една небулоза изнесена од противниците на трудовата теорија на вредност каков што е блогерот Лорд Кејнз и Карл Попер.

Енгелс во Предговорот на вториот том на Марксовиот Капитал пишува дека: „Трудот нема вредност. Како дејност која создава вредност, трудот не може да има некоја посебна вредност, како што тешкоста нема некоја посебна тежина, топлината некоја посебна температура, електрицитетот некоја посебна сила на текот. Тоа не е трудот што се купува и продава како стока, туку работната сила. Штом таа ќе стане стока, нејзината вредност се одредува од трудот кој е отелотворен во неа како во општествен производ, и е еднаква на трудот кој е општествено потребен за нејзиното производство и препроизводство. Значи, купувањето и продавањето на работната сила врз основа на оваа нејзина вредност не противречи на никој начин на економскиот закон на вредноста.“ (Капиталот, том 2, стр. 21)

Расправата на Маркс во Капиталот за диференцијалните ренти е уште еден доказ дека тој не верувал во трудот како единствен извор на општественото богатство.  Диференцијалните ренти произлегуваат од ограничената природа на земјиштето, односно, од разликите во плодноста на почвата, локацијата во однос на пазарите и продуктивноста на дополнителни инвестиции на капитал во земјата. Накратко, тие разлики може да се сумираат како разлики помеѓу подобри и полоши почви. Во Комунистичкиот манифест Маркс и Енгелс пишуваат за „примена на сите земјишни ренти за јавни цели“. Маркс е исто категоричен во својата Критика на Готската програма: „Трудот не е извор на сето богатство. Природата е извор на употребни вредности (а од овие пак се состои стварското богатство!) исто толку колку и трудот, кој и самиот е само пројавување на една природна сила, на човечката работна сила.“

Кога Карл Попер сака да се занимава со научни прашања, прво треба да ги научи работите, трудовите кои сака да ги исползува треба така да ги чита, како што ги има Маркс напишано, а пред се‘ да не чита работи кои таму ги нема, тврдејќи: „Чудноста во теоријата на вредност е што човековиот труд се смета за фундаментално различен од сите други процеси во природата, на пример, од трудот на животните. Ова јасно покажува дека теоријата се заснова крајно на морална теорија, доктрина дека човечкото страдање и поминатиот човечки живот е нешто фундаментално различно од сите природни процеси. Можеме ова да го наречеме доктрина за светоста на човековиот труд.“

Но, Маркс во својата Критика на Готската програма, напротив, аргументира дека „буржуите имаат многу добри мотиви да му накалемат на трудот натприродна творечка сила, зашто токму од природната условеност на трудот следува дека човекот, кој не поседува никаква друга сопственост освен својата работна сила, во сите општествени и културни состојби мора да биде роб на други луѓе што се сториле сопственици на условите на трудот. Тој може да работи само со нивно одобрение, значи само со нивно одобрение да живее.“

Контрааргументот на Маркс

Лорд Кејнз како вулгарниот економист Жан Батист Сеј дрдори дека машините ја вршат „услугата“ со тоа што создаваат вредност што сочинува дел од „профитот“.

„Нашиот Сеј“ цени, без да каже зошто, дека една од најголемите заблуди на Маркс била неговиот став дека средствата за производство не создаваат вредност. Дека Маркс бил во право, а не во заблуда, ни‘ докажува и Гуљелмо Каркеди во својата книга „Behind the Crisis: Marx’s Dialectics of Value and Knowledge“ (2010).

Профитната стапка е вкупниот произведен вишок вредност (s) поделен од цената на производство на таа вредност (c+v). Вишокот вредност е произведен од трудот. Цената на производство е цената на купување материјали (с) и работна сила (v). Фактот дека машините се во именителот на равенката не ги прави вредносно продуктивни, односно производители на вредност.

Органскиот состав на капиталот е соодносот на живиот труд спрема мртвиот труд во производството. Бидејќи овој сооднос е решавачки фактор на профитната стапка не значи дека самиот сооднос создава вредност.

Да го слушнеме и Давид Рикардо: „Адам Смит никаде не ги потценува услугите што ни ги прават природните сили и машините, но сосема точно ја разликува природата на вредноста што им ја придаваат на стоките… Бидејќи тие ја вршат својата работа бесплатно, или помошта што ни ја даваат не ‘и придава ништо на разменската вредност“ (Ricardo: „Principles etc.“).

