Ни Савески, ни Тевдовски знаат кои се вистински работници

„Ама, кои се работниците? Да се каже дека работници се само физичките работници е претпоставка која едноставно не држи и ретко ќе се најде левичар (во Македонија и општо) што би ги свел работниците само на физичките работници. Секој што работи за плата, без разлика дали во јавен или приватен сектор, е работник. Може да нема развиено свест за самиот себе како работник, ама и покрај тоа е работник. И може некој работник во даден момент да биде без работа, но ако се стреми да се вработи, тој во дадениот момент претставува невработен работник („невработено лице“).“

(Савески до анонимниот капиталист)

Концепцијата за работничката класа дадена од Смит и Маркс нема врска со застареност, прашањето е дали трудот на културно-уметничките или интелектуалните работници е продуктивен или не е, дали нивниот труд произведува вишок вредност или не произведува. Твоето сврстување на културно-уметничките работници во работничка класа во политичка-економска смисла не е исправно и произлегува од твоето елементарно непознавање на Марксовиот прв том, глава 4 од „Теориите на вишок на вредност“. Твојата дефиниција дека „работник е секој оној што е принуден да го продава својот труд за да обезбеди парични средства за себе“ е анти-марксистичка, соодветно на ова, и анти-социјалистичка наспроти она што Маркс го пишува: „Производствениот труд, во смисла на капиталистичко производство, е наемен труд којшто во размена за променливиот дел од капиталот (делот од капиталот којшто е потрошен за плати), го препроизведува не само овој дел од капиталот (или вредноста на својата лична работна сила), туку покрај тоа, произведува вишок вредност за капиталистот. Само на тој начин стоката или парите се претвораат во капитал, се произведени како капитал. Производствен е само оној наемен труд којшто произведува капитал. (А тоа значи дека тој труд препроизведува поголема сума на вредност отколку што е за него потрошено, или дека дава повеќе труд отколку што прима во облик на наемнина. Значи, производствена е само онаа работна сила којашто создава вредност поголема од нејзината сопствена вредност.)“ „Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им доаѓа од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. Доколку нивните доходи се материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и дотолку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите“ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат.“ (Капиталот, том 2, 1885 год.) Трудот на интелектуалните работници не може да биде продуктивен затоа што не додава никаква вредност на предметот на којшто интелектуалниот работник работи, вредноста за свое лично издржување и за профитот на неговиот газда. Значи, трудот на интелектуалните работници не е продуктивен затоа што не е вработуван од капитал и соодветно не произведува профит. Дефиницијата за продуктивен труд што ја дава Адам Смит е слична на Марксовата и дава одредени примери за непродуктивни работници: „На пример, владетелот со сите судски и воени службеници… и целокупната војска и морнарица… нивната служба, колку и да е чесна, колку и да е корисна, колку и да била потребна, не произведува ништо… Во ист ред се распоредуваат и свештениците, правниците, лекарите, луѓето од перо од кој било вид, комедијанти, музичари, оперски пејачи, играчи итн.“ Ако „здравјето е состојба на потполна психичка, физичка и социјална благосостојба“ (Андреј Штампар), тогаш не е можно здравството да се сврсти во категоријата на производствен труд којшто произведува вишок вредност односно профит. Но, здравствената политика во капитализмот е колку повеќе болни, толку повеќе пари има. Во услови на социјализам, здравството ја извршува својата превентивна функција, да ги лечи болните, да ги спречува болестите, и автоматски, другиот дел од здравството, оперативниот, се смалува, се намалуваат средствата потребни за тој процес, а со тоа и пациентите. Меѓутоа, по бесмислената логика на Савески, ние треба да ги сврстиме и здравствените односно интелектуалните работници во категоријата на продуктивни работници. За да бидат парадоксот и во исто време лицемерието уште поголеми околу Синдикалната повелба за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, дел од нејзините потписници се во суштина тие кои им ги одземаат работничките права, поточно барајќи минимална плата за своите членови тие го кратат најсветото работничко право – правото на целата додадена вредност на работниците во материјалното производство! Тоа се Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s