Корбин ќе заврши во Домот на лордовите!

71hGGdjHPEL._SY450_

Интервјуто на Ендру Мер со Корбин е значаен во тоа што го открива постепеното преместување кон десницата од страна на лидерот на лабуристите. Три аргументи за тоа се истакнуваат: отфрлањето на Клаузата 4, отфрлањето на феминизмот и прифаќањето на целта за континуирана слободна трговија со ЕУ.

Бил прашан од Мер дали тој поддржува одново посветување на лабуристичката партија кон изградба на социјализам со повторно користење на фразата за јавна сопственост над средствата за производство во партиската програма. Корбин одговорил Не, тој бил сосема среќен со новиот нацрт на партиската програма иницирана од Тони Блер.

Клаузата 4 била важна како посветеност на социјализмот. Имало огромна симболика кога Блер ја отстранил за да ја замени со ублажувачка фраза за општа цел. Оригиналната фраза всушност било едно од најдобрите концизно објаснување за социјализмот што би можеле да го дадете. Поентата околу Клаузата 4 не е дали парламентот би бил средството за да се спроведе социјализам. Сидни Веб, Атли, Тони Бен, сите тие би се согласиле со тоа. Прашањето е дали лабуристичката партија го смета за своја цел преносот на средствата за производство, распределба и размена во јавна сопственост. Ако сте посветени на тоа, барем формално, вие сте социјалистичка партија. Ако ја отстраните, вие сте капиталистичка партија. Она што Корбин го предлага за одредени политики можеби е подобро од Блер, но тој е далеку од тоа да биде радикален како Атли или дури Харолд Вилсон.

Другиот аспект е многу контроверзен бидејќи лабуристичката партија им дозволи на мажите кои тврдат дека се жени да се најдат на изборните листи на жени за парламентарни кандидати. Се разбира, постои негодување околу ова од феминистите во лабуристичката партија. Партијата суспендира една долгогодишна феминистичка активистка, Џенифер Џејмс, бидејќи реално изјавила дека жените немаат курови.

Во интервјуто, веднаш откако го прифатил отстранувањето од Блер на Клаузата 4, Корбин бил прашан дали тој ги поддржува неговите феминистички сојузници во левицата, вклучително Линда Белос и други кои се обидувале да ги бранат изборните листи кои вклучувале само жени, тој ги отфрлува. Според тоа, ние имаме отфрлање на социјализмот и феминизмот во брз след.

Корбин не вели само дека на оние кои имаат сертификат за признавање на родот под Актот на признавање на родот од 2004 година, треба да им биде дозволено да бидат дел од изборните листи кои вклучуваат само жени. Ова е веќе така. Овие луѓе ќе мора да се подложат на хормонални и хируршки промени што стои како барање во актот. Наместо тоа, тој вели дека било кој маж кој се изјаснува како жена мора да биде прифатен како таков, без разлика на тоа дали тие подлежиле на медицински зафати и имале медицинска дијагноза што стои како барање во актот од 2004 година.

Ова е тоа на коешто феминистите во лабуристичката партија приговараат, повикувајќи се на законот. Корбин застанал на страната на овие мажи наместо на феминистите.

Тие се мажи кои претендираат дека се женски особи, според тоа, јасно е што се тие, и поради тоа, феминистките од лабуристичката партија имаат право да приговараат. Мора да се има способност за правање разлика меѓу актерот и улогата. Хелен Мирен го презема ликот на кралицата, но таа не е кралицата. Феминистките во лабуристичката партија приговараат дека поминувајќи толку многу препреки во обидот да ги реализираат овие изборни листи кои вклучуваат само жени, тие не сакаат мажи да ги преземат нивните места на овие листи. Ако трансвестите сакаат резервирани места, тие треба да водат кампања за удел во листата на мажи да биде сведена и резервирана за нив во сразмер на нивниот дел од населението. (Cross-dresser – те жени и мажи обично се задоволни со билошкиот пол и не сакаат да го менуваат. Cross-dressing-от е форма на родово изразување и не е нужно поврзано со сексуалната ориентација или еротските активности. Повеќето cross-dresser–и се со хетеросексуална ориентација и овој термин не би требало да се употребува за личност која го променила полот или сака да го направи тоа во иднина.)

Корбин потоа изјавува дека сака да биде посветен на слободно-трговска зона со ЕУ. Но, еден од условите за таква слободно-трговска зона на којашто ЕУ ќе настојува, е да Велика Британија да се однесува според правилата на конкуренција поставени од ЕУ. Во минатото, Корбин бил внимателен во однос на овие правила, со право сфаќајќи дека тие би попречиле социјалистичка интервенција во рамките на стопанството на Велика Британија. Но, тој предводи парламентарна партија којашто доминантно е анти-социјалистичка, регрутирана откако Блер ја отстрани Клаузата 4, и доминантно за единствен европски пазар. Кејт Хој, која беше интервјуирана на ITV истото утро изјави дека блеристичкото крило на лабуристичката партија, сфаќајќи дека тие нема да можат да го поразат Корбин на демократска трка, сега го користат прашањето на Европската Унија за да го соборат. Изгледа дека тие добро напредуваат.

„Ако постои опасност од избивање војна, должност е на работничката класа и нејзините парламентарни претставници во замешаните држави поддржани со координирачката активност на Меѓународното социјалистичко биро да дадат сè од себе за да спречат избивање на војна со помош на она што тие го сметаат како најефективно средство, што се разбира варира според заострувањето на класната борба и заострувањето на општата политичка ситуација.

Во случај на неизбежно избивање на војна, нивна должност е да интервенираат во прилог на што поскорешно завршување на војната и со сите нивни сили да ја искористат економската и политичката криза создадена од војната да го кренат на востание народот и со тоа да го забрзат падот на капиталистичкиот класен режим.

Повеќе од било кога, неодамнешните настани му ја наметнаа на пролетаријатот должноста да ја посвети сета своја сила и енергија кон планирана и координирана акција. На една страна, општата тенденција кон вооружување ја зголеми високата цена на живеење, и оттука ги интензивира класните антагонизми и создаде кај работничката класа неприкосновен бунтовнички дух; работниците сакаат да стават крај на овој систем на паника и деструкција. На друга страна, постојано обновувачката атмосфера на војна има сè повеќе охрабрувачки ефект за агресија. Големите европски народи постојано се на прагот да бидат доведени едни против други, иако овие обиди се против човештвото, а причина за меѓусебно завојување не може да се најде дури под најмало оправдување за тоа дека отпочнувањето на војна е во интерес на народот.“

Ова е текстот на којшто се усогласиле социјалистичките партии на Меѓународниот социјалистички конгрес од 24-25 ноември 1912 година во Базел. И што се случи во 1914 година? Со исклучоци на социјалистичките партии во Русија и Србија, сите тие ги поддржале сопствените национални буржоазии и воени касти, и како последица на тоа, милиони луѓе погинале!

Ништо не изненадува фактот што Корбин се откажал од социјализмот. Политичките партии се појавуваат со капиталистичкиот начин на производство и како што историјата покажа, тие се меѓу многуте политички институции кои делуваат како им „свири“ капиталистичкиот начин на производство. Она што би нè изненадило е тоа ако Корбин продолжи да поддржува национализации. Сигурни сме дека тој ќе заврши во Домот на лордовите!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s