Зошто англискиот математичар, механичар и економист Чарлс Бебиџ смета дека во Јава на вредноста од памукот ‘и се придава скоро 117% само од трудот на предењето, а во исто време (1832) во Англија целокупната вредност, што му ја придаваат на памукот, машинеријата и трудот во предилниците за фино предење, изнесувала приближно 33% од вредноста на суровината ни објаснува Маркс:

„Колку помалку вредност предава машината, толку е таа попроизводствена и толку повеќе нејзината услуга се приближува кон природните сили. Но, производството на машинерии со машинерии ја смалува нивната вредност сразмерно со нивното раширување и дејство.

Ако се анализираат напоредно цените на занаетчиски или мануфактурно произведените стоки со цените на истите стоки произведени со машини, воопшто се добива резултат дека составниот дел на вредноста кај машинските производи што произлегува од средствата на трудот релативно расте, но апсолутно опаѓа. Тоа значи дека неговата апсолутна големина опаѓа, но неговата големина во однос на вкупната вредност на производот, на пр. на една фунта преѓа расте.

Читателот, опфатен со капиталистички претстави, природно е што овде зачуден се прашува каде е „интересот“ што му го придодава на производот машината сразмерно на својата капитална вредност. Сепак е лесно да се увиди дека машината, како и некој кој и да било друг составен дел од постојаниот капитал не создава нова вредност, не може да придава таква под името „интерес“. Потака е јасно дека овдека, каде што се работи за производството на вишокот на вредноста, ни еден негов дел не може однапред да се претпостави под името „интерес“.

Јасно е дека се врши само разместување на трудот, т.е. дека вкупната сума на трудот потребна за производството на некоја стока не се смалува, или производната сила на трудот не се зголемува ако производството на некоја машина чини толку многу труд, колку што се добива со нејзината примена. Сепак, разликата меѓу трудот колку што таа чини и трудот што таа го економисува или степенот на нејзината производственост очевидно не зависи од разликата меѓу нејзината сопствена вредност и вредноста на алатот што го надоместува таа. Разликата трае дотогаш, додека трудот потрошен на машината, а со тоа и делот на вредноста што го пренесува таа на производот, останува помал одошто вредноста што му ја придава работникот на предметот на трудот со својот алат. Според тоа, производственоста на машината се мери со степенот во кој таа ја надоместува човечката работна сила“ (Капиталот, том I, Мисла, Скопје, 1975, стр. 345).

Заклучок: Делот на вредноста што машината го пренесува на производот е трудот потрошен на машината.

Контрааргументот на Гуљелмо Каркеди

Понатака, Лорд Кејнз тврди дека „како што производството станува се’ повеќе автоматизирано од машини, роботи и вештачка интелигенција, ние можеме лесно да замислиме свет во кој капитализмот продолжува и паричните профити продолжуваат, но човечкиот труд опаѓа кон нула.“

Напротив, обратното ќе се случи ако производството е целосно автоматизирано, тогаш капитализмот ќе пропадне бидејќи варијабилниот капитал ќе престане да се применува а соодветно на тоа профитната стапка ќе опадне на нула. Продолжувањето на паричните профити во услови на целосна автоматизација од машини е оригинален аргумент на рускиот автор Дмитриев.

Во основа, аргументот е дека, во целосно автоматизиран систем, одреден инпут на машини може да создава поголем аутпут на машини (или на други стоки). Во овој случај, профитот и профитната стапка би биле определени исклучиво од технологијата користена во производството и не од (апстрактен) труд. Ако 10 машини произведуваат 12 машини, профитот е 2 машини и профитната стапка е 2/10 = 20%. Овој пристап е неуспешен поради логичката недоследност која произлегува од невозможноста да се насобираат различни употребни вредности (на пример, машини) во хомоген квантитет. Парите не би можеле да ја вршат оваа функција на насобирање бидејќи тие би претставувале различни употребни вредности отколку нешто што тие сите го имаат за заедничко и тоа ја прави споредбата можна. Дискусијата би можела да прекине овде. Но, да продолжиме. Овде, вредноста го претставува монетарниот израз на (квантитетите на) употребните вредности произведени од машините. Ова нема ништо во однос спрема Марксовата идеја на вредноста, којашто е монетарен израз на апстрактен труд потрошен од работниците. Аргументот дека вредноста може исто така да биде создадена од машините и дека ова ја побива Марксовата теорија на вредност не би можел да биде повеќе вон целта. Ова гледиште е логички недоследно како во своите услови (поради проблемот на насобирање) така и како критика на Марксовата теорија на вредност.

