Единствен праведен данок е рамниот данок!

love_and_blood_-_vampire_woman_biting_her_loverСавески вели: „Повеќе од половината работници земаат плата под 15.000 денари. Многумина за таа плата црнчат, ‘рмбаат, работат прекувремено, во саботи, па и недели. А оние другите, оние што не си ги знаат парите? За нив 15.000 евра месечно е низок приход“. (Здравко Савески, Воведување праведен данок?)

Би можело да биде чудно за некој зошто индивидуалниот работник би го придонесувал овој неплатен труд. Првичната причина е што каде овие производители се одделени од сопственоста над средствата за производство, единствениот начин на којшто тие можат да преживеат е да станат наемни работници. Капиталистот може да продолжи да живее од својот капитал, но наемниот работник може единствено да преживее работејќи. Во една таква ситуација, капиталот секогаш го има во рака камшикот. Услов да му се дозволи на наемниот работник да работи е да работи за дел од денот неплатен.

Потоа Савески ја развива „тезата“ дека овој процес на класно раслојување се должи на даночната индиферентност на државата, но овој процес всушност се должи на приватната сопственост која ги одделува работниците од средствата за производството правејќи од нив модерни хелоти или наемни робови. Тука никаков државен интервенционизам со закон за минимална плата не може да помогне. Примерот со прогресивниот персонален данок во Албанија е најдобар емпириски доказ за тоа. Но, пред да го презентираме графиконот, само неколку филозофски забелешки од различни автори за потеклото на овој процес на класно раслојување:

„Дури и да исклучиме секоја можност за каква било пљачка, насилие и измама, дури ако ние претпоставиме дека сета приватна сопственост оригинално била заснована на личниот труд на сопственикот и дека низ целиот понатамошен процес имало само размена на еднакви вредности за еднакви вредности, сепак во понатамошниот развој на производството и размената нужно доаѓаме до денешниот капиталистички начин на производство, до монополизација на средствата за производство и средствата за живот во рацете на една бројно мала класа, до потиснување на друга класа, која сочинува огромно мнозинство, во положба на пролетери лишени од имот, до периодично изменување на шпекулативните производствени буења и трговски кризи и до цела денешна анархија на производството. Целиот процес може да биде објаснет од чисто економски причини а за тоа никако не се нужни пљачка, сила, државата или политичка интервенција.“ (Фридрих Енгелс, Анти-Диринг)

„Слободните претпријатија навистина подразбираат богатите луѓе да стануваат побогати. Тие ја имаат слободата да ги експлоатираат и психолошки да ги силуваат своите колеги во процесот… Капитализмот ја уништува Земја“ (Helen Caldicott)

„Секогаш, кога се обидува законодавството да ги регулира споровите меѓу претприемачите и работниците, претприемачите му се советници“, со право кажал економистот Адам Смит. Бројните примери со неисплатени плати и придонеси за работниците и покрај формалното (читај: лицемерно!) залагање на владата за почитување на работничките права, се само докази дека „духот на законот е сопственоста“ (Симон Никола Анри Ленге, кој дал критичка анализа на граѓанските слободи и на капиталистичките односи на сопственоста уште во 18 век).

Историјата е најдобра учителка дека духот на законот е сопственоста, па така на пример, инспираторот на првиот закон против работничкото здружување во револуционерна Франција Исак Рене-Гиј ле Шапелие (1754-1794) иако поради конспиративна дејност е погубен за време на диктатурата на јакобинската ситна буржоазија, неговиот закон против работничките синдикати не бил „гилотиниран“ (макар што неофицијалната врска меѓу јакобинците и сиромашните слоеви на Париз револуционерниот новинар Жан-Пол Мара во својот весник L’Ami du Peuple упорно пропагирал укинување на овој неправеден закон)!

Тогаш, кое е решението на овој работнички таксират од наемно ропство спрема капиталот? Одговорот го дал уште во 1790 година Жан-Пол Мара во својот весник L’Ami du Peuple каде напишал: „Сиромашните граѓани ја формираат нацијата, а тие ќе станат властодршци штом тие ќе ги остварат своите права и ќе ја осознаат својата сила: за да ја соборат власта, доволно би било тие да престанат да работат на своите работни места“.

Аргументот на Бранимир Јовановиќ и Здравко Савески за прогресивниот данок како иљач за класните разлики ПОБИЕН

Прогресивниот данок воведен во 2014 година не го прераспределило општественото богатство во албанската економија (види го аргументот на Бранимир Јовановиќ од 46 минута и 54 секунди), туку трендовите на профитите и работничките компензации продолжиле упорно да се оддалечуваат наместо да се доближуваат. Поради овој факт, треба да се запрашаме дали во Албанија воопшто бил укинат рамниот данок кој бил воведен во 2008 година во екот на светската економска криза. Единствен докажан начин да се прераспредели општественото богатство е да се укине приватната сопственост.

40566863_616392788777693_9047296249077694464_n гдс

За социјалистички рамен данок наместо капиталистички прогресивен данок

Како би требало да изгледа еден социјалистички данок на доход? Социјалистите и социјалдемократите во капиталистичките стопанства вообичаено поддржувале прогресивен данок на приход (во кој што оние со поголеми приходи плаќаат повисока процентуална даночна стапка), врз основа на тоа дека богатите можат да си дозволат да понесат поголем дел од даночното бреме. Всушност, прогресивниот данок на приход е сфатен како начин за намалување на нееднаквоста на предоданочените приходи во услови на капитализам (иако дали даночните системи на вистински капиталистички стопанства ја постигнале оваа цел е дискутабилно). Но, ако распределбата на личните приходи е во основа егалитарна, случајот за прогресивен данок отпаѓа. Најправичниот систем веројатно е рамен данок, или одреден број на трудови ваучери месечно или годишно по заработувач.

Заклучок

Она што може да го дискредитира и фактички го дискредитира Савески и сите таму од Левица е што иако му го замрзнаа членството на сега владиниот економски советник Бранимир Јовановиќ, тие идеолошки се гушат во бранимиризмот, бидејќи земајќи предвид дека економскиот дел од програмата остана каков што и беше, продолжува да им наштетува како опортунистичка инфекција од социјалдемократски ревизионизам, но сега со ново брендирано име за нашето политичко милје – бранимиризам. Накратко како би го дефинирале бранимиризмот? Ќе го помагаме капиталот (мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот, за да потоа, го даночиме капиталот за да му „помагаме“ на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир во процесот на производство на вишок на вредноста!

„Вулгарниот социјализам (а од него еден дел од демократијата) има наследено од буржоаските економисти дистрибуцијата да ја разгледува како независна од начинот на производство и поради тоа социјализмот да го претставува како тој главно да се врти околу дистрибуцијата. Откако вистинскиот однос е одамна разјаснет, зошто враќање назад?“ (Маркс, Критика на Готската програма)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s