Весна Дамчевска личниот новинар на Кочо Анѓушев

Vesna-Damceska-640x964

Во колумната „Профил-Кочо Анѓушев: Сергеј Бупка во бизнисот“, новинарката Весна Дамчевска пишува дека „Анѓушев има и други бизниси што му носат многу пари“, а во друга колумна насловена „За себе газди, за вработените – робовладетели“, каде таа генерално ги напаѓа македонските газди, прашува: „А од каде заработија толку многу пари? Јасно – од работниците! Работниците им купија автомобили, им направија палати, ги однесоа на скапи патувања.“

Новинарката Весна Дамчевска треба да се одлучи дали газдите сами го ствараат богатството или го крадат од потплатениот труд на работниците. (Едно лице е економски експлоатирано ако тоа добива назад помалку паричен приход за еден час работа од вредноста додадена по еден работен час.) Или Анѓушев не краде, само сите други газди крадат! Или само текстилните газди крадат! А што со таквите случаи каде текстилни газди им исплаќаат на работниците плати не помали од 18 000 ден. и кои достигаат до 400 евра? И според тоа, сега, на чудесен начин, за новинарката, газдите престанале да бидат експлоататори оти дале плус 200 евра плата?! А тоа што извлечиле 5 милијарди евра профит од државата за една година?!

Понатаму новинарката Весна Дамчевска пишува „Како прва работа што сакаше да ја покаже Анѓушев е дека ова не го работи за пари.“

Постои реален судир на интереси во новата влада! На пример, составот на новата влада избран на 31 мај беше објавен во службениот весник бр. 65 од 1 јуни. Само една страница подолу има одлука на регулаторната комисија за енергетика, донесена на 31 мај, односно ден пред изборот на новата влада. Станува збор за привремена дозвола за производство на струја на мала хидроелектрана чиј косопственик е Кочо АНЃУШЕВ. Во службениот весник бр. 66 од истиот 1 јуни е објавено дека ден пред изборот на новата влада Регулаторна објавила статус на повластен производител на електрична енергија на друга хидроцентрала каде Анѓушев повторно е косопственик. Ова е типична буржоаска игра со која е изигран законот бидејќи Регулаторната комисија ги донела одлуките за доделување дозволи за бизнисите на Анѓушев да оперираат пред овој буржоаски врколак да стане вицепремиер, бидејќи ако овие одлуки беа донесени два дена подоцна ќе можеше да се покрене кривична постапка.

Новинарката Весна Дамчевска продолжува: „Својата плата од 81.000 денари, половина ја дава на социјално загрозени семејства, а половина за стипендии на студенти од технички науки.“ Но, вистинското прашање е колку од „своето“ лично богатство дал за такви категории на граѓани? А не да се фали дека дава од буџетот на Република Македонија!!! И јас така можам да изигравам филантроп!

Новинарката Весна Дамчевска пишува дека „она што е најважно во моментов е колку и како Анѓушев ќе стане „мост“ меѓу бизнисмените и Владата“ Па, ете, станал еден таков мост меѓу бизнисот и политиката, докажав погоре дека ги добил лиценците за хидроелектраните непосредно пред да стане вицепремиер, поточно два дена пред да биде назначен на таа „функција“. И сега, со новиот закон за енергетика тие лиценци ќе преминат во трајна сопственост на „господинот“ Анѓушев!

„Секогаш, кога се обидува законодавството да ги регулира споровите меѓу претприемачите и работниците, претприемачите му се советници“, вели класичниот економист Адам Смит, но денешните „моралисти“ велат друго. Тие ја молат власта и синдикатот кои се кукли на плутократите да интервенираат во прилог на оние против кои овие плутократи ги инсталирале водачите на власта и синдикатот. Дијагноза: идеолошка шизофренија кај левицата.