Наизглед поверојатен аргумент би можел да биде следниот: земајќи предвид дека (очигледно) како трудот така и машините се потребни да се произведуваат машини, изгледа разумно да се претпостави дека вредноста е создадена како од трудот така и од машините. Но, прво, би морало да се објасни зошто, како што веќе покажав, ако машините без жив труд не може да произведуваат вредност (во Марксова смисла), тие може да произведуваат вредност (или делумно од неа) во комбинација со жив труд. Второ, дури ако машините би можеле да создаваат „вредност“, оваа вредност би била употребна вредност отколку вредност како резултат на апстрактниот труд на луѓето. Ова го имплицира проблемот на насобирање којшто е спомнат горе. Трето, ако машините можат да создаваат „вредност“, според тоа можат и бескрајно други фактори (животни, сили на природата, магнетни полиња итн.), а одредувањето на вредноста станува невозможно. Ова ја имплицира исто така невозможноста на теорија на распределба, на цени, на соодносот меѓу производството и распределбата. Тогаш би морало да се западне во субјективистичката теорија на цени (заснована на побарувачка и понуда) со теоретски последици истакнати во Делот 6 „Туѓата рационалност на homo economicus“. Четврто, истите приговори против машините кои создаваат вредност на производот се применуваат на машините кои ја пренесуваат својата вредност кон таа на производот. Всушност, тие би ја префрлиле нивната употребна вредност и ова би можело веднаш да се судри со проблемот на насобирање на различни употребни вредности. Според тоа, средствата за производство ни создаваат ниту ја пренесуваат својата вредност кон производот.

Петто, постојат последици во однос спрема класната содржина на теоријата коишто се од крајна важност за трудот. Би можело да биде корисно да се присетиме, кај Маркс, дека машините не создаваат вредност. Поточно речено, конкретниот труд ја пренесува вредноста на машините (и, поопшто, на средствата за производство) кон производот. Зошто? Ако трудот е секогаш и апстрактен и конкретен во исто време, според тоа ако стоката е (има) секогаш и вредност и употребна вредност во исто време, вредноста е овоплотена во употребната вредност на стоките. Тогаш, ако средствата за производство се конзумирани и според тоа ја губат постепено својата употребна вредност преку конкретниот труд, тие ја губат исто така во исто време вредноста овоплотена во нивната употребна вредност. И, ако употребната вредност на средствата за производство е преобразена во употребна вредност на производот, вредноста на средствата за производство не е загубена, туку е пренесена од и преку конкретниот труд кон производот.

Разликата меѓу тезата дека машините ја создаваат (или ја пренесуваат) својата вредност кон производот и Марксовата теза дека конкретниот труд ја пренесува вредноста на средствата за производство кон производот станува јасна ако ние ја земеме предвид Марксовата критика на последниот час на Сениор. Да претпоставиме работен ден од 8 часа и дека произведената вредност е 80c+20v+20s = 120V, каде с е константен капитал, v е варијабилен капитал и s е вишок вредност. Тогаш, профитната стапка е 20s/100(c+v) = 20% и стапката на вишок вредност е 20s/20v = 100%. За Маркс, секој момент од 8-те часа на конкретен труд ја преобразува употребната вредност на средствата за производство и ја пренесува вредноста на средствата за производство (80с) кон производот. Во исто време, секој момент од 8-те часа на апстрактен труд создава нова вредност, којашто, во овој пример, е поделена на еднакви делови меѓу капиталот и трудот: првите 4 часа за работниците (20v) и последните 4 часа за капиталистите (20s). Стапката на вишок вредност е 100%. Ако работниот ден се намали на 6 часа и ако платите не опаднат (v = 4), вишокот работно време опаѓа на 2 часа и стапката на вишок вредност опаѓа на 2/4 = 50% од 100%. Да го разгледаме сега аргументот на Сениор. Во првите 4 часа, трудот ја создава вредноста на машините и, во двата останати часа, тој ја создава вредноста на средствата за потрошувачка. Ако работниот ден е намален од 8 до 6 часа, вишокот вредност опаѓа на нула наместо на 2 како кај Маркс (со оглед на тоа дека 2 часа се потребни да се произведат добра коишто се купени од работничките плати) и стапката на вишокот вредноста опаѓа на нула наместо на 50% како кај Маркс. Идеолошката функција на отфрлање на разликувањето меѓу конкретен и апстрактен труд, односно, на разгледувањето недиференцирана идеја за трудот, станува тогаш јасна: таа ги крие вистинските стапки на експлоатација и нивните ужасни последици врз работничката класа. Како што Маркс извикна: „Дантон би нашол дека и најгрозните негови фантазии од пеколот се надминати во оваа мануфактура“.

