Коментар околу замрзнувањето на членството на Бранимир Јовановиќ во Левица

61829374Како една од клучните владини мерки поради која Левица му го замрзна членството на економскиот врколак Бранимир Јовановиќ (не знам зошто Левица уште глуми почит кон политичка коректност на типична буржоаска партија и не го укина неговото членство!) се наведува „отворената законска „дупка“ за манипулација при исплатата на минималната плата, преку нерегулирањето на нормираниот учинок“.

Јас уште од почетокот на мандатот на Заев и работата на Тевдовски и Јовановиќ обвинував дека никаков закон за минимална плата нема да осигури целосна исплата на таа минимална плата – поради две круцијални причини: 1) корумпираните институции на државата во класна сервилност спрема богаташите и 2) самото приватно производство како диктатор на тоа каква ќе биде економската политика на една влада, макар нека таа се нарекувала и „комунистичка“. Аргументите зад овие две круцијални причини за предвидливиот неуспех на законот за минимална плата досега ги дадов во многубројните мои статии против Тевдовски, Јовановиќ и Анѓушев.

Тоа што Левица толку многу настојува да се пополни „законската дупка“ зборува многу за самите нив колку тие гаат илузии околу тоа дека една политичка надградба од сериозно ангажиран социјалдемократски профил може да командува над една капиталистичка економска база. Дури и да се пополни таа „законска дупка“ и дури да нема опасност од преселба на капиталот во странство, да нема обиди од газдите преку интензивирање на процесот на труд да го компензираат губитокот, сепак, државата е тука која настапува како колективен капиталист наспроти работниците преку своите мноштво даноци. Само преку персоналниот данок на приход државата од една работничка која заработила во годината околу 260 000 денари инкасирала половина од таа сума за нејзините нефункционални, корумпирани институции кои на крајот нема да го присилуваат законот за минимална плата туку секогаш ќе бидат благонаклонети кон газдите.

Сите овие ѓаволштини на патот кон „фер и праведна работничка плата“ произлегуваат од нетангираното наемно ропство. И затоа велам дека кога Левица толку инсистира на кристално добар закон за минимална плата таа всушност се дискредитира себеси како левичарска партија, индиректно прифаќајќи ја судбината на работниците да се дават во калта на наемното ропство. Доколку Левица навистина сака не само формално да се одбрани од владините мерки потстректнати од економистите Тевдовски и Јовановиќ, туку и суштински да се ослободи од дискредитирачките пранги на бранимиризмот, мора да бара од политичките субјекти во парламентот во име на уставно дефинираната социјална држава, укинување на персоналниот данок на приход само за работниците, а во својата долгорочна политичка и програмска агенда да си ја постави целта за укинување на наемното ропство од кое произлегуваат сите овие ситно-буржоаски игри на морално лицемерие околу изнаоѓање на добар закон за минимална плата.

Што се однесува до втората причина на замрзнувањето на членството на Бранимир Јовановиќ со владината мерка на „предлог-Буџетот на Министерството за финансии за 2018 год. којшто структурно не се разликува од буџетите на Режимот, кога министер за финансии беше Зоран Ставрески“, Левица никаде во својата изборна програма за 2016 година нема предвидено укинување на данокот на додадена вредност, и затоа во најмала рака е безобразно од страна на партијата да му забележува на Бранимир Јовановиќ за анти-работничкиот економски профил кога и самите тие не го ставиле укинувањето на ДДВ-то во нивната дневна политичка агенда.

Чудно е што една левичарски демонстрирана партија му забележува на свој член кој има можност да пробиевво дебелиот череп на министерот за владината мерка со „укинувањето на даночните ослободувања за ситните земјоделци“. Не само што земјоделците треба да се даночат како би се задушило приватното индивидуално производство, туку една силно профилирана левичарска партија би барала здружување на земјоделскиот труд под еден заеднички свесен план на стопанисување, бидејќи само од задругите и поопштественото земјиште може да настане конкурентно земјоделие на европското, руското, украинското итн. Да се даваат даночни олеснувања за ситното стоковно производство не само што е анти-социјалистичка мерка, но тоа би било лудост од волунтаризам да се пренебрегнуваат придобивките од материјалните производствени сили кои ја даваат економската база за комунистичка организација на руралните средини. Ситните земјоделци никогаш нема да можат да ги применат научно-техничките достигнувања во земјоделството, освен во задруги и национализирана земја, и според тоа никогаш нема да можат да бидат конкурентни на европскиот или рускиот пазар на земјоделски производи. Ете, капитализмот на село и толку жестоката амбиција за денационализација дојде до степен повторно да се бара национализација на земјиштето и соодветно задругарство на ситните земјоделци.

Лицемерно и чист популизам од квазилевичарство е од страна на Левица да му забележува на Бранимир Јовановиќ за владината мерка со „воведувањето на физичките лица, во најголем број прекарни работници и хонорарци, како ДДВ обврзници и сл.“, кога таа никаде во својата изборна програма за 2016 година не предвидела економска мерка на укинување на ДДВ-то. Да се бара укинување на ДДВ-то за физичките лица а да се превидува ДДВ-то за капиталистичките фирми е за сериозна критика спрема Левица како левичарска партија. Во една претходна статија, ние го нарековме ова секундарна експлоатација од страна на државата како колективен капиталист наспроти работниците, покрај примарната со самото извлекување на вишокот на вредност од работниците од страна на газдите преку нивното право на приватно поседување на фабриките и земјата. Работничкиот таксират се состои што поради ДДВ-то за капиталистичките фирми наметнат од државата работниците мораат сега да плаќаат поскапи услуги и стоки, бидејќи ДДВ-то се префрла во цената на производството на овие услуги и стоки и низ механизмот на пазарното стопанисување одново по втор пат се експлоатираат широките работнички маси.

Левица бара од министерот Тевдовски и од неговите советници, доколку себеси сè уште се декларираат за социјалдемократи, да престанат да ги празнат џебовите на работниците, а L’Ami du Peuple бара од Левица и од нејзиниот таканаречен Президиум, доколку уште се нарекуваат левичари, да престанат да шират квазисоцијалистичка магла на конфузија околу вистинското значење на социјалистичка организација на едно стопанство, за сметка на укинување на бранимиризмот во нивната сопствена изборна програма.

Advertisements

3 thoughts on “Коментар околу замрзнувањето на членството на Бранимир Јовановиќ во Левица

  1. Мислам дека маааалку се дисконектирате со реалноста што ни се случува. Маааааалку – ама нема контакт.
    Инаку – многу интересно.

    • Реалноста е за работниците, која не ги тангира уопште кабинетските егзекутори на волјата на капиталистичката класа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s