Харис Курбардовиќ е ужасен критичар на Левица

„Не е лесно за човек како мене да чита програма на социјалистичка партија без да се нервира… во секој нивен предлог ги воочувам нивните обиди да ја пренасочат моќта во нивни раце од рацете на народот. Запомнете дека владата која ја поседува моќта многу да ни даде истовремено ја поседува и моќта многу да ни одземе.“ (Харис Курбардовиќ)

Напротив, тоа е приватната сопственост на земја, капитални добра и ресурси која им овозможува на овие приватни сопственици да извлекуваат вишок вредност од наемниот труд а која последично акумулира во нивни раце политичка моќ и насилие над целото општество. Не е далеку од вистина дека и државата знае да се однесува како индивидуален капиталист во услови на капиталистички начин на производство.

„Модерната држава, каков и да е нејзиниот облик, во суштина е капиталистичка машина, држава на капиталистите, идеален колективен капиталист. Колку повеќе производствени сили таа презема во своја сопственост, толку повеќе станува вистински колективен капиталист, толку повеќе државјани експлоатира. Работниците остануваат наемни работници“, пишува Енгелс во Анти-Диринг.

Пазарот наспроти државата: кај кого е диктатурската палка

„Во слободните пазари сите ние гласаме со нашите пари. Доколку некој мене ми понуди добра услуга/производ јас гласам за него со моите пари, во спротивно доколку некој ми понуди лоша услуга/производ јас ќе престанам да соработувам со него. Левица не сака демократски процес на распределбата на ресурсите, тие сакаат целосна контрола на распределбата. Со други зборови, тие сакаат демократскиот процес да го заменат со диктатура.“ (Харис Курбардовиќ)

Физичарот Виктор Јаковенко покажал во неговиот труд „Статистичка механика на парите“ дека парите во една пазарна економија ја играат истата улога како енергијата во физиката.

Токму како што енергијата е одржана со судирите меѓу молекулите, така парите се одржани со актите на купување и продавање.

Јаковенко покажал дека законите на термодинамиката потоа имплицираат дека дистрибуцијата на парите меѓу луѓето ќе ја следи истата форма како дистрибуцијата на енергијата меѓу молекулите во еден гас: таканаречената Гибс-Болцманова дистрибуција.

Она што Гибс-Болцмановата дистрибуција на пари го кажува е тоа дека малку луѓе завршуваат со многу пари и многу луѓе завршуваат со многу малку пари. Тоа значи дека дистрибуцијата на пари и соодветно општествената моќ ќе биде многу нееднаква, како што гледаме во капиталистичкото „општество“. Всушност, Јаковенко покажал дека дистрибуцијата на богатството во САД многу близу се вклопува со Гибс-Болцмановата дистрибуција.

Постои тенденција да се мисли дека богатите луѓе го должат своето богатство на интелигенцијата или напорот, но физиката ни кажува дека не е така. Со обѕир на пазарна економија, тогаш законите на шанса значат дека многу пари ќе завршат во рацете на малку луѓе.

Всушност, кога ние гледаме во САД, наоѓаме дека дистрибуцијата на богатството е дури и понееднаква одошто би очекувале од Гибс-Болцмановиот закон. Ако Гибс-Болцмановиот закон е на сила, тогаш би постоеле милионери, но не и милијардери. Зошто несразмерност?

Јаковенковите оригинални равенки ја претставија економијата, која е нешто како она што Маркс го нарече просто стоковно производство. Тоа претпоставило само купување и продавање. Поновиот труд од Јаковенко покажал дека ако вие ги менувате овие равенки така да допуштите или заработка од камата на пари или од вработување на наемен труд, тогаш равенките предвидуваат поларизација на населението во две групи. Најголемиот дел од населението, работничката класа и ситната буржоазија, произлегува од Гибс-Болцмановата дистрибуција на приход. Меѓутоа, постои друга класа, онаа чиј приход произлегува од капитал, чие богатство следи од различен закон, кој се нарекува закон на моќта. Повторно, погледајте детално на дистрибуцијата на богатство и ќе ви ја даде точно дистрибуцијата предвидена од Јаковенковата теорија. Ова, кажува Јаковенко, докажува дека Маркс бил во право кога кажал дека современото „општество“ се состоело од две различни и спротивставени класи: капиталисти и работници.