Новинарката Весна Дамчевска пишува уште подрско: „Ако Анѓушев е добар и ако знаеше за себе, тоа е потенцијална можност да биде добар и за националната економија.“

Како може капиталист кој грабал од работниците да биде добар за националната економија? Ако тој треба да биде добар за националната економија, тогаш тоа значи дека тој треба да стане сега социјалист! Нели, волкот никогаш не ја менува ќудта и сега, одеднаш, очекувате Анѓушев да ги смени размислувањата во својата глава и да не мисли за себе, туку за целото општество! Ако беше така, тогаш тој ќе се задоволеше само со 1 милион евра, а не да акумулира уште 27 милиони евра колку што пријавил дека поседува. Ако беше така, тогаш тој немаше да ги злоупотреби своите протекции кај владата за да му овозможи лиценци два дена пред да стане вицепремиер како би се избегнало скандал со судир на интереси и соодветно кривично гонење! Но, се разбира, Анѓушев се водел по ирската поговорка: „Имаш ли протекции лошо за тебе, ги немаш ли, уште полошо за тебе!“

Капиталист како Анѓушев не може да биде добар за националната економија! Мора да се размислува за ова од тоа како се станува капиталист. Во нашето денешно општество приватната сопственост е укината за девет десеттини од самите капиталисти; таа токму за тоа и суштествува зашто не суштествува за девет десеттини. Кој со категориите на политичката економија ја гради зградата на некој идеолошки систем, тој ги разединува членовите на општествениот систем. Тој тогаш секој член на општеството го преобразува во одвоено општество, а потоа овие одвоени општества истапуваат едно по друго. И вие сега очекувате еден двоножен волк како Анѓушев да биде добар за националната економија?!

Новинарката Весна Дамчевска пишува дека „Личните успеси на Анѓушев се големи“, а во една друга колумна заклучува: „Работниците им купија автомобили, им направија палати, ги однесоа на скапи патувања.“

Сепак, покажав погоре дека тие работници дури и да биле платени со плус 200 евра, тоа немало да им ја промени положбата на наемни робови или модерни хелоти, бидејќи истите тие фирми кои плаќаат плус, изнесуваат од државата профит од милијарди евра!

Имотот на Анѓушев вреден 28 милиони евра не е негов личен успех. Капиталот е заеднички производ и може да ce стави во движење само со заедничка акција на многу членови на општеството, a во крајна линија, само со заедничка акција на сите членови на општеството, на работничката класа.

„Откако дојде на позицијата вицепремиер, за да не постои судир на интереси, Анѓушев се тргна од управувачката структура на своите компании.“ …. , и владата му додели лиценци а потоа и законска можност за трајна сопственост над хидроцентралите.

Новинарката Весна Дамчевска пишува како да е сосема кул идеја без трошка критичка мисла: „Анѓушев има значителен придонес во отворањето на едно ново поглавје – либерализација на пазарот на струја.“

Ако основните стоки како електрична струја, вода итн. се вреднувани од пазар за непосредна испорака, тоа ќе ја покаже нестабилноста на принципиелно повеќепазарната економија. А присилувањето на вреднување од пазар за непосредна испорака врз големи дистрибутери на услуги води кон ценовни шокови. И не само тоа, непосредното пазарно вреднување може да доведе до банкроти на дистрибутерите како NSW & Victoria во доцните 1990-ти години и Калифорнија во 2000. Овие фирми правеле загуби и на крајот банкротирале бидејќи пазарните цени не ги покриле нивните фиксни трошоци, а граничните трошоци биле најниски па профитот морал да биде поголем од нив за да ги покрие фиксните трошоци. Значи, мнозинството на фирми банкротираат ако вреднуваат по граничен трошок. Над 89 отсто од австралиските фирми покажале дека граничните трошоци или им опаднале или им останале постојани со промените во производството. И само четири од 200 претпријатија имале и флексибилни криви на побарувачка и растечки гранични трошоци. Па, според ова, мора да заклучиме дека барем основните услуги како струја, гас, вода, комуналии… не смеат да бидат оставени на нивна дистрибуција мотивирана за профит и раководена од трошковни минимизирања туку да се ПООПШТЕСТВИ понудата на овие основни услуги и стоки.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s