До Таки Фити: Ниту државата е најголем работодавач ниту државата не може ефикасно да ги користи ресурсите

Факти за ултра-капитализам во Македонија

„Таму каде што владите претерано се инволвираат во економската активност, го истиснуваат приватниот сектор од сферата на инвестициите и оневозможуваат рационално и ефикасно користење на расположливите ресурси. Во пазарна економија носител на растот се претпријатијата, а не Владата“, изјавил Таки Фити и сугерирал заради зголемување на стапката на економски раст да се напушти моделот според кој Владата е најголемиот инвеститор во економијата и работодавач.

Но, вистината е 180 отсто спротивна на она што Таки Фити го тврди, ниту е точно дека владите истиснувајќи го приватниот сектор од сферата на инвестициите оневозможуваат рационално и ефикасно користење на расположливите ресурси, ниту пак е точно дека сега владата е најголем планер на економијата и соодветно работодавач.

Светот од 21 век гледа со воодушевување на кинескиот брз економист раст на суперсила под систем на „пазарен социјализам“, но заборава дека дури побрза индустријализација централизираниот планиран социјализам постигнал во Русија во текот на 1930-тите и 1950-тите години. За разлика од кинеската индустријализација, којашто е социјалистичка само по име, но капиталистичка во својата суштина, руската индустријализација под советските комунисти ги следела многу поблиску упатствата изложени во Маркс-Енгелсовиот Комунистички манифест: „Пролетаријатот ќе ја искорист својата политичка власт да го одземе постепено сиот капитал од буржоазијата, да ги централизира сите средства за производство во рацете на државата, односно, во рацете на пролетаријатот организиран како владејачка класа; и да ги зголеми вкупните производствени сили колку што е можно побрзо.“

Централизираната, државно поседувана економија воспоставена во СССР за време на доцните 1920-ти и раните 1930-ти години сега е стигматизирана како „сталинистичка“, но била совршено ортодоксно спроведување на Комунистичкиот манифест.

Факти за приватизираноста на Македонија изложени од левичарското движење „Солидарност“: приватниот сектор вработува 76% од работниците, учествува со 82% од вкупното производство и поседува над 99% од фирмите!

Ултра-капитализам! Извикува Левичарското движење. Но, не се работи за тоа кој сектор приватен или државен колкав удел има во производството туку за формата на производството, инаку алудирањето на ултра-капитализам вака може да го заблуди читателот дека се‘ што ни треба е поголема регулација наместо укинување на самото капиталистичко производство (капиталот, каматата и рентата).

Нерешливите дефекти на пазарната економија

Маркс во „понудата и побарувачката“ не гледа инструменти за „избегнување на кусоци и вишоци“, туку категории кои „кога се изедначат не решаваат ништо“, а претходно ги „објаснуваат само промените во цените над или под некоја извесна големина“ и друго ништо. Понатаму, „понудата и побарувачката постојано се надополнуваат, но никогаш не се изедначуваат… што на крајот доведува до криза.“ Цените не постојат за да одредат колку поединецот може да потроши, туку да се провери дали е утрошено општествено потребното работно време на производство на соодветните стоки. Тоа капитализмот го проверува преку цените а комунизмот преку ВРЕМЕНСКИТЕ НОРМИ ПОТРЕБНИ за производство на одредени производи кои се потребни за општеството.

Пазарните цени се непрецизна проценка на трошокот во вид на труд за да се произведе одредена стока, додека точните трудови вредности во комунизмот овозможуваат поточна проценка на трошоците. Капиталистот систематски ги потценува трошоците во труд – бидејќи плаќа само за дел од работниот ден, споредено со машинеријата чиј трошок го плаќа во целост. Со ова, капиталистите охрабруваат расипничка употреба на трудот и несоодветна употреба на машинеријата.

Еве уште еден дефект на пазарите што ги разобличува барањата за приватизација и дерегулација на пазарите за вода, струја, гас, комуналии итн. како економски неразумни барања, односно претпоставката дека слободните пазари ја изедначуваат цената со граничниот трошок што е целосна глупост (читај: ПАЗАРНИТЕ ЦЕНИ СЕ ГЛУПОСТ). Ако основните стоки како електрична струја, вода итн. се вреднувани од пазар за непосредна испорака, тоа ќе ја покаже нестабилноста на принципиелно повеќепазарната економија. А присилувањето на вреднување од пазар за непосредна испорака врз големи дистрибутери на услуги води кон ценовни шокови. И не само тоа, непосредното пазарно вреднување може да доведе до банкроти на дистрибутерите како NSW & Victoria во доцните 1990-ти години и Калифорнија во 2000. Овие фирми правеле загуби и на крајот банкротирале бидејќи пазарните цени не ги покриле нивните фиксни трошоци, а граничните трошоци биле најниски па профитот морал да биде поголем од нив за да ги покрие фиксните трошоци. Значи, мнозинството на фирми банкротираат ако вреднуваат по граничен трошок. Над 89 отсто од австралиските фирми покажале дека граничните трошоци или им опаднале или им останале постојани со промените во производството. И само четири од 200 претпријатија имале и флексибилни криви на побарувачка и растечки гранични трошоци. Па, според ова, мора да заклучиме дека барем основните услуги како струја, гас, вода, комуналии… не смеат да бидат оставени на нивна дистрибуција мотивирана за профит и раководена од трошковни минимизирања туку да се ПООПШТЕСТВИ понудата на овие основни услуги и стоки.

Пазарот служи како алокативна машина така ли? Но цикличното време му е бавно! И може да трае со месеци па и години! А до решението се доаѓа со физичко прилагодување на производството минус или плус! И постојано тежнее да излезе од колосек, да ја промаши метата! И секогаш прилагодувањата на пазарот се на сметка на работниците. Додека компјутерите може да предвидуваат цел во однос на што пазарот прашање е и дали некогаш ќе ја погоди. А производството со помош на компјутери може директно да се прилагоди на оваа цел. Но, за ова нужно е ПООПШТЕСТВУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО за да се има транспарентност во однос на податоците за трудовите вредности во секоја производствена единица. И цикличното време за пресметка од страна на компјутерите трае неколку часа а не години или месеци како во случајот со пазарот. Сеопфатното компјутеризирано планирање во услови на комунизам (општествена сопственост над производствени постројки и земја) ги прави твојата „теорија“ за врамнотежена понуда и побарувачка и заедно со се‘ буржоаските потрчковци – претприемачката класа, фосили од минатото, додека во исто време покажува дека Маркс и Енгелс имале право што верувале дека нови машини ќе бидат измислени што ќе доведат до социјализам. Таа Маркс-Енгелсова „нова машина што ќе доведе до социјализам“, според марксистите Кокшот и Котрел, е употребата на модерната информациска технологија плус работно-временско сметководство и вреднување.

Државата може рационално и ефикасно да ги користи ресурсите

Денес пресметковната технологија ги подобри можностите за планирање на стопанството од централно тело како државата. Таки Фити како и многу други пропазарни академици како него тврдат дека без пазар не би можело да се вреднуваат ресурсите и според тоа нема рационална основа за избор меѓу производствените алтернативи. Но, сепак, постои еден исклучок а тоа е употребата на трудови вредности како нова мерна единица за цената на производство. Еве и шематски приказ на планирањето кое ја дава основата за одговор на тврдењето на Таки Фити дека државата не може рационално и ефикасно да ги користи ресурсите:

tumblr_noqz45q0Q21rldhmro1_1280

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s