Одвратниот популизам на Горан Михајловски

Тезата на популистот Горан Михајловски е „како државата ќе ни ги троши парите што ќе ни ги земе од тој данок“ наспроти тезата на уште еден популист – министерот Тевдовски – „колкав ќе биде данокот и на која сума ќе се плаќа“.

Тезата на Горан Михајловски е длабоко анти-демократска, а таквата димензионираност произлегува од неговото погрешно сфаќање на поимот демократија. Г-дине Михајловски, демократија може да постои без политичари, тие не се незаменливи стручњаци по пракса на демократија!

Г-дине Михајловски, правото на твоите сограѓани да гласаат не е истото нешто што и нивното потенцијално право да ја практикуваат власта и наскоро или подоцна олигархиската природа на привидната демократија, уште нарекувана парламентаризам, станува очигледна поради недостатокот на 1) одговорност кај политичарите; 2) претставителноста на политичарите; 3) учеството на електоратот во политичките процеси.

Ќе треба многу години пред граѓаните да можат да отповикаат ненародни политичари кои ветуваа и реализираа амнестија за политичари инволвирани во најгрубо кршење на неприкосновеното право на живот на граѓани на Република Македонија (Хашките случаи). Македонските политичари заеднички одлучија да ги зголемат своите плати, платени од граѓаните, па кој ги спречи? Македонскиот парламент не го претставува населението во однос на возраст, пол и класа. Тоа е причина граѓаните да имаат ретко, ако не и воопшто, збор во одлуките на политичарите, коишто влијаат на нив и животите на нивните семејства. Главните спорни прашања како оданочување, спорот за името со јужниот сосед, се решаваат без да се повикува на јавното мислење. Тоа може да се случува само во парламентарен систем во којшто владеат професионални политичари, а не обичните луѓе.

Сето ова е неминовен резултат на избраните носители на одлуки, односно политичарите. Без разлика на тоа колку се добри намерите на политичките партии и нивните кандидати, нивната примарна цел е да победат и да ја одржат власта (за што сведочи 27 април), во најлош случај, за привилегии. Демократијата по дефиниција е и треба да биде во пракса владеење на обичниот народ, додека парламентаризмот е владеење на професионалните политичари.

„Вистинскиот муабет не е колкав данок ќе плаќаат богатите, а колкав сиромашните. Туку дали со тој данок државата ќе обезбеди квалитетно здравство, квалитетно образование, чист воздух за дишење и чиста вода за пиење, тротоари достапни за сите, безбедни улици, патишта и железници, ефикасен јавен превоз, ефикасна јавна администрација, војска, полиција, заштитено културно богатство, квалитетно творештво… И за сиромашните, и за богатите.“

Ова про-капиталистичко размислување на Горан Михајловски е на линија на владиниот економски советник Бранимир Јовановиќ кој пропагира „државна помош за приватниот сектор преку државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капитал“, мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд, и што толку повеќе живее, колку повеќе ќе исцица од него. Логиката на Горан Михајловски и Бранимир Јовановиќ е чисто лицемерие од типичен буржоаски морализам: Ќе го помагаме капиталот (мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд) со државни инвестиции во инфраструктура за непречен промет на капиталот, за да потоа, го даночиме капиталот за да му помагаме на трудот чиј животен сок веќе бил исцицан од капиталот-вампир!

„Револтот не е за тоа што треба да се плаќаат даноци. Револтот е затоа што плаќаат данок тие што се чесни и дисциплинирани за да може државата да си ги збогати партиските апаратчици. Оти власта се грижи само за партиските војници, а не за добробит на граѓаните.“, пишува Горан Михајловски.

Тогаш, ако власта се грижи само за партиските војници, а не за општо добро, револтот треба да биде против плаќањето даноци!!! Во случајот кога власта се грижи само за партиските војници, а не за добробит на граѓаните, „да се плаќат даноци е големо предавство. Одбивањето да се плаќаат даноци е примарна должност на секој граѓанин!“ (Маркс) Како министерот Тевдовски, така и новинарот Горан Михајловски мора да сфати колку е важно граѓаните да не плаќаат даноци!