Но, постои друга темелна причина за отфрлање на идејата дека машините создаваат вредност. За Маркс, средствата за производство не создаваат вредност. Сепак, тие ја зголемуваат човечката продуктивност и според тоа аутпутот по единица инвестиран капитал, додека го намалуваат износот на жив труд потребен за производство на одреден аутпут. Со обѕир на тоа дека само трудот создава вредност, заменувањето на средствата за производство за живиот труд го намалува износот на вредноста создадена по единица инвестиран капитал. Бидејќи вредноста, во пристапот критикуван овде, би била произведувана како од машини така и од трудот, истиот износ на вредност би бил произведуван од единица инвестиран капитал, без оглед на релативното процентуално учество на машините и трудот. За овој пристап, 90% машини и 10% труд би создавале точно толку вредност колку и 10% машини и 90% труд (така што 90% машини би создавале повеќе вредност од 10% машини). Во Марксовата теорија, напротив, 90% машини и 10% создаваат многу помалку вредност отколку во спротивниот случај. Следи дека, во претходниот случај, пониските профитни стапки и според тоа кризите не потекнуваат од намалено производство на (вишок) вредност поради помалку применет жив труд, а пак за Маркс ова е навистина случајот. Во претходниот пристап, технолошките иновации кои штедат труд и ја зголемуваат продуктивноста го оставаат производството на вредност неизменето, така што колку повеќе капитал е инвестиран толку поголемо е производството на вредност. Во последниот пристап (Маркс), колку повеќе капитал е инвестиран со воведување на средства за производство кои штедат труд и ја зголемуваат продуктивноста, толку поголем е падот на вработеноста, толку помала е произведената и овоплотена вредност во поголем износ на аутпут. Во претходниот пристап, технолошките иновации водат кон економски раст. Во последниот, тие водат тежнеечки кон кризи. Со обѕир на тоа дека технолошките иновации кои штедат труд и ја зголемуваат продуктивноста се моторот на динамиката на капитализмот, за претходниот пристап капитализмот тежнее кон раст и репродукција додека, за последниот (Маркс), тој тежнее кон кризи и негово сопствено истиснување.

Динамичниот контрааргумент на Пол Кокшот

Динамичниот контрааргумент на Пол Кокшот исто така ни покажува дека како што производството станува се’ повеќе автоматизирано со машини, роботи и вештачка интелигенција, односно како што човечкиот труд опаѓа кон нула, капитализмот ќе прекине и паричните профити ќе престанат да се реализираат!

Дали ние можеме да ја искористиме Марксовата теорија за да ја предвидеме која ќе биде профитната стапка во блиска иднина? Не постои готов одговор кој може да се најде во Капиталот, но можеме релативно лесно да ја прошириме теоретската рамка изложена од Маркс во еден динамичен модел којшто дава одговори на овие прашања.

Променливите коишто ни се од интерес, а се дадени во Марксовото третирање во деловите од Капиталот: поделбата на вишокот на вредност помеѓу приход и акумулација, поевтинувањето на константниот капитал и стапката на експлоатација. Кокшот испитува како овие променливи ја афектираат крајната точка на којашто профитната стапка ќе опаѓа.

Кокшот започнува со едноставна ситуација, со стопанство каде што не постои раст на население и каде сите профити се инвестирани. Според логиката на Маркс, во оваа економија профитната стапка ќе тежнее кон 0 бидејќи средствата за производство растат без ограничување додека вишокот на вредност има утврдена горна граница. Ова е демонстрирано во долнaта линија на графикот 1 што го дава резултатот од нумерички симулации на резултатот од акумулацијата на капитал во различни ситуации.

39585366_2231104910238942_8012657108715569152_n

Начинот на којшто профитната стапка опаѓа со различни стапки на раст на популација и различни делови на акумулација. Во сите случаи почетната позиција е таа каде c = v = s.

Следно, Кокшот разгледува ситуација во којашто работничката популација расте за 5% годишно, и повторно сите профити се акумулирани. Во овој случај профитната стапка ќе опадне додека не достигне 5%. Зошто? Бидејќи на профитна стапка од 5%, сета реинвестирана, средствата за производство растат со иста стапка како и работничката популација, кога и вредносниот состав на капиталот се стабилизира. Оваа ситуација е демонстрирана како средната линија на Слика 1.

На крајот, Кокшот разгледува ситуација во којашто само 25% од профитите се реинвестирани, а остатокот е непродуктивно потрошен. Која е конечната профитна стапка во овој случај? Јасно, таа ќе биде 20%, бидејќи на профитна стапка од 20%, со четвртина која е реинвестирана, средствата за производство повторно ќе растат на 5% за да го следат растот на работничката популација. Следи дека основната равенка за дефинирање на врамнотежената профитна стапка re e

re = g/α

каде што g е стапката на раст на вработената работна сила и α е делот на профит којшто е акумулиран.

Има еден елемент од Марксовиот аргумент којшто оваа равенка го испушта од предвид а тоа е поевтинувањето на елементите на константниот капитал. Ние можеме да претпоставиме дека ова ќе напредува со истата стапка како и растот на продуктивноста на трудот, па нека го наречеме ова t за технички напредок.

Ефектот на поевтинување на константен капитал е да ги обезвредни постоечките средства за производство. Годишен раст на продуктивноста на трудот од 5% ќе ја намали вредноста на машинеријата за 5% годишно. Неговиот ефект врз профитната стапка оттука е истиот како тој на растот на популацијата. Кокшот прерпоставува дека нема раст на популација, но има стапка на технички напредок од 5% и претпоставува дека сите профити се акумулирани. Се разбира, профитната стапка ќе се стабилизира на 5% бидејќи при таа профитна стапка реинвестирањети е само доволно да го неутрализира техничкото обезвреднување на средствата за производство. Така што при таа стапка, вредносниот состав на капиталот мора да се стабилизира. Конечната равенка за долгорочна профитна стапка, врз претпоставките на Маркс, мора да биде:

re = g+t/α

Oваа профитна стапка re е нивото до коешто законот на опаѓачка профитна стапка ја води реалната профитна стапка. Она што таа ни кажува е:

  1. Дека врамнотежените профитни стапки растат со растот на работната сила. Ова е важно бидејќи во развиени капиталистички земји со низок наталитет популацијата тежнееше да се стабилизира. Теоријата покажува дека ако популацијата започне да опаѓа, и ако стапката на подобрување на технологијата застојува, тогаш профитната стапка ќе тежнее да биде негативна.
  2. Дека врамнотежените профитни стапки растат со техничкиот напредок. Ова делува преку неговиот ефект врз поевтинување на константниот капитал.
  3. Дека врамнотежената профитна стапка не зависи од стапката на експлоатација. Порастите на стапката на експлоатација можат да произведат краткорочни порасти на профитната стапка, но тие не влијаат на конечното ниво до кое таа ќе опадне, тие можат само да го одолговлечат падот.
  4. Дека брзата акумулација тежнее да ја намали долгорочната профитна стапка. Ова исто така е значајно бидејќи ја покажува антагонистичката и на долг рок реакционерн врска којашто капиталистичката класа ја има со развојот на производствените сили. Долгорочната профитна стапка е повисока ако капиталистите го трошат вишокот непродуктивно отколку да го инвестираат. Нивниот економски интерес станува директно спротивен на идниот развој на производствените сили и тие стануваат се’ повеќе заинтересирани во дејности околу собирање дивиденди: осигурување монополи преку права на интелектуална сопственост, брендови, стекнување на земјишен имот, итн.

Eдна научна теорија е единствено толку добра колку предвидувањата што таа би ги дала. Ако основниот модел на акумулација изложен од Маркс е исправен, ние би требало да можеме да го искористиме за да ја предвидеме еволуцијата на профитната стапка во реални капиталистички економии.

Равенката re = g+t/α има три променливи на десната страна: делот на акумулација, стапката на пораст на продуктивноста на трудот и стапката на раст на работничката популација. Со овие три променливи за една земја, ние можеме лесно да пресметаме која re би требало да биде. Ако теоријата е точна тогаш реалната профитна стапка ќе се движи кон тоа ниво дадено од re. Краткорочното, а не долгорочното, движење на реалната стапка може исто така да биде под влијание на промени во s/v, така што ние не би требало да очекуваме дека предвидувањата ќе бидат 100% точни, но тие би требало да бидат точни во најголем дел од времето, бидејќи изненадните промени во s/v, не се така вообичаени.  На слика 2 Кокшот покажува за 4 земји временски низи за re и реалната профитна стапка. Може да се забележи дека re скоро совршено предвидува каква ќе биде реалната стапка неколку години подоцна.

Самата врамнотежена стапка се менува, примарно поради две причини. Во првиот период ние гледаме пад на re предизвикан од исцрпување на резервите на труд, што од друга страна било ефектот на опаѓачки стапки на наталитет и завршување на миграцијата. Во Јапонија, каде што природната стапка на раст на населението е ниска и каде што имиграцијата е сериозно ограничена, профитната стапка продолжила безмилосно да опаѓа. Во другите 3 земји таа се стабилизира на незначително повисоко ниво веројатно поради комбинираниот ефект на внатрешна миграција и пад на делот на акумулација.

Теоријата на опаѓачка стапка на профит којашто Маркс ја развил е извонредно интелигентна и корисна. Таа ги опфаќа клучните карактеристики на акумулација во капиталистичките економии. Може да биде преточена во математичка форма којашто овозможува да ја пресметаме идната еволуција на профитната стапка во една капиталистичка земја, а предвидувањата кои таа ги дава се извонредно добри.

39585366_2231104910238942_8012657108715569152_n

Еволуција на профитните стапки во Канада, С.А.Д., Јапонија и Франција. Целите линии се реалната стапка на профит. Можете да забележете како теоријата на Маркс ја предвидува реалната стапка на профит две или три години однапред.

One thought on “Аргументот на роботи на Кејнз и Попер соборен

  1. Nema što da se komentira. Sekoj koj dokažuva deka Marks pogrešil, ne e vo pravo bidejki Marks ne možel da pogreši. Marks ne rabotel kako negovite denešni ,,kritičari” koi go kritikuvaat a ne go proučile. Toj go poučuval sekoe razgleduvanje na faktorite na proizvodstvo i dal odgovor na se* na što trebalo da se odgovori. Prema toa, vraćanjeto na ,,kritičarite” na veće razgleduvanite temi od vremeto na Marks samo pokažuva deka tie nastojuvaat da najdat greški kade nema, pa svoite greški – neproučuvanjeto na Marks-Engelsovite analizi i nesogleduvanjeto na odgovorite – mu gi inputiraat na Marks. Tie pravat katastrofalni logički greški – svoeto neznaenje i nesovesnost mu gi pripišuvaat na Marks. Kakva e taa nivna ,,nauka”?Tie ne znaat ni da mislat a ne da dokažuvaat deka Marks grešel! Neka dokažat kako može mašinata da sozdava profit? Što e vrednost? Tie ne pročitale elementarni raboti ne samo od Marksa i Engelsa tuku i od apologetite na kapitalizmot.Što e svoina, kako taa nastanuva…I red drugi raboti. Što ima svoinata so proizvodstvoto.Tie ne znaat da odvojat možno od nemožno, bitno od nebitno, prirodno od neprirodno itn.Razgleduvaat vrednost a ne znaat deka toa e nešto nepostoečko, apstraktno. Vrednosta niti postoela večno nitu će postoi. I taa postoi samo vo uslovi na privatna sopstvenost na sredstvata za proizvodstvo Kako ne videle kade Marks veli: Mnogu hemičari vršele laboratoriski analizi na stoki ,no nitu vo edna ne našle nitu atom od vrednost. I nekoj saka da ja postavi vrednosta za temel na opštestvoto. Navistina, iako ne sakame nikogo da vređame, no da se vpušta nekoj vo kritika na Marksa, toa može samo čovek koj ne pročital ništo od nego. Kako da ne završime so Engelsoviot izvik:,,Pogolemi glupaci od takvite >>naučnici<< ne postoele do denes!" Zašto nastojuvaat takvite svojata nesovesnot vo rabotata,nečesnost vo postapuvanjeto i mrzlivost da čitaat da gi pretstavuvaat pred luđeto kako učenost!
    Lazar Gogov.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s