Економскиот лажго Бранимир Јовановиќ и прогресивниот данок

61829374

Бранимир Јовановиќ: „Искуствата на другите земји покажуваат дека ова се случува. [прогресивниот данок го прераспределува концентрираното богатство кај сиромашните] Земете ја Албанија која го напушти рамниот данок во 2014 година, да не одиме подалеку. Откако го напуштија рамниот данок и воведоа прогресивен данок се случи сето ова: се зголемија буџетските приходи, се намали јавниот долг, се зголеми економскиот раст. Сето ова се случи. Така што слично нешто такво ќе се случи и во Македонија. Останува да видиме во колкав обем.“

Дури да се зголемат буџетските приходи, да се намали јавниот долг и да се зголеми економскиот раст ова по автоматизам не значи прераспределба на концентрираното богатство од малцинската класа кај мнозинската осиромашена класа! БДП не е добра мерка на економскиот напредок на една земја ниту за компарација на напредокот меѓу две земји! Зошто? Има повеќе причини! БДП не ги мери следниве дејности:

  1. Производството на домаќинството (На пример, луѓето трошат 17% повеќе време во домашно производство (чистење, готвење, грижа за деца, итн.) одошто во платени активности. Според разни студии изведени во Франција, домашното производство би можело да претставува дури 75% од стандардниот БДП.).
  2. Доброволната работа: велосипед поправен од пријател прави БДП да опаѓа ако работата по обичај е професионална работа, одн. платена. Значи, општество во кое доброволната работа е широко распространета ќе ужива повисоко ниво на благосостојба но не и неминовно повисок БДП (всушност, дури понизок БДП).
  3. Јавната администрација: БДП е сума од вредности додадена од сите економски субјекти, одн. разликата помеѓу вредноста на производството и потрошените инпути (енергетски трошоци, суровини итн.) Значи, додадената вредност е всушност составена од два главни делови: плати и профити. Но, за јавната администрација, вредноста на производство не е на располагање бидејќи јавните услуги генерално не се купувани од било кој на пазарот.
  4. БДП на Албанија континуирано почнувајќи од 2008 година кога бил воведен рамниот данок па низ 2014 година откога е заменет со прогресивен данок забележува раст само во делот на додадената вредност како профити. А економскиот шарлатан Бранимир Јовановиќ сака да ни ја продаде лагата дека растот на БДП по автоматизам значи и прераспределба на општественото богатство кај посиромашните класи.

40566863_616392788777693_9047296249077694464_n гдс

Прогресивниот данок воведен во 2014 година не го прераспределило општественото богатство во албанската економија, туку трендовите на профитите и работничките компензации продолжиле упорно да се оддалечуваат наместо да се доближуваат. Поради овој факт, треба да се запрашаме дали во Албанија воопшто бил укинат рамниот данок кој бил воведен во 2008 година во екот на светската економска криза. Единствен докажан начин да се прераспредели општественото богатство е да се укине приватната сопственост.

За социјалистички рамен данок наместо капиталистички прогресивен данок

Како би требало да изгледа еден социјалистички данок на доход? Социјалистите и социјалдемократите во капиталистичките стопанства вообичаено поддржувале прогресивен данок на приход (во кој што оние со поголеми приходи плаќаат повисока процентуална даночна стапка), врз основа на тоа дека богатите можат да си дозволат да понесат поголем дел од даночното бреме. Всушност, прогресивниот данок на приход е сфатен како начин за намалување на нееднаквоста на пред-оданочените приходи во услови на капитализам (иако дали даночните системи на вистински капиталистички стопанства ја постигнале оваа цел е дискутабилно). Но, ако распределбата на личните приходи е во основа егалитарна, случајот за прогресивен данок отпаѓа. Најправичниот систем веројатно е рамен данок, или одреден број на трудови ваучери месечно или годишно по заработувач.

Заклучок

Она што може да го дискредитира и фактички го дискредитира Здравко Савески и сите таму од Левица е што иако му го замрзнаа членството на сега владиниот економски советник Бранимир Јовановиќ, тие идеолошки се гушат во бранимиризмот, бидејќи земајќи предвид дека економскиот дел од програмата остана каков што и беше, продолжува да им наштетува како опортунистичка инфекција од социјалдемократски ревизионизам, но сега со ново брендирано име за нашето политичко милје – бранимиризам. Накратко како би го дефинирале бранимиризмот? Ќе го помагаме капиталот (мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот, за да потоа, го даночиме капиталот за да му „помагаме“ на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир во процесот на производство на вишок на вредноста!

„Вулгарниот социјализам (а од него еден дел од демократијата) има наследено од буржоаските економисти дистрибуцијата да ја разгледува како независна од начинот на производство и поради тоа социјализмот да го претставува како тој главно да се врти околу дистрибуцијата. Откако вистинскиот однос е одамна разјаснет, зошто враќање назад?“ (Маркс, Критика на Готската програма)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s