Учени луѓе НЕ би плаќале повисоки даноци ако власта се грижи само за партиските војници, а не за општо добро! Тоа не се учени луѓе, туку глупи, многу наивни граѓани, г-дине Михајловски, а вие со вашиот одвратен популизам, сакате уште повеќе да ги зомбифицирате! Пишувате дека „Тие луѓе превагнаа кога се гласаше против Груевски. Ако продолжи расипништвото со наши пари, тие луѓе ќе превагнат и кога ќе се гласа против Заев.“ Тоа што расипништвото со народните пари од владините луѓе околу Груевски продолжи со расипништвото на тие околу Заев, зарем убедувањето да се плаќаат даноци не е вртење во круг!? Со каков мозок размислува овој одвратен популист со име Горан Михајловски!? Со кој резон тој сака цела Македонија да ја врти во круг!? Тоа ли е научно разгледување на проблемите!?

Не е можно државните службеници одговорно да се однесуваат со пари на граѓани кои со законска присила (читај: незаработено) им се одземени преку таканаречениот данок на додадена вредност и персоналниот данок од дури 50% од минималната плата на една шивачка!!! Само преку персоналниот данок на приход државата од една работничка која заработила во годината околу 260 000 денари инкасирала половина од таа сума за нејзините нефункционални, корумпирани институции кои на крајот нема да го присилуваат законот за минимална плата туку секогаш ќе бидат благонаклонети кон газдите.

Најдобар начин да се скрати непродуктивното трошење на народните пари е да им ги вратите парите на граѓаните! Укинете го данокот на додадена вредност, и ете им поевтини услуги и производи за граѓаните! Укинете го персоналниот данок за општите работници ако сакате искрено да ја намалите разликата меѓу богаташите и сиромашните!

Културата на владеење, однесување и размислување кај државните службеници никогаш нема да се промени, ниту ќе се промени преку ноќ, ниту за еден цел век! Зошто? Бидејќи „даночењето е материјална цицка од која се дои владата. Владата е алатка на угнетување, тоа се органите на авторитетот, тоа е војската, тоа е полицијата, тоа се службениците, судиите, министрите. Повикот да не се плаќаат даноци е напад од страна на анархисти против чуварите на поредокот, кои го чуваат материјалното и духовното производство на буржоаското општество од нападите на пролетерските варвари. Даночењето е петтиот бог, рамо до рамо со сопственоста, семејството, државата и религијата.“ (Маркс)

„Не сум сигурен дека ни треба јавна администрација од 140.000 вработени“, пишува Горан Михајловски. И сега, пак се враќаме на изворното, неискривено, оригинално значење на поимот демократија: правото на граѓаните да гласаат не е истото нешто што и нивното право да ја практикуваат власта! Или пак би можеле да ја преформулираме дефиницијата како: моето право да мислам не е истото нешто што и моето право да го применам своето размислување кое сметам дека е правилно, бидејќи во суштина гласањето е искажување политички став. Доколку не живеевме во олигархија, туку во демократија, тогаш секоја година заеднички ќе решававме за главни општествени проблеми кои не’ тангираат како: нивото на даночење, бројот на вработени во јавната администрација, измените во делот на буџетот што е наменет за образование, здравство, инфраструктура, одбрана, итн.

Овие прашања би се дебатирале од случајно одбрани граѓани и експерти на национални телевизии и потоа електронски гласани од гледачите. Софтверот за електронско гласање веќе го поседува Министерството за внатрешни работи. Компаниите „Хјулит-Пакард“ и шпанската фирма „Скај тел“ веќе имаат понудено целосен проект за воведување на електронското гласање во Македонија, односно гласачки машини, софтвер и друга неопходна опрема. Во демократијата луѓето се крајните носители на моќта. Тие гласаат за да се оданочуваат себеси и да му доверат буџет на демократскиот совет за да произведе бесплатни услуги.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s