Колку повеќе приватизација толку понизок стандард на живот

„Фактот останува дека каде има најмногу приватна сопственост народот има највисок стандард на живот.“ (Харис Курбардовиќ)

САД важат за најразвиена капиталистичка земја во цел свет. Да видиме дали ова „најразвиена капиталистичка“ подразбира „највисок стандард на живот“!

Секоја година

  • 5,000,000 работници се повредуваат на работно место; 150,000 од кои страдаат од постојани сакатења предизвикани на работно место, вклучително осакатување, парализа, оштетување на видот, слухот и стерилност.
  • 100,000 сериозно се разболуваат од болести предизвикани на работно место, вклучително црни дробови, кафени дробови, канцер и туберколоза.
  • 14,000 гинат на работно место; околу 90 проценти се мажи.
  • 100,000 умираат прерано од болести предизвикани на работно место.
  • 60,000 гинат од отровни околински загадувачи или зарази во храна, вода или воздух.

Во моментот:

  • 40,000,000 или повеќе се без здравствено осигурување или заштита од сериозно заболување.
  • 1,126,000 од постарите лица живеат во приватни болници. Голем но потценет број од нив трпат услови на крајно запоставување, нечистотија и злоупотреба во овие приватни болници кои се управувани со алчно око за извлекување на што е можно повеќе профит.
  • 4,500,000+ деца, или повеќе од половина од 9 000 000 деца кои живеат на социјална помош, страдаат од неисхранетост. Многу од овие страдаат од оштетување на мозокот предизвикано од изгладнување во периодот на пред раѓање и во детството.
  • 7,000,000 до 12,000,000 се невработени; бројките варираат со секоја криза. Растечките бројки на хронично невработени покажуваат знаци на стрес и емоционална депресија.
  • 6,000,000 имаат „зависни“ работни места, или работни места кои се структуирани да траат само привремено. Околу 60 проценти од овие би претпочитувале постојано вработување.
  • 15,000,000 или повеќе се работници вработени на делумно работно време или намалено работно време на договор на кои им требаат работни места со цело работно време и кои работат без бенефиции.
  • 3,000,000 дополнителни работници се невработени, но не се вброени, бидејќи нивните бенефиции при невработеност завршиле, или тие никогаш не ги задоволиле критериумите за бенефиции, или тие се откажале барајќи работа, или се придружиле на вооружените сили бидејќи не можеле да најдат работа.
  • 80,000,000 живеат од доходи, според Министерството за труд на САД, под „удобна доволност“; 35,000,000 од овие живеат под нивото на сиромаштија.
  • 12,000,000 од оние кои се наоѓаат на дното на сиромаштија страдаат од хронична глад и недоволно исхранување. Мнозинството од луѓето кои живеат на или под нивото на сиромаштија гладуваат во текот на некој период од годината.
  • 2,000,000 или повеќе се бездомници, присилени да живеат на улици или во привремени прибежишта.
  • 160,000,000+ се членови на семејства кои се задолжени, што е остро зголемување од 100-те милиони пред една деценија. Мнозинството од нив земале пари на заем не заради раскошни работи туку заради средства за живот. Растечките долгови се закануваат со финансиски слом кај сè повеќе семејства.
  • Помеѓу 20 и 30 милиони Американци патат од глад (Конгресни центар за исхрана, 1995 година).
  • САД имаат највисока смртност на новороденчиња, СИДА-заразени, несреќи на пат, труења од пестициди, убиства, пријавени силувања, апсења и производство на штетни материјали, што е повеќе од Швајцарија, Јапонија, Данска, Норвешка, Германија, Австрија, Франција, Финска и Канада (Светска банка, Извештај за развој, 1994).
  • Соединетите Американски Држави се најбогатата земја на планетата, а имаат најдрастичен диспаритет на доходите… 60 % од сите работни места во САД од 1979 година донесуваат помалку од 7000 долари годишно (Fian Fact Sheet, Welfare by Corporations is Corporate Welfare).
  • Сега, со само 5 пати повеќе популација од Италија, САД има 150 пати повеќе деца во притвор (UNICEF).
  • Во Америка, на секои 2 минути се раѓа бебе во сиромаштија.
  • На секој час умира едно бебе пред да наполни една година.
  • На секои 15 минути се раѓа бебе чија мајка примила подоцна или не примила воопшто труднечка нега.
  • На секои 7 минути се раѓа бебе со мала тежина.
  • Еден на секој 4 американски ветеран сега е бездомник.
  • Дваесет и две илјади Американци ќе умрат безпотребно оваа година поради приватните, прескапи, капиталистички здравствени осигурителни компании.
  • Скоро 40 или 39.8 милиони Американци сега живеат под границата на сиромаштија, вклучително 12.9 милиони деца.
  • Најмалку 25% од американските работници се невработени, макар што монтираните владини цифри известуваат дека тоа се само 9.4%.
  • Над 2 милиони Американци ги изгубиле своите домови поради заплена од јануари 2007; 12 000 домови дневно се запленуваат.
  • Американските работници изгубиле домови во вредност од 10 до 15 трилиони долари.
  • Сега, 4 милиони Американци се бездомници, живеејќи на улиците или во шаторски градови.
  • Американските пензионери изгубиле 2 трилиони долари во пензионерските фондови (од вкупно 9 трилиони долари кон крајот на 2007 год.) поради крахот на финансискиот пазар.
  • Од 1.6 милиони ирачки и авганистански ветерани, кај 38% од армијата и 50% од членовите на националната гарда било дијагнозирано ментална болест. (Извештај на Пентагон од 2007 год.)
  • САД се на третото најлошо ниво на доходовна нееднаквост и сиромаштија меѓу 30 држави-членки на Организацијата за економска кооперација и развој (OECD) (само Мексико и Турција се рангирани како полоши).

Историска вистина е дека работници емигрирале од САД кон СССР

„Вистината е дека најнапредните општества се капиталистичките. Истовремено, државите во кои најмногу се емигрира се исто така капиталистички. Се прашувам зошто низ историјата ниеден народ било кога не емигрирал од слободна капиталистичка држава во социјалистичка.“ (Харис Курбардовиќ)

Во периодот од 1930 до 1970, а со исклучок на воените години, СССР искуси многу брз економски раст. Постои значаен спор околу тоа колку брзо економијата пораснала, но генерално е усогласено дека растела значајно побрзо од САД меѓу 1928 и 1975, со стапка на раст, која успорува до размерот на САД по 1975. Овој раст настана во селанска земја, чиј степен на развој бил споредлив со оној на Индија во 1922, за да стане светска втора индустриска, технолошка и воена сила од средината на 1960-тите.

Статистичарите нè известуваат дека илјадници инженери и квалификувани работници од Европа и Америка заминале во СССР за да ги помогнат новите индустриски претпријатија и да обучуваат нова генерација на советски техничари. Во согласност со една пресметка, во 1932 година, 42 230 странски работници биле вработени во СССР, најмногу од нив квалификувани работници. Извор: Barbara Keys, An African-American worker in Stalin’s Soviet Union, 2009.

Мит: „Венецуела е уште еден пример на држава која се помалку и помалку има приватна сопственост“ (Харис Курбардовиќ)

Факт: Венецуела е уште еден пример на држава која без диктатура на пролетаријатот се помалку и помалку има колективна сопственост

Откако боливаризмот дојде на власт во 1999 година во Венецуела, никогаш немаше ниту една социјалистичка економска мерка: ни социјализам на 20 век ни социјализам на 21 век. Политичко-економскиот модел развиен од Уго Чавез по 2003 година, не беше ништо повеќе од либерален развоен експеримент, сличен на првата влада на генерал Перон. Веќе исцрпен во 2010 година влезе во втората фаза на Перон: зголемена ерозија и пат кон бездна. Социјалистичкиот план на Гвајана, работничкото самоуправување, комуните – најголемата грешка на социјалистичките Распутиновци од Мирафлорес (Марта Харнекер и другите) – се само химери (илузии) во капиталистичка пазарна економија. Сега, цела оваа фантазија се уништува уривајќи се сама во себе. Придонесот на јавниот сектор опаднал од 34.8% во 1998 на 29.1% во 2008. Во 1998 година трудот изнесуваше 39.7% од новата додадена вредност, над 36.2% од износот на капиталот. Десет години подоцна, неговиот дел опадна на 31.69% додека тој на капиталистите порасна на 49.18%.

„На нас останува изборот, сакаме нашата држава да се движи во насоката на Швајцарија или Северна Кореја?“ (Харис Курбардовиќ)

Околу 530 000 луѓе во Швајцарија или 6.6% од популацијата имаат доход под границата на сиромаштија според статистичките податоци од 2014 година. И над еден милион луѓе се во ризик да западнат во сиромаштија. 9.7 проценти од популацијата во Швајцарија немаат пари да поминат седмица некаде надвор од земјата (просекот во ЕУ е 36.9 проценти). За индивидуи во фамилии со еден родител, овој процент е 22.6 проценти. 1.7 проценти од Швајцарците не може да си дозволат цел оброк како месо, риба или вегетаријански оброк секој втор ден. 123 000 од 530 000 сиромашни Швајцарци биле вработени или 3.3% од популацијата.

„Јас ја имав таа привилегија да разговарам со неколку луѓе кои ја поддржуваат Левица, се што можам да кажам од моето искуство е дека истите не ни знаат што е социјализам, а ете… поддржуваат социјалистичка партија.“ (Харис Курбардовиќ)

Да биде парадоксот уште поголем тие неколку луѓе со кои ти си разговарал а кои ја поддржуваат Левица не знаат дека поддржуваат антисоцијалистичка партија баш од фактот што изворно не се запознаени со научниот социјализам на Маркс и Енгелс за да ја препознаат како антисоцијалистичка партија. Нема потреба Левица да дојде на власт за да се дознае кои економски политики ќе ги спроведува. Тоа може да се предвиде од нејзината економска програма. Додека сите аплаудираа на изборната победа на СИРИЗА, јас бев ако не единствениот кој студирајќи ја нивната економска програма предвидев дека СИРИЗА ќе се однесува од позиција на власт како реакционерна сила спрема интересите на работничката класа. Ова не е исклучок ниту за Левица бидејќи нејзината економска програма до ден денес е заробена во духот на бранимиризмот иако Бранимир Јовановиќ е одамна заминат од таа партија! Никаде во програмата на Левица не е предвидена општествена сопственост над средствата за производство преку укинување на наемното плаќање на работниците.

Маркс во Критиката на Готската програма категорично сметал дека елиминацијата на монетарната економија е апсолутно суштинска. Може да се прочита целокупното дело „Капитал“ на Маркс како проширен аргумент за ефектот како монетарната индустриска економија неизбежно води кон цел пакет на капиталистички институции. Од парите и индустријата произлегува купувањето на работна сила, од ова произлегува експлоатацијата и класниот систем. Од експлоатацијата произлегуваат сите други зла на системот.

Секој обид да се воведе реформирана монетарна економија ја остава недопрена основната логика на функционирање на капитализмот. Основните тенденции кои се имплицитни во монетарната економија, повторно се потврдуваат. Искуството од досега постоечките обиди за социјализам што ја сменија сопственоста на имотот без да се елиминираат парите и монетарната пресметка, се сведоштво за оваа внатрешна логика. Постои постојан притисок повторно да се воведат сè повеќе капиталистички елементи во економијата бидејќи овие капиталистички институции се внатрешна потреба од монетарна логика: „Во онаа иста мера во која стоковното производство, сообразно со своите внатрешни закони, се развива кон капиталистичко производство, во таа иста мера законите за сопственоста, својствени на стоковното производство, се преобратуваат во закони на капиталистичкото присвојување“ (Маркс, Капиталот, том 1).

„Што се однесува до странските инвестиции, Левица пак греши. Ние мораме што е можно повеќе истите да ги искористиме. Една капиталистичка и слободна држава постојано го зголемува својот капитал и со тоа и стандардот на живот. Овој процес бил бавен за првите слободни држави кои впрочем денеска се најбогатите во светот, но истиот процес не мора да биде бавен и за нас – ние можеме да го искористиме капиталот на богатите држави. Една од најголемите причини зошто денес има толкава разлика помеѓу богатите и сиромашните држави е затоа што народот во сиромашните држави бил убеден дека странските инвестиции се некако контра-продуктивни и поради тоа ние не смееме да дозволиме нашата евтина работна сила да биде искористувана.“ (Харис Курбардовиќ)

Дека ние треба да го следиме примерот на побогатите држави од нас во насоката на развој на нашата економија и општество во тоа не се сомневал ниту Маркс. „Индустриски поразвиената земја и ја покажува на помалку развиената земја само сликата од нејзината сопствена иднина. … Една нација треба и може да учи од друга. Дури и кога некое општество надојде на трагата на природните закони на своето движење – а крајната цел на ова дело е да го разоткрие економскиот закон на движењето на модерното општество – тоа не може ни да ги прескокне, ни со декрет да ги отстрани фазите на природниот развиток. Но тоа може да ги скуси и да ги ублажи родилните болки.“ (Маркс, Предговор кон првото издание на Капиталот)

Но, кога би требало да бираме од кој пример на побогата држава од нас мора да учиме, како што досега покажав, сигурно тоа не е САД или Швајцарија, туку Сингапур каде државните претпријатија играат значителна улога во економијата. Фондот за суверено богатство „Темасек холдингс“ има мнозински удели во неколку од најголемите компании во земјата, како „Сингапур ерлајнс“, „СингТел“, „СТ инженеринг“ и „МедијаКорп“. Јавниот сектор се користи како инвеститор и како катализатор за економски развој и иновации. Државната сопственост е важна во стратешките сектори на економијата, вклучувајќи ги телекомуникациите, медиумите, јавниот превоз, одбраната, пристаништето, аеродромското работење, како и банкарството, испорака, воздухопловство, инфраструктура и недвижнини. Владата им обезбедува бројни програми за помош на бездомниците и сиромашните преку Министерството за социјален развој и семејство, така што акутната сиромаштија е ретка. Некои од програмите вклучуваат обезбедување помеѓу 16 124 денари и 40 300 денари месечно за сиромашните домаќинства, обезбедување бесплатна медицинска помош во државните болници и плаќање на трошоци за децата во училиштата. Владата на Сингапур, исто така, обезбедува бројни придобивки за своите државјани, вклучувајќи: неповратни пари за да ги охрабри жителите да вежбаат во јавни спортски сали, бенефиции во вредност до 166,000 американски долари за секое бебе родено од граѓанка, силно субвенционирана здравствена заштита, пари за да им помогне на инвалидизираните лица, ефтини лаптопи за сиромашни студенти, попусти за бројни области како што се јавен превоз, сметки за комунални услуги и повеќе.

„Левица верува дека сите ние сме премногу глупави за да се грижиме самите за себеси и поради тоа ние треба да се откажеме од приватната сопственост. Тоа звучи како одличен план, сета моќ да ја врачиме на мал број на луѓе, што би можело тука лошо да се случи?“ (Харис Курбардовиќ)

Харис Курбардовиќ овдека не зборува во име на мнозинството граѓани туку само во име на оние кои се приватни сопственици а кои се малцинска класа. Обратното е случај, фактичката состојба е дека економската а со тоа и политичката моќ е во рацете на мал број луѓе односно ова малцинство од приватни сопственици! Е, сега, за да имаме економска демократија во вистинската смисла на зборот социјализам, покрај монетарната реформа на економска пресметка од пари во работно-временски единици на часови и минути, треба законски да се признае правото на индустриска демократија,  односно вработените да бидат мнозинството на одборот на секое претпријатие. Суштината на „правото“ на приватна сопственост е токму онаа против што се заложуваат Харис Курбардовиќ и Ејн Ренд – воспоставување на „право“ на сопственост над луѓе, односно воспоставување на наемно ропство, кое е „полошо и од класичното ропство“; воспоставување „право“ на ропство на имателите на приватна сопственост над оние кои немаат таква сопственост. Суштината на „правото“ на приватна сопственост е токму онаа против што заложува Ејн Рејнд – воспоставување на „право“ на сопственост над луѓе, односно воспоставување на наемно ропство, кое е „полошо и од класичното ропство“; воспоставување „право“ на ропство на имателите на приватна сопственост над оние кои немаат таква сопственост. Логиката е таа – ситноселанската или ситнокапиталистичката сопственост, која е основа на слободите и правата на човекот, историски е надмината со економските процеси. А крупната капиталистичка сопственост ги укинува правата и слободите на човекот. И „решението“ Ејн Рејнд го наоѓа во неолибералистичкото „laissez-faire“. И застанува на реакционерни позиции – сака да го врати општеството назад два-три века. Каква плиткоумност! Знае да викне: „Човекот кој произведува додека друг располага со неговиот производ, се нарекува роб“, а не знае да увиди дека и ситниот сопственик денес е роб на капиталот, бидејќи мора да се покори на условите, кои ги наметнува крупното капиталистичко производство. Тоа покорување Џ. К. Галбрајт го нарекува „самоексплоатација“. Но, тоа не е „самоексплоатација“, бидејќи капиталот го принудува ситниотстоковен производител да ги извршува оние работи, што тој не сака да ги извршува, бидејќи му се непрофитабилни. Работите така стојат, кога се гледаат научно, што не е случај кај lady Rand. Таа сака луѓето „на свои средства да произведуваат“, бидејќи „кој произведува додека други располагаат со неговиот производ, се нарекува роб“. И затоа проповеда враќање назад кон почетоците на либералниот капитализам, кој најмногу ситни производители преобрази во паупери и робови. Се разбира, на капиталот.

Ние не ја укинуваме „приватната“ сопственост потребна за живот. Ние „ја укинуваме само буржоаската сопственост“, бидејќи таа ги спречува луѓето да остварат доволно „приватна“ сопственост од средства потребни за живот. Значи, комунизмот е подигање на приватната сопственост на повисок степен и овозможување на секој со лична работа на средствата за производство во општествена сопственост да обезбеди доволно средства за сигурен и удобен живот. Од кажаното јасно може да се заклучи дека приватна сопственост може да постои само над средствата за живот, но не и над средствата за производство. Лејди Рејнд изгледа дека не знае за таква логика, па затоа иако правилно заклучува дека човекот кој не располага со резултатите од својот труд е роб, погрешно предлага обезбедување на приватна сопственост над средствата за производство. Додуша таа прави „згодно“ извлекување од тоа, велејќи дека „правото на сопственост претставува право на делување, а не право на објект“. Таквото „третирање“ на проблемот е типично буржоаско. Во Уставот ви се гарантира „право на приватна сопственост“, а во праксата ти се одзема истата за наплата на данок. Каква гаранција на човекови права и слободи е тоа? И, ако е тоа „право на делување“, на кој објект ќе делувате и произведувате свои производи? Капитализмот никому до денес не осигурал право на свои производи преку делување на туѓа сопственост, иако работниците работат повеќе од коњи на туѓите објекти.

„Следно Левица зборува за некакво демократско распределување на ресурсите и токму тука покажуваат колку се неписмени кога станува збор за економија. Тие воопшто не разбираат како функционираат слободните пазари и само социјалисти на кои им бил испран мозокот можат да кажат нешто олку наивно.“ (Харис Курбардовиќ)

Во западното ширење на американското земјоделие на капиталистички начин, на пример, географската гранична земја беше всушност најпродуктивната. Во такви случаи пазарот не мотивира никако за сочувување на ресурсите; резултатите беа болно очигледни во Прашливите 1930-ти години, кога области на американските и канадските прерии пострадаа од ерозија на почвата предизвикана од силен ветар. Лудвиг фон Мизес, економскиот гуру на Харис Курбардовиќ, мораме да признеме дека овде тој се однесувал чесно, бидејќи признава дека одредени важни еколошки прашања не можат да бидат воведени во опсегот на монетарната пресметка за што сведочи неговата дискусија околу одлуката дали да се гради хидросистем кој би можел да ја уништи природната убавина на водопадот, што е конструирано за да ја илустрира општата поента дека парите „никогаш не можат да бидат мерка на оние вредносно определувачки елементи кои стојат надвор од доменот на разменските трансакции“. Дали заштитата на водопадот на Мизес може подобро да биде доверена на приватен земјопоседник, кој доброволно се откажува од максимизирање на профитот, или на Биро за национални паркови, е работа на проценка: ние сме склони кон второто.

„Постојат само човекови права. Немам јас посебни права затоа што сум маж, Бошњак, белец, итн. Доколку јас влезам во доброволна соработка со некој тоа мене не ми гарантира некои посебни права. Доколку постои такво нешто иако не треба да постои, тогаш тоа е привилегија.“ (Харис Курбардовиќ)

Харис Курбардовиќ но и Ејн Рејнд ги мешаат правото на сопственост и човековите права и слободи, иако по никоја логика, не одат едни со други. Во историјата постоело едно време кога луѓето биле сопственици на средствата за производство и соодветно сопственици на производот што го произведувале. Според тоа, тие слободно учествувале во размената како сопственици на стоки. Од тоа Харис Курбардовиќ и Ејн Рејнд заклучуваат дека најважни човекови права се „правото на сопственост и трговија“. Харис Курбардовиќ и Ејн Рејнд се неспособни да го разгледуваат историски целиот развој, кој преку процесот на централизација и концентрација на средствата за производство довел до деприватизирање на ситните сопственици и нивно преобразување во наемни работници, што Маркс го објаснил во Капиталот и Основите на критиката на политичката економија. Ејн Рејнд вели: „Потенцијално државата е најголема опасност за правата на човекот“. Но, „декларацијата за независност втемелила начело, кое ќе ги осигура оние права, кои државата ги обезбедила за луѓето“(!) Како е тоа можно „најголемата опасност за правата на човекот“ да му обезбедува права на тој човек?! Да, кај оние кои не размислуваат што пишуваат, сè е можно. За незнаењето сè е можно – ем државата да е најголема опасност за правата на човекот, ем таа да обезбедува права за луѓето!

Декларацијата за независност со начелото „создавателот ги обдарил сите луѓе со извесни неприкосновени права“ ја „променила улогата на државата од господар до улога на слуга“, вели Ејн Рејнд. На тоа тврдење ќе ‘и одговориме со Исусовото „Блажени се со ум сиромашните, бидејќи нивно е царството небесно“. Но, таквите немаат никакво право да ги заведуваат луѓето со своите „умотворија“, кои немаат ништо научно во себе. Ние, марксистите, секогаш сме тврделе дека државата е инструмент за држање во потчинетост на класата со која се владее и никогаш не се сложуваме со некои произволни тврдења дека таа „обезбедува некои права за луѓето“. Дури ни „социјалистичката“ држава не обезбеди ништо за работникот, а камоли тоа да го прави капиталистичката. Се покажа дека секоја држава е слуга на владејачката класа и дека таа никогаш нема да направи нешто за работничката класа. Тоа го потврдија сите „социјалистички“ држави, бидејќи ниту во една не остана ништо од сите „социјалистички“ права, кои им беа загарантирани со уставот и кои требаше да ги штитат „социјалистичката“ армија, милиција, безбедност и судство. Затоа работникот во иднина нека не се надева на ништо добро од која било држава, макар тоа да е и државата на Ејн Рејнд.

„За јас да остварам профит во една капиталистичка држава, јас морам да понудам добра услуга/производ, профитот кој јас ќе го заработам не го одземам од било кој. Доколку јас станам милијардер тоа нема да значи дека остатокот од општеството се посиромашни поради тоа. Баш спротивното е вистина, јас сум го кренал стандардот на живот на моите сограѓани, мојот доказ е профитот. Бил Гејтс стана многу богат човек, зар тој нешто украл од некого? Зар тој некако осиромашел некој? Не! Тој помогнал на милиони и милиони луѓе, неговата награда е профитот кој го заработил. Ние треба да сме благодарни на луѓе како него, не да плукаме по нив и да се жалиме дека имаме сиромашни луѓе поради капиталисти како него.“ (Харис Курбардовиќ)

Правото на сопственост над средствата за производство од предманофактурниот период, од кое се извлекува и „правото“ на сопственост над средства за производство во капитализмот, се две сосема различни права. Во предманофактурниот период сопственикот со личен труд и произведува со таа сопственост, господинот Капиталист денес и не знае да го вклучи во работа тоа „свое“ средство за производство. Дали Харис Курбардовиќ е способен да увиди дека постои, не само квантитативна, туку и квалитативна разлика меѓу тие две сопствености? Во првата сопственикот присвојува со личен труд, значи со лично производство, а во втората „сопственикот“ воопшто не учествува во производството – тој присвојува не со личен труд, туку по „право“ на сопственост, кое му овозможува да тој биде во Париз и да гони курви, а „неговите“ фабрики му донесуваат профит во САД. Каде е тука логиката?!

На пример, Стив Џобс буквално го направи своето богатство на сметка на животот на своите работници! Сепак, природата ги уништува сите противници на марксизмот и работничката класа: Стив Џобс во 2011 год. умира од рак на панкреас. Работниците во фабриката Фокскон во јужниот кинески град Шенжен произведуваат електронски компоненти за iPhone на Apple и за iPad. Во 2010 година 10 работници извршиле самоубиства. Имало други два обиди за самоубиство. Сите смртни случаи биле адолесценти меѓу 18 и 25 години. Долгите часови, ниските плати и високиот притисок направиле таму неподнослива работна средина. Според кинеските медиуми, причината за самоубиствата е чувството помеѓу работниците дека тие се машини. Многу од нив започнуваат да работат во 4 часот наутро, па поминуваат низ движења повторувани илјадници пати во текот на своите често долготрајни смени. „Во секоја смена ние завршуваме 4000 Dell компјутери, цело време стоејќи“, вели еден работник од Foxconn за весникот China Labour Watch. Една смена обично трае помеѓу 10 и 12 часа и вработените се жалат дека надгледувачите ги присилуваат на воена дисциплина. Жанг Минг, политиколог на Народниот универзитет на Кина, рекол дека работниците реагирале емоционално како да тие биле машини или резервни делови. „За повеќето мигрантски работници родени во 1980-те и 1990-те години, неподносливо е за нив да живеат во место без културна средина и општења со своите пријатели. Тие се психолошки слаби. Инцидентите со самоубиствените скокања низ прозор во Фокскон се повици за живот“. Заедничките спални соби на работниците се опремени со заштитни мрежи, фотографирани во индустрискиот комплекс на Фокскон во Шенжен. Фокскон ги постави мрежите и вработи психолози поради големиот број на самоубиства кои го достигнаа максимумот во 2010 година со барем 10 смртни случаи. Годишниот извештај Supplier Responsability на Apple, првпат објавен во 2007, ги истакнува и проблемите и напредокот на своите испорачатели на производи. Во 2012 година, евиденциите во 93 постројки на испорачатели покажаа дека повеќе од половина од вработените ги пречекориле границите на работната недела од 60 часа. Триесет и седум постројки немале систем да осигурат дека работниците зеле барем еден слободен ден во неделата. Критиките за работните услови беа остри, вклучително и истражувањето на New York Times објавено во јануари оваа година.

e0d5e4f522ea00e7c48fcf8697347ca2

Слика 1: Противсамоубиствени мрежи поставени под балконите на заедничките спални соби на вработените во Фокскон на Аpple.

tl201009-foxconn24

Слика 2: Жена чекори под противсамоубиствена мрежа што ја заобиколува
фабриката на Фокскон